2014 УНГАРИЈА ГП: ВТОРИОТ ТРЕНИНГ ПОТВРДИ, МЕРЦЕДЕС АМГ Е НАЈГОЛЕМИОТ ФАВОРИТ ЗА ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА И ПОБЕДАТА!!!

По само 5 дена од трката во Германија, тимовите ги комплетираа двете петочни тренинг сесии за Големата Награда на Унгарија. Очекувано, во толку мал период не може да се очекуваат големи промени, па така доминацијата на Мерцедес АМГ е нормална работа. Попладнево најбрзото време повторно го имаше Луис Хамилтон.
Времето беше сончево со амбиентални температури околу 26-от степен и 54 степени на патеката. Ф1 тимовите работеа на подготовки на болидот за трка и се навикнуваат на сет-ап без FRIC-амортизациониот систем, кој е забранет.
Неколку возачи имаа излетувања надвор од патеката, но без некој посериозен инцидент. Долгите стинтови, т.е. симулацијата на трка, повторно го ставаат Мерцедес АМГ во добитна комбинација, и ако немаат технички проблеми, сигурно освојуваат 1-2 Победа. Борбата за останатите места ќе ни биде појасна по утрешниот ден.
Утре не очекува Саботниот тренинг во 11:00 СЕТ/МК и Квалификациите кои започнуваат во 14:00 часот.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:24.482 38
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:24.720 + 0.238 38
3. Себастијан Ветел Ред Бул 1:25.111 + 0.629 33
4. Фернандо Алонсо Ферари 1:25.437 + 0.955 26
5. Кевин Магнусен Мекларен 1:25.580 + 1.098 34
6. Кими Раиконен Ферари 1:25.730 + 1.248 30
7. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:25.983 + 1.501 29
8. Валтери Ботас Вилијамс 1:25.999 + 1.517 37
9. Џенсон Батон Мекларен 1:26.234 + 1.752 33
10. Фелипе Маса Вилијамс 1:26.402 + 1.920 18
11. Дањил Квјат Торо Росо 1:26.689 + 2.207 42
12. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:26.703 + 2.221 37
13. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:26.789 + 2.307 39
14. Адријан Сутил Заубер 1:26.919 + 2.437 41
15. Серџо Перез Форс Индија 1:27.015 + 2.531 39
16. Пастор Малдонадо Лотус 1:27.019 + 2.537 40
17. Роман Грожан Лотус 1:27.021 + 2.539 14
18. Естебан Гутиерес Заубер 1:27.480 + 2.998 32
19. Камуи Кобајаши Катерам 1:28.370 + 3.888 35
20. Жил Бјанки Марусија 1:28.469 + 3.987 26
21. Макс Чилтон Марусија 1:28.586 + 4.104 35
22. Маркус Ериксон Катерам 1:29.036 + 4.554 34
Првиот тренинг за Големата Награда на Унгарија заврши со Луис Хамилтон на чело на табелата на најбрзите времиња, следен од својот тимски колега од Мерцедес АМГ. Сребрените стрели повторно доминираат, Ферари повторно со трето најбрзо време, но сега со Кими Раиконен. Оваа сезона секој почеток на тркачкиот викенд ни носи очекувани резултати кога немаме дожд на патеката. Очекуваме повеќе возбудувања за време на вториот тренинг, кој започнува во 14:00 часот.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:25.814 27
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:25.997 + 0.183 31
3. Кими Раиконен Ферари 1:26.421 + 0.607 29
4. Фернандо Алонсо Ферари 1:26.872 + 1.058 23
5. Себастијан Ветел Ред Бул 1:27.220 + 1.406 28
6. Кевин Магнусен Мекларен 1:27.357 + 1.543 28
7. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:27.683 + 1.869 30
8. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:27.782 + 1.968 16
9. Џенсон Батон Мекларен 1:27.804 + 1.990 27
10. Фелипе Маса Вилијамс 1:27.960 + 2.146 24
11. Естебан Гутиерес Заубер 1:27.967 + 2.153 25
12. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:28.101 + 2.287 28
13. Дањил Квјат Торо Росо 1:28.208 + 2.394 32
14. Пастор Малдонадо Лотус 1:28.266 + 2.452 28
15. Валтери Ботас Вилијамс 1:28.330 + 2.516 21
16. Серџо Перез Форс Индија 1:28.376 + 2.562 24
17. Роман Грожан Лотус 1:28.593 + 2.779 24
18. Адријан Сутил Заубер 1:29.025 + 3.211 23
19. Камуи Кобајаши Катерам 1:30.363 + 4.549 30
20. Маркус Ериксон Катерам 1:30.892 + 5.078 24
21. Макс Чилтон Марусија 1:31.004 + 5.190 5
22. Жил Бјанки Марусија 1:31.248 + 5.434 20
Поврзани содржини