Порано доста плешев менаџер, али во последно време воопшто не сум во тек до кај се компанииве па.. толку ли е боље овој менаџер наспрема фифа менаџерот? Јас поиграв малце на тој другиот и можам да кажам дека се изгубив во опциите внатре што ги има. Колку што знам на овој менаџер не може да се местат играчите каде што сакаш, туку стриктно како што ти налага формацијата. Е сега прашањево ми е.. толку ли е подобар овој менаџер што го чекате, а од друга страна има излезено друг, или се работи за вкусови?
Фудбал Менаџер серијалите се она вистинското веќе една декада ( ако тука го рачунаме и Championship Manager ), на времето играва ја правеа Edios и Sport Interactive али тогаш се викаше Championship Manager, откако се разделија, Еdios продолжија со CM a SI со FM со тоа што играта за која тука се говори у поим ги утепа и CM серијалите и оној од EA. Ja eднаш го пробав Championship серијалот откако се разделија, со Интер дадов 180 гола у една сезона во Серија А и од тогаш ниту да помислам да се поебам така, и ФИФА серијалите и CM се класична бледа сенка на Football Manager.
Така да ако веќе сакаш да тераш ваква игра, тогаш FM ти е она вистинското, за Се останато е Кока Кола и далеку далеку подобро.
* Сега баш отидов до вики да читнам што се дешава со CM серијалот, наводно 10ката конечно се издвоил од неговите тиња претходници но за жал неговиот наследник бил достапен само за Apple iOS, а 12ката прашање е дали воопшто ќе излага, а таман мислев да му дадам шанса и на овој менаџер ради позитивните критики за CM10.
Искрено се надевам дека Edios ќе се вратат пак на пазаров со играва, редно е Sport Interactive да добијат здрава конкуренција зашто последниве 2-3 изданија имаат некои минорни новитети кои дефакто не те лепат веќе за компјутер ко порано, а што е најтрагично бар кај мене, истата тактика со мали твикови ми е адекватна на овие изданија што у принцип е лошо бидејќи играта е токму тоа, градење на тактика, тренинг режими и слично а ја од старт тоа го скокав.
И на ова да додадам и уште една голема замерка а тоа е што апла во иднина се избацуваат бајаги лоши играчи, односно, мал е бројот на квалитетни играчи ( ѕвезди ), што не е случај кога ја стартуваш играта уз веќе постоечките имиња.