Фолк пеачка - името молам

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
Алачки била дури и не застанала да помогне или да викне брза помош туку одма си заминала. Го слушнав еден полицаец збореше на моб со некој колега му кажуваше дека само што се вратил од местото на настанот. Срамота....ке плати некој денар и готово, средена работа ке биде :) Така тоа функционира кај нас.
Ако не застанала и си заминала од местото на настанот, тоа е уште полошо за неа.

Инаке @Acid не беше 50км/ч?
 
да те дополнам: Обезбедување на С.М, прегази старец на Партизанска со мотор и око не му трепна.

едит: Според сликата која е објавена на прес24, ваљда е...
%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%BA%D0%B8.jpg
Ovoj slikava shto ja napravil se oblozhuvam deka negovoto IQ e nad 170!
 
Ако не застанала и си заминала од местото на настанот, тоа е уште полошо за неа.

Инаке @Acid не беше 50км/ч?
Не.

Член 38
(1) На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се
движи со брзина поголема од 60 километри/час, односно со брзина поголема
од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено
место или за негов дел.
(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, на јавен пат во населено место,
чии сообраќајно-технички елементи тоа го овозможуваат, може со сообраќаен
знак да се дозволи движење со возило и со брзина поголема од 60
километри/час.
(3) На јавен пат надвор од населено место, возачот не смее со возилото да
се движи со брзина поголема од:
- 130 километри/час на автопат;
- 110 километри/час на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и
- 80 километри/час на други патишта.
(4) На патот надвор од населено место, возачот не смее со возилото да се
движи со брзина поголема од брзината определена со сообраќајниот знак
поставен на патот.
 
Во кој град живееш ти? Македонски брод?
Во Скопје е дозволено 60 км/ч, иако на некои улици и булевари слободно може да се подигне оваа граница до 80 км/ч.
Eve ke ti kazam na poprost nacin da razberes. Znaci,koga odis od skopje do veles po avtopat,i pred da se doblizis do nekoe selo imas znak za dozvolena maksimalna brzina 60 km/h. A sekade vo grad spored zakon maksimalno dozvolena brzina e 40km/h.
 
Добро, на паркинзи и во гаражи има знаци за 20, некаде и за 10. Тоа не значи дека во град се вози толку.
На повеќе од 95% од улиците во Скопје дозволената брзина е 60 км/ч. Паушални бројки, ама така е.
Сепак оваа улица (сега скоро е веќе булевар) е скоро 3км долг пат. Така да ако им текне а ќе им текне и по други улици ќе испостават 40 ограничување, и онака имаат веќе превише камери и администрација желна за работа па ќе го дополнуваат буџетот и на таа основа.
 
Eve ke ti kazam na poprost nacin da razberes. Znaci,koga odis od skopje do veles po avtopat,i pred da se doblizis do nekoe selo imas znak za dozvolena maksimalna brzina 60 km/h. A sekade vo grad spored zakon maksimalno dozvolena brzina e 40km/h.

Идеш со глава во ѕид. Постот над тебе (со дел од закон) прочитај го се ќе ти стане јасно.
60 е максимална дозволена брзина за низ град, но со сообраќаен знак може да се ограничи и на 40.

И што стана сега, има нешто ново? Ќе свири клавир оваа или ќе пројде само со изпразнет џеб?
 
3-та Македонска (од тутунски комбинат па се до Државна безбедност) има знаци за 40 км/ч. Со години стојат тие знаци.
И 50 км/ч. Во населени места каде не е обележана брзината со сообраќаен знак, максимална дозволена брзина е 60 км/ч.
 
Ако е пешакот прегазен до 100 метри од пешачки, тогаш тоа би била олеснителна околност.
За да се утврди одговорноста, освен тоа од погоре битно е и следното:
1. Брзината на движење на возилото.
2. Дали налетот врз пешакот можел да биде избегнат ако возилото кое прегазува се движело со дозволена и прилагодена брзина во дадените околности.
 
Eден мој познат удри дете со кола во град, детето му излета на пат меѓу паркирани коли, за секунд се најде пред колата и го чукна, малце го повреди, гребнатинка, синејца.... возеше многу бавно, и сега на суд вели приателот “Возев 20 на сат...“ а судијата му рече “требаше 10 да возиш“ и го казни
Поентата е дека возачот е одговорен брзината на возилото да го прилагоди за да не дојде до такви случки, во град е ограничено можеби на 40 или 50 км на сат но тоа не значи дека мора со толку да возиш, на некои места, покрај игралишта за деца или школи или пазари или пешачки... места каде може одеднаш пред возило да ти претрча некој, и 5 на сат ќе возиш. Пешакот кој ќе претрча - премине непрописно преку улица, за тоа треба и ќе биде казнет, а возач кој удрил и повредил и(ли) усмртил некој на пат - ќе одговара за тоа.
 
Пред 10 години имаше еден ваков случај, едно дете само што доби возачка дозвола удри жена и таа почина. Само 6 месеци лежеше во затвор.
 
Што се случи? Ја затворија ли? Ја пуштија онака ли?
:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom