Формула 1 сезона 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
Феноменална трка. Ова е тоа што и недостигаше на Формула 1 изминатите неколку години.

Батон потсети на стартот од минатата сезона. Секоја чест за одлуката да менува гуми за суво кога другите не ни помислуваа на тоа. Ризикот му се исплатеше и до крајот немаше никакви проблеми.

Кубица некако од сенка дојде до втората позиција и оствари огромен успех за Рено. Мислам дека Маса можеше да го нападне, но со оглед на состојбата со гумите мораше да биде претпазлив. Алонсо вчера беше феноменален. Иако не ми беше омилен додека возеше во Мекларен и Рено, од трка во трка се повеќе ме убедува дека е најдобрата солуција која Ферари можеше да ја доведе. И покрај извртувањето на стартот успеа да стигне до 4 место. Како само успеа да се одбрани од нападите на Хамилтон тоа е неверојатно. Од тимското радио му јавуваат дека Хамилтон му е на 3,5 секунди а овој ладнокрвно им вели: "I don't want to know":) Ѕвер!!!

Најголем губитник неспорно е Хамилтон. Ако претходната трка му се наредија коцките и стигна до 3 место, на оваа се одеше против него. Мора да се признае дека и Луис возеше одлично, но сепак најпрво катастрофалната одлука на Мекларен да влезе по втор пат во боксот а потоа и извртувањето.
Исто така мора да го споменам и Фетел. Човекот едноставно нема среќа. Вози одлично но постојано му се случува по некој пех. Ред Бул се навистина брзи но сепак не се од калиброт на Ферари и Мекларен. Тоа се виде на овие две трки.

Ако се суди според почетокот, тогаш не очекува една од најнеизвесните сезони во Формула 1.
абе каков хамилтон најголем губитник само 2 места изгуби шо најголем губитник не е Фетел?
 
Ако гледаш според стартниот поредок тогаш си во право. Но ако гледаш од аспект на тоа како се одвиваше трката тогаш Хамилтон неспорно изгуби најмногу. Имаше шанса да стигне до втората позиција, но грешките си го сторија своето.
Со Фетел беше сосема друга приказна. Ако не му откажаа кочниците тогаш веројатно ќе победеше, но тоа му се случува веќе втор пат сезонава така што Фетел можеме да го прогласиме за баксуз на сезоната, барем досега.
Баш затоа прво го споменав Хамилтон а потоа Фетел.
 
не згреши Хамилтон бе Вебер го лупна од позади
 
Точно. Но тоа се случи во борба за позиција и такви работи се нормални. Ако гледаш така да ги минеше Алонсо и Маса ќе си беше трет. Главната грешка беше одлуката на Мекларен да влезе по 2 пат во боксот. Затоа реков грешките. Ги имаше неколку:)
 
Браво за Шумахер. Одличен е со оглед на неговата подолга пауза, цар е на патеките. Нема подобар од него што сакаат нека зборуваат. Не велам не има многу квалитетни возачи во Ф1 како Маса, Ветел, Батон, Хамилтон ама Шуми е легенда го обожавам. Само уште да си останеше во Ферари ќе беше супер ама ако важно се врати во Ф1, зошто без него не е така интересно да се гледа :vozbud:
А кај најдоја во Фрерари да го донесат Алонсо, не дека не е добар возач ама го мразам најногу!!!!!!!!! Нема шанси за нго да навивам.
Напред Шумахер и Маса!!!:vozbud:
Само штета што ја префрлија на Алфа ТВ Ф1 зошто не можам сега саглам да гледам Ф1 бидејќи ја немам па морам на интернет или на странски програми да гледам :( . По кој критериум и доделиле на Алфа да пренесува а нема покриеност на цела земја, не е национална телевизија :cuc::lud:
 
Точно. Но тоа се случи во борба за позиција и такви работи се нормални. Ако гледаш така да ги минеше Алонсо и Маса ќе си беше трет. Главната грешка беше одлуката на Мекларен да влезе по 2 пат во боксот. Затоа реков грешките. Ги имаше неколку:)
Одлуката за втор влез во бокс не беше воопшто грешка. Причината што воопшто Хамилтон беше толку побрз од дуото на Ферари беше што имаше свежи гуми за разлика од оштетените кај Ферари и затоа ги стигаше со 2 секунди во круг. Така што не ти држи ова вода.

Само штета што ја префрлија на Алфа ТВ Ф1 зошто не можам сега саглам да гледам Ф1 бидејќи ја немам па морам на интернет или на странски програми да гледам :( . По кој критериум и доделиле на Алфа да пренесува а нема покриеност на цела земја, не е национална телевизија :cuc::lud:

Што има некој да и дава на Алфа, си платиле луѓето и си ги добија правата.

Инакудефинитивно најинтересна трка во последните неколку години, единствено се надевам дека не беше дождот единствена причина заради тоа. На Батон му се склопија коцките идеално на оваа трка инаку немаше теорија да победи, за Фетел ми е многу жал што повторно имаше проблеми, а Ферари се покажаа солидно но очекувам повеќе на наредната трка.
 
Одлуката за втор влез во бокс не беше воопшто грешка. Причината што воопшто Хамилтон беше толку побрз од дуото на Ферари беше што имаше свежи гуми за разлика од оштетените кај Ферари и затоа ги стигаше со 2 секунди во круг. Така што не ти држи ова вода.

Муабетот на зевезек си е таман на место и ептен држи вода. Пази, пред Луис да влезе по втор пат во боксот, тој веќе 3 круга му дишеше во врат на Кубица и беше на -5,5 сек. од Батон. Таман кога почна да му се отвара, го повлекоа, двете Ферарија поминаа со предност од 20 и нешто секунди, по што јасно беше дека шансите за подиум паднаа во вода, покрај тоа што Луис и Вебер беа по 1,5 сек. побрзи од Алонсо, бидејќи пред ги имаа Фернандо и Фелипе, а не Розеберг, Баричело или што ти знам таму кој си трет возач од понизок калибар и со послаба машина под себе. Така да, ако Луис останеше на патеката со 1 влегување во бокс, јас му давам најмногу уште 3 круга на Кубица да го држеше позади себе, по што тој самиот од после можеше да решава дали да си ја брани втората позиција (со оглед на гумите), или пак да го извади максимумот од нив, бар додека идат и да циља кон П1. Резимирај и ќе сфатиш дека МекЛарен самите се зезнаа т.е. им се лизна од раце реално остварлива 1-2 победа.
 
Можно е, не се сеќавам баш најдобро како беше ситуацијата, а и башка ја гледав сабајлето во 8 прилично поспано така што можно е да сум пропуштил некој детал:) Како и да е прашање е како неговиот болид ќе се држеше со оштетените гуми, така што се тоа е во доза на шпекулирање.
 
во колку саат се игра малезија знае некој?
 
не се игра бе :pos2:

се вози

Practice 1
schedule_hLine.gif
FRI 04:00
Practice 2
schedule_hLine.gif
FRI 08:00
Practice 3
schedule_hLine.gif
SAT 07:00
Qualifying
schedule_hLine.gif
SAT 10:00
Race
schedule_hLine.gif
____ SUN 10:00
 
Ова со играњето ти е изгледа од коментаторот влијание, кога погреши место возачите и рече фудбалерите :pos:
 
не бе помешав со баскет и фудбал а да му ја приметив грешката рече фудбалерите наа... се извинувам возачите :pos:.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom