Формула 1 - сезона 2013

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
Ферари носи ново предно крило во Монца со детали многу слични како тоа на Лотус.Вертикалните дефлектори што се гледаат на сликата многу наликуваат на лотусовите,а дали е тоа дело на свежо превземениот инженер Алисон(порано беше член на Ферари пред да замини во Лотус)

nuovfw.jpg
 
Ферари носи ново предно крило во Монца со детали многу слични како тоа на Лотус.Вертикалните дефлектори што се гледаат на сликата многу наликуваат на лотусовите,а дали е тоа дело на свежо превземениот инженер Алисон(порано беше член на Ферари пред да замини во Лотус)

Мислиш обратно:)

Алисон почнува со работа после Монца, сигурно ова не е негово дело.
 
Ферари лабаво ке победи на тркава во Италија,освен ако не се деси некој проблем како лани на квалификациите:)
 
Мерцедес ќе бидат опасни во Монца и покрај слабата трка во белгија.Имаат добар пакет а посебно мотор за ова трка
 
Во иднина Европа ќе има све помалку трки на сметка на останатиот свет,пред све земјите со брзорастечка економија
 
РБ го окупира првиот ред, Хулкенберг трет :eek:, Шпионот петти, Лотусите и Луис заебаа работа. Утре само дождот може да ја закашка работата, ама се' ми се чини дека Себ ќе го зададе завршниот удар ..
 
Колку ли само тој Ред Бул е силен и супериорен... На Ферари му претои долга работа Сингапур со висока потисна сила
 
Жално, но вистинито - Отиде возот на конкурентите. Кога на тркачки патеки како Монца и Спа конкуренцијата не успеа да му се доближи на Себ, тогаш во Азија може само да и' дадат еден kiss goodbye на титулата. Таму и преку 15 секунди ќе прави разлика малиот. Ништо од сезонава, бетер ќе испадне од 2011та. Догодина можеби повеќе ..
 
Според мене,можеби и подпросечна трка денес на Монца...Едноставно биковите се пребрзи за Ферари.
Прв стартен ред за нив,Фетел си стартуваше како што треба,Вебер го покриваше,затоа падна на 4та позиција,ама тимското си го одработи.
Се виде дека присуството на Хулкенберг,во вториот ред ке биде проблем(не неговото поминување).Стартот на Алонсо беше како од катапулт,да беше поблизу до Фетел,со тој старт гарант ке беше пред него.
И не ми беше јасно зошто после боксот на Фетел,го задржаа Алонсо уште 3-4 кругови на стари гуми,тогаш загуби 2-3 секунди Алонсо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom