Фобија...

  • Креатор на темата Креатор на темата Маwечко
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Знам дека има една тема “Од што имате фобија?“, но во оваа тема би сакала да зборуваме за фобии кои можат дури можат да му попречат на нашиот социјален живот, а не како “стравот од темни улички“, “кловнови“ итн...

Дали некогаш сте имале фобија од нешто и како сте ја совладале или доколку сеуште имате- што правите за да го намалите нејзиниот интензитет?
Доколку немате, како мислите дека најефикасно може да се искорени?

Колку фобијата може да влијае штетно по здравјето?

Која е границата помеѓу страв од фобија и вистинска фобија?
Страв од страв или страв од развивање на фобии... Стручните лица предупредуваат дека станува збор за прилично честа, како и сите останати фобии, која многу лошо делува врз квалитетот на животот бидејќи со себе повлекува претерано потење, тешкотии, забрзано чукање на срцето (тахикардија), губење на воздух, па дури и вистински напади на паника.

Во пубертетот се јавува кај многумина онаа фаза “страв од смрт/болест“.
Еден мој професор кога бил тинејџер, толку многу испаничил, што 15 дена потоа лежел во болница поради неправилно чукање на срцето.
Имал страв да излезе од дома, но го победил стравот со тоа што си рекол “Е ајде да видам да умрам бе“.:)
Одел контра стравовите и на крајот тие попуштиле и сега е сосема нормален и тие “стравови“ не оставиле никакви последици.
 
Meне ми се има случено клаустрофобијата да ми направи неколку проблеми од среден интензитет, со сите карактеристики на една фобија, ама во последниве 2-3 години во најголем дел од случаите успешно и неприметливо се справувам со ситуацијата, а видиш воопшто не ни памтам како научив да го намалувам тој интензитет, веројатно во еден момент сум стегнала заби и сум почнала да го правам:).
Сепак, кога се случува да се почувствувам загрозена од ептен тесен простор, па можда уште и загушлив, а па плус и ко ќе ме мавне од земја самата идеја дека сум во тесно, веднаш потсвесно ми иде филинг од заглавување у мртовечки сандак у глава и рапидно ме фаќа уште поголема паника - веќе нема помош од никакво стегање, фала пријатно одам јабана.
 
Како дете се плашев од вода. Не вода, туку од длабочина. Пливам од кога знам за себе, но кога бев мала, првиот момент кога немаше да почувствувам дното под нозете, невидена паника ме фаќаше. Моите сметаа дека и не е некаков минус во животов, ама мене страшно ми пречеше. Го надминав тоа, така што во една прилика се фрлив во вода на сред езеро. Ме фрустрираше тоа што цел свет може да се движи во вода така лесно, а јас сум ограничена зашто ми се темни ако не допирам долу. Башка ме нервираше и ставот на моите. Ми се споија жички, не ни мислев што правам, решив, стегнав заби и скокнав. Метри и метри под мене, страв ненормален... Ама само што излегов и зедов воздух... Толку ми требаше. Па скокав после и од карпи. :icon_lol: Сега не можат да ме извадат од вода. :)

Инаку, со лифтови си имам проблем. Само со лифтови. Ако има друг со мене, се` е во ред, ама сама... Страв ми е.
 
Покрај пајаците имам напад на хистерија ко ќе видам дебела жена ...... ако сум во близина на било кој од овие две ( за мене ) страшни створења не знам кој крај да го фатам
 
Имам клаустрофобија која знае да ми создава проблеми.На пример кога ќе излезам и сум стисната во гужва имам гушење.Во лифт не доаѓа во обзир да влезам.Имам другарка која живее на 12 спрат и морам да кажам дека си ги зајакнав нозете одејќи кај неа.Само кога ќе помислам на затоворен простор почнувам да дишам длабоко и се трудам да се смирам.
 
Имам клаустрофобија која знае да ми создава проблеми.На пример кога ќе излезам и сум стисната во гужва имам гушење.Во лифт не доаѓа во обзир да влезам.Имам другарка која живее на 12 спрат и морам да кажам дека си ги зајакнав нозете одејќи кај неа.Само кога ќе помислам на затоворен простор почнувам да дишам длабоко и се трудам да се смирам.


еј да, ни ја не можам во лифтови, особено праисторискиве велешки, тесни и гадни :nesvest:
 
Имав/м кинофобија.Страв од кучиња.

Се обидувам да ја надинам со тоа ај шо ке ми биде ако останам покрај кучето.И се трудам малце по малце сеа немам страв толку колку порано.
 
imam fobija i toa ogromna od visocina,aerofobija,a isto i od temnica,ama ne znam kako se vika naucno :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom