M
Mario Gómez
Гостин
Германскиот магазин Ауто, мотор унд шпорт се надоврза на приказната стартувана од Џанкарло Минарди и италијанскиот магазин Аутоспринт и пренесува изјава од Фетел дека тие работат и на унапредување на системот. Според овој медиум, станува збор за комплексно мапирање на работата на моторот, со што се создаваат ефекти на забранетиот систем за контрола на тракцијата, како на пример работен режим на само четири од осумте цилиндри на моторот.
- Сигурен сум дека во следните трки ќе го подобриме системот и ќе имаме уште поголеми придобивки. Никој нема да сфати како сме го направиле тоа,- рекол трикратниот шампион за репортерите во Кореја, што беше пренесено и од официјалната веб страна на првенството.
Derbi.mk