Мене мислам дека конечно ми здосади играва. 3 сезони максимум со 2014кава стигнав со некој клуб, одма ми снемува желба. Ако фатам со 7мо лигаш, им се раскинуваат договорите на пола играчи од прва, не знам зошто и се нервирам. Ако фатам со второлигаши некако не ми е интересно, сите поинтересни екипи сум ги поминал низ минатите верзии. Мислев Пентагон предизвикот да го правам но некако ептен е тиња со афрички или азиски екипи да играш, не дека е тешко, туку не ми значат ништо.
Решив да направам список со кои екипи сум играл најмногу минатите верзии:
2005 - Реал Мадрид (зошто имаа најдобар тим со најголем буџет а јас имав 15 години)
2006 - Милан (зошто навивам за Милан, логика)
2007 - Милан (изненадувачки нели?)
2008 - Манчестер Јунајтед (немам поима зошто...)
2009 - не играв многу оваа верзија зашто компјутерот ми беше тиња
2010 - исто како и 2009ката
2011 - Рајо Ваљекано (тогаш беа 3та лига во Шпанија, си викам ајде ќе пробам со послаба екипа, изиграв 10 сезони, освоив се)
2012 - Бостон Јунајтед (6та лига Англија, шампиони на се можно за 10 сезони) Сандерленд (6 сезони) Реал Овиедо (5 сезони)
2013 - Реал Овиедо (мех, краток период зашто кракот касно излезе)
2014 - Саутемптон (3 сезони, освои се освен Лига на Шампиони и ми здосади)
Сум пробал Емполи, Атлетик Билбао, Лацио, Про Верчели, Атлетико Мадрид, Перуџа, Саарбрукен, Македонија Ѓорче Петров, Динамо Букурешт, Рода, Вимболдон, Кру, Ајакс Јужна Африка, Сантос, Македонска репрезентација, Италијанска репрезентација до 21 година, Англија...