Формула 1 Сезона 2011

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување

M1K1 007

не у еу
Член од
7 јули 2009
Мислења
1.796
Поени од реакции
571
Локација
Ул. Темница Бр. Не се гледа
На големо се работи во Маранело

Маранело работи под полна пареа! Најавите на италијанските медиуми од северна Италија говорат дека деловите за новиот болид се составуваат во фабриката, а познато е исто така и името на новата шасија, која ќе ја носи ознаката - 288.
ferrari-garaza.jpg

Рокот за презентирање на F11 е познат, а инжињерите и механичарите се наоѓаат во раната фаза на составување на болидот. Според најавите за презентација на болидот, момците во Маранело имаат уште две недели за завршување на работата.
Следниот голем чекор ќе биде официјалната презентација која ќе се одржи токму во фабриката. Според некои медиуми истото ќе се случи на 27 Јануари, но од италијанскиот тим сеуште нема конкретен датум за откривање на болидот од чаршафите.
Но доколку инжињерите и механичарите имаат полни раце работа, истото не може да се каже и за возачката екипа на Ferrari. Алонсо, Маса и тест возачите Физикела, Бјанки и Гене, во Понеделник треба да се „најдат“ во Мадона ди Кампиљо, на традиционалнио WROOM настан. Трките по мраз, скијањето, бордањето и останатите традиционални зимски обичаји со возачите на MotoGP тимот на Ducati, официјално ја одбележуваат секоја нова сезона за црвените тимови од Италија.
Секако, сите потајно го очекуваме и дуелот помеѓу Фернандо Алонсо и Валентино Роси, кои ќе возат Fiat Panda 4x4.

http://pitstop.com.mk/index.php?opt...-se-raboti-vo-maranello&catid=34:f1&Itemid=28

Ќе биде интересна оваа сезона.Едвај чекам да дое 28 официјалниот датум за презентирање на новиот „спејсшатл“ на Ферари.Сепак не треба да се потценуваат конкурентите,така да мирно ќе си ја дочекам првата трка.
 
McLaren касни со развојот на болидот... ќе ги пропуштат тестирањата во Валенсија, и многу веројатно е да го направат првиот тест на тренинзите во Бахреин. Не е ништо страшно или незнам што, единствено што може да излезе како последица е откажување на мотори т.е. проблеми со издржливоста на болидот. Нешто слично лани му се случи на Ред Бул, па во првиот дел од сезоната ги немаше никаде....
 
Ја како што знам лани ферари имаше проблем со моторите во првиот дел од сезоната мораа често да ги мењаваат и на алонсо му рикна мотор во трка. РБ немаше проблеми во првиот дел така ме држи сеќавање :toe:
 
Aj потсети се шо се дешаваше во Австралија и Бахреин со Фетел :)
 
Aj потсети се шо се дешаваше во Австралија и Бахреин со Фетел :)
За Бахреин мислам дека беше кабел за свеќица а Австралија не ми текнува ама мислам дека се удри со некој. Мислев на проблем со моторот се не се покажа лошо моторот на рено и затоа не претрпе модификации за разлика од моторот на Ферари кој после секоја трка имаше проблеми мислам дека беше напукнување на клиповите или нешто слично не ме држи за збор па мораа да го решаваат тој проблем да прават нов мотор. Значи не е чудо да се јави грешка на тркачки мотор лошо кога се јавува секоја трка тогаш може да се каже дека моторот има грешка во конструкцијата.
 
McLaren касни со развојот на болидот... ќе ги пропуштат тестирањата во Валенсија, и многу веројатно е да го направат првиот тест на тренинзите во Бахреин. Не е ништо страшно или незнам што, единствено што може да излезе како последица е откажување на мотори т.е. проблеми со издржливоста на болидот. Нешто слично лани му се случи на Ред Бул, па во првиот дел од сезоната ги немаше никаде....
Од кај го ископа ова?

Ќе возат и во Херез и во Валенсија. Во Херез со ланскиот болид, во Валенсија со новиот.
 
За Бахреин мислам дека беше кабел за свеќица а Австралија не ми текнува ама мислам дека се удри со некој. Мислев на проблем со моторот се не се покажа лошо моторот на рено и затоа не претрпе модификации за разлика од моторот на Ферари кој после секоја трка имаше проблеми мислам дека беше напукнување на клиповите или нешто слично не ме држи за збор па мораа да го решаваат тој проблем да прават нов мотор. Значи не е чудо да се јави грешка на тркачки мотор лошо кога се јавува секоја трка тогаш може да се каже дека моторот има грешка во конструкцијата.

моторот на рено го чепнаа мислам во 2009 оти беше претерано слаб и немаше мислам издржливот така и во случајот со Ферари а и на Ферари моторот во 2010 имаше проблеми со ладењето и тоа го средија со дозвола на ФИА значи кога можеше Рено така направи и Ферари

Од кај го ископа ова?

Ќе возат и во Херез и во Валенсија. Во Херез со ланскиот болид, во Валенсија со новиот.

така е
 
Од кај го ископа ова?

Ќе возат и во Херез и во Валенсија. Во Херез со ланскиот болид, во Валенсија со новиот.
f1.com... од кај да го ископам на друго место :)

Со оглед дека планираат да го извадат новит болид на 4-ти февруар, а тестирањето во Валенсија завршува на истиот ден.... доаѓаме до моментот дека во Херез ќе се вози стариот болид, додека и во Валенсија ќе се вози стариот... и никој не знае каков ќе биди новиот, а ќе имаат малку време за поддесувања и подобрувања ако нешто не е како што треба.
 
финтата изгледа им е да видат конкурентите шо ќе понудат (а тие се кријат како пи*ки) и ке вграделе некои иновации или не знам шо како со Ф каналот ама се надевам дека ќе им ги забранат ако се на граница на легалноста

пак си го бараат изгледа
 
Јас би рекол доминација на Мекларен. Памтете ми го постов, ќе правиме муабет ;)

И само да се поправам: Прво тестираат во Валенсија, па потоа во Херез.
 
рано е за прогнози има скоро 2 месеци време до почетокот
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom