За тие работи што ги направи Шумахер си плати..Јас зборувам за Луис Хамилтон, и за денешната трка,на која направи нерегуларен потег, и нормално, си доби казна поради тоа...Што има чудно во тоа?Некои се жалат што им плескаат казни на Мек Ларен...А што треба?Да им прогледуваат низ прсти за секоја грешка?Хамилтон е неискусен возач и често прави онакви грешки..Кога го закачи од назад Кими на бокс линијата?И тогаш да не не беше крив Хамилтон?Жртви?Лани со Степни Гејт аферата да не требаше да ги потапшаат по рамо и да им речат, браво така продолжете?Мое мислење е дека дури им дадоа и мала казна..Требаше да им ги скинат и на возачите бодовите, бидејќи со болидите мораше некој да управува, вајлда болидите без возачи не ги освоија бодовите во конструкторска конкуренција..Јас мислам дека треба за лани да бидат среќни што не заработија неколкугодишна суспензија од патеките, чисто поради следственото намалување на финансиските приходи на ФИА и на Формула 1, доколку би го исклучиле еден од главните претенденти за Шампион во секоја конкуренција..Замисли каква казна би добила еве да ја земеме Форс Индија доколку направи престап како тој на Мекларен, сигурно дека ќе прави минимум едногодишна пауза од ф1 патеките..И после Алонсо бил крив што си ја кажа вистината..И уште сега да читам, колку големи жртви се МекЛарен, колку само се „осакатени“ но погледнете го реално видеото и видете што се случува, како Хамилтон се однесуваше во шиканата..Или како се постапува кога ќе излезе од бокс,дека црвената боја на семафорот значи да застани не да го удри тој пред него (кој , пак за „случајност“ беше Кими Раиконен), како се претекнува, и слични работи по кои е казнуван!