Football Manager 2012 - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
хех супер ко така .. сакаш препорака за некои играчи шо се покажале кај мене ?
 
Дали знајте некој форум за FM 12 ?? каков бил англиски македонски ??
 
Пачот (кракуваниот) со траснферите не искача изглеа а?
 
ДАВАЈТЕ ПАЧОВИ ОД МАКЕДОНСКА ЛИГА ! :) (ME МРЗИ ДА БАРАМ ПО СТАНИЦИ НАЗАД)
п.с извинете за капс лок
 
Влегувам во играта поминува СЕГА ВАР чилд и логоата од тимовите... и се исклучува директно играва
чајре?
 
ќе ме натерате пак да почнам со играва бее, ајде давајте пач за трасфери напраени
 
:D :D :D :D
WYNgK.jpg
 
Ја започнувам 3тата сезона со Реал Овиедо во Примера и квалификации за Европа Лига. Како? Епа вака.

Ја завршив 3тата лига во Шпанија, нешто што и се очекуваше со тимот, кој беше посилен од екипите но беше неочекувано што беше без ниту 1 пораз, доста доминантно.

t5CB.jpg


Одам втора сезона во втора лига и повторно успех! Промоција во Примера и тоа доста неочекувано од прва сезона, станувам шампион и повторно без ниту 1 пораз! Оваа сезона се засилив со неколку играчи, 99 посто од нив играчи без клуб и успеав да поминам екипи кои беа доста посилни од мене, кога ќе се видат тимовите.

xu0iT.jpg


Но оваа сезона не беше успешна само по ова. Како што спомнав, се пласирав во Европа Лига. И тоа преку купот! Успеав да стигнам до финале, и тоа преку екипи како Нумансиа, Р. Сосиедад, Севиља и големиот, прескап и шампион во таа сезона - Реал Мадрид!

BWZI.jpg


Во финалето, како што се гледа, се сретнав во Барселона и тие поштено ме згазија и мојата авантура во купот, заврши во финале. Барселона победи во Примера, директен пласман во ЛШ и со пласманот во финале, Р. Овиедо се пласираше во Лига Европа.

5sHr.jpg


Тимот не ми е фантастичен, тешко и да знаете некој од нив. Ману Бусто ми е машина за голови и најдобар играч во тимот. Рибас е голманиште, го земав како слободен играч во првата сезона и сеуште никој не може да го тргне од голот. Сантиаго Гарсиа, исто слободен играч, порано играл во Палермо, но кога дојде во мојот тим, стана профи лев бек со многу асистенции. Lequi, капитенот, е најдобар централен бек во тимот а Олегер, игра како во најдобрите денови во Барселона. Аитор Санз е приказна за себе, играч кој игра многу сезони пред тоа во Р. Овиедо, и стварно не заслужуваше да биде во тим во толку ниска лига. Круно Иванчич го земав од Д. Загреб и како 19 год. играч - стварно е одличен. Другите се горе, доле просечни играчи но ми играат добро во тимот и иако не се од калибарот на играчи од Примера - не би ги сменил.


xwPfN.jpg


Сега идеме во Примера, условот ми е да опстанам во лигата, во Лига Европа сум 1 коло пред групната фаза, па ќе видиме понатаму.

Успесите со Р. Овиедо не застануваат! Во првата сезона во Примера, очекував само опстанок но завршив на фантастичното 4то место и квалификации за Лига на Шампиони!

fBxYG.png


Морам да споменам, дека водев 9 бода пред Валенсија, 4 кола пред крај али ме стигнаа до бод по поразите од 3те најдобри екипи таа сезона и ете ме стигнаа до бод али касно веќе. :)



Е сега, Европа Лига. Се паднав во група со - Бордо, AaB и Рапид Букурешт и завршив на второ место по Бордо. Во првото коло на елеминирање, ги поминав Бигмингем, кои беа опасно тежок тим. Но во второ коло ми се паднаа Бенфика, која е прејака и знаев дека нема што да барам тука...

UoH1F.png


Тимот за следна година, осетно го засилив, со нови напаѓачи кои ги земав од Бордо по истекот на договорот и купив нови шпанци во средината и во одбраната. Но најдобро засилување ми е левиот бек од Белгија, Покогњоли, кој го знаев од пред тоа како еден од најдобрите на неговата позиција. Еве го тимот, како планирам да ми биде оваа сезона (имам многу црвени картони тука али тоа е зашто играм во ЛШ во квалификации со Динамо Киев и имам казнети од дуелот со Бенфика па се надевам дека и вака ќе ги поминам.

2HU70.png


Оваа сезона, окуражен од минатата сезона, планирам да идам скала погоре и да завршам барем на 3то место во Примера а во ЛШ барем до осминафинале.

Се гледаме следна сезона со резултатите :D

П.С. Ја земав и репрезентацијата на Македонија. Тошак беше одличен али изгуби 4 утакмици по ред и го отпуштија, па ќе видиме сеа како ќе иде.
 
Како да напуштам работата со репрезентација ?? менаџер сум на Работнички и во исто време работам како селектор на Алжир .. како да ја напуштам работата со алжир знае некој ? ми пишува дека сум вработен на неопределено време .. ги донесов до 15 место на фифа ранкингот и имам освоено 1 куп на африка , али играчите ги бива само за во африка да играат.. на купот на конфедерации ми се паднаа во група уругвај , шпанија , и јапонија и само со јапонија имав победа . порази од уругвај кој стана шампион и пораз од шпанија која заврши како втора ..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom