Flight Simulator за PC

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Некој што знае да лета во флај симулатор.. може да ми каже колку време му било потребно да ги научи.. „основните“ нешта за да може да лета?

Мене првиот и последен пат ми требаа околу 5 саати само за да „откријам“ како да ги запалам моторите и да го полетам авионот... а камоли да летам.. а и авионот бавно реагира на командите.. многу е инертен..
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Некој што знае да лета во флај симулатор.. може да ми каже колку време му било потребно да ги научи.. „основните“ нешта за да може да лета?

Мене првиот и последен пат ми требаа околу 5 саати само за да „откријам“ како да ги запалам моторите и да го полетам авионот... а камоли да летам.. а и авионот бавно реагира на командите.. многу е инертен..
Па авион..ако бил Цессна на пример...и така реагира и во вистинскиот свет..:) се се одвива на некој начин забавено....но тоа е привидно..како бавното движење на подалечните предмети во околината кога се возиш..за разлика на тие покрај патот....нив ги нема кога леташ..се е минимум 500-1000 метра далеку...:)
за другото..прочитај го "Manuel"..,ако се сеќаваш на штосот....:) и малку со принципите на управување на авионот, реагирање на командите...и направи скица на летот....школски круг ти е прво ..како за обука..
големите авиони се однесуваат различно од малите...едрилиците пак уште поразлично...
 
Х

Ханзо

Гостин
Имам едно прашање до поискусниве летачи. Летал некој Microsoft Combat Flight Simulator 2 да ми каже колку и дали има врска со реална симулација играва, или чисто аркадна заебанција е? :)
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Сигурно има, ама со каков квалитет ќе биде бог знае ? Дали ќе функционира како што треба ?

едит: ако сакаш со борбени авиони Lock On е добра, IL 2 Sturmovik.
Јас ја имам IL 2 :)
Ама само класични авиони има, ама многу е добра :)
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Имам едно прашање до поискусниве летачи. Летал некој Microsoft Combat Flight Simulator 2 да ми каже колку и дали има врска со реална симулација играва, или чисто аркадна заебанција е? :)
Повеќе е аркадна игра, иако летањето не е баш лесно во случај да леташ free flight.:toe:
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
125
Поени од реакции
8
И јас ја имам IL-2 и сега ја инсталирав пак само проблемот е што се се инстлира како што треба дава се нормално само многу кочи да не знај некој во што можи да биди проблемот ?
:salut::helou:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
И јас ја имам IL-2 и сега ја инсталирав пак само проблемот е што се се инстлира како што треба дава се нормално само многу кочи да не знај некој во што можи да биди проблемот ?
:salut::helou:
i IL-2 e poveke igra odkolku simulator.Vsusnost voopsto ne e simulator:) па пробај со компјутер набилдан за игри.....
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.109
Поени од реакции
9.467
Ил2 Штурмовик 1946 ги има сите комплетни изданија на оваа прекрасна игра и лесно се симнуваат пачови, ако имаш оригинал секако али за оваа игра вреди да се платат 500 денари. Сега е толку.

Инаку Ил2 е вистински „симулатор“ на 2 светска војна, секако ако се уклучи фул реализам, али во тој случај ти треба добар џојстик а и трак ир не би било лоше да се има. Педали не мора ако имаш твисти џојстик.

Инаку прав симулатор не постои за компјутери за домашна употреба пошто јас под тоа подразбирам кабина со ротација од 360 степени.

Ако ти кочи пробај да намалиш детали и облаци, посебно ако играш Пацифичка кампања каде освен бродовите и островите компито преба да израчуна и ПВО-то од бродовите, кај мене највеќе на тоа кочеше.

Исто на источен фронт кога ке се најдеш ниско ако под тебе има тенковска битка може да укочи.

Исто така не се врти ако имаш било каква друга опција, вртењето те кошта енергија а кога ке изгубиш брзина мртов си.

Лок он за жал кај мене сецка и со минимална графика.
 
S

smart ass

Гостин
Де де...користете ги правилата на Асовите,посебно пак за втора светска-секогаш напаѓај од страна на сонцето на пример(те крие тро)....ја имате онаа No GUTS NO GLORY таму имате тактики и маневри кои сеуште се практикуваат во ТОПГАН.

П.С борг...кажи бе импресии од симулаторот што го аплоадирав:vozbud:
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.109
Поени од реакции
9.467
Де де...користете ги правилата на Асовите,посебно пак за втора светска-секогаш напаѓај од страна на сонцето на пример(те крие тро)....ја имате онаа No GUTS NO GLORY таму имате тактики и маневри кои сеуште се практикуваат во ТОПГАН.

П.С борг...кажи бе импресии од симулаторот што го аплоадирав:vozbud:
:vozbud:Dicta Boelcke:vozbud:http://en.wikipedia.org/wiki/Oswald_Boelcke
Правила од првата светска војна кои се користеле и во втора (со мали измени заради промените во технологијата како радио врска, подобри нишани и побрзи машини) али за љубителите на ИЛ2 (кој не ја сака оваа игра е лажов и има вошки) се супер, во заграда ке ги допишам моите забелешки од Ил2.

1. Try to secure the upper hand before attacking. If possible, keep the sun behind you. (пази само некој да немаш во сонцето позади тебе, вингман е обавезен да те брани)


2. Always continue with an attack you have begun.


(зависи, ако искочи дека си упаднал во заседа, напаѓаш на пример Аичи а одеднаш од облакот 3 Зеро ловци те напаѓаат, бегај како луд)


3. Only fire at close range, and then only when the opponent is properly in your sights.


(99% случаи е вака, али он лајн има луѓе што имаат неверојатен осет за deflection shot па внимавај, исто така ако се бориш против Јапанци или леташ со авион со јако топовско наоружање, вежбај пукање со претекнување, се исплати)


4. You should always try to keep your eye on your opponent, and never let yourself be deceived by ruses.

5. In any type of attack, it is essential to assail your opponent from behind.

(освен ако напаѓаш бомбардер со одбрамбени стрелци, пак мораш со претекнување или така наречен deflection shot од агол што не може да ти вратат, ако е целта Б17 само од напред и пукај во кабина, треба вежба)_


6. If your opponent dives on you, do not try to get around his attack, but fly to meet it.

7. When over the enemy's lines, never forget your own line of retreat.

8. In principle, it is better to attack in groups.


Брзината е живот, мењај висина за брзина и брзина за висина, секогаш биди или повисоко од непријателот или побрз од него, така ти решаваш во кој момент ке се бориш и ја имаш иницијативата.

Спротивно на својот инстинкт да се вртиш во круг хоризонтално за да дојдеш позади непријателот, не се врти ако имаш било каков друг избор, вртењето троши енергија без која си спор. Ако си спор на непријателите им изгледа дека стоиш во место и ке те изрешетаат.

Ако леташ Амерички авион со митралеско наоружување на крилата (Ф4, Ф6, Корсер, П47 или П51) намести прекрстувањето на оганот да ти е на 275 метри а пукај на 200 метри и помалку, вака цел непријателски авион го „прскаш“ со 12,7мм и оштетуваш многу (играта рачуна ако отпаднат флапсови, се прекине жица и слично) а кај Јапонските Зеро имаш голема шанса да погодиш резервоар со гориво во крило и да го запалиш.

Руски и Германски авиони кога летам обично топовите ми се наместени да се вкрстат на 150 или 200 метри.

Јапонските на 200 метри.

Ако напаѓаш Ил2 штурмовик пробај да пукаш одпозади али под него, само така нема да те фати стрелецот и имаш шанси да го погодиш ладилникот кој нема оклоп (шуќур, иначе е мака да ги собориш) освен ако си со Фоке вулф 190 со 4 топови, тогаш можеш и крило да му откинеш со добар рафал.

Брзината е живот.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Колку кошта еден џојстик одприлика.Имам microsoft flight simulator 2004 но неможам да го управувам авионот со тастатура.
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
Да не знае некој каде може да се купи FSX во близина на Аеродром, некако многу ми е голема за симнување ?
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.109
Поени од реакции
9.467
Колку кошта еден џојстик одприлика.Имам microsoft flight simulator 2004 но неможам да го управувам авионот со тастатура.
Меѓу 500 денари и непристоен предлог. Али може да се најде за 1200-1900 џојстик со твист опција (кога можеш да ја ротираш рачката лево десно) што е закон за опашот (вертикалниот стабилизатор) за да не мора педали да земаш или да се заебаваш со тастатура.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom