Флаширање вода

  • Креатор на темата Креатор на темата Del Boy
  • Време на започнување Време на започнување

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
14.185
Поени од реакции
47.675
Незнаев дали има ваква тема , не најдов , па затоа се одлучив да отворам.

Значи вака , ќе почнам од почеток и ќе гледам што поубаво да ја опишам ситуацијата.

Имаме место ( не лично мое , на дедо ми ) во кое пред 7-8 години ископавме вода , која ги помина сите лабораториски тестови за чистота и квалитет , и има потполна дозвола за флаширање. Е сега имаме и простор од некои 250 квадрати , потполно опремен со опрема за полнење и пакување , со сите потребни машини , но проблемот е дали може да се користи истиот тој простор , ако се земе во предвид дека порано беше фабрика за оцет, односно се полнеше оцет , и целата опрема уште стои.

Некој да има искуства со вакви работи , било какво мислење е добредојдено. Немаме намера да се занимаваме со тоа , но планираме да го средиме местото и да бараме некој спремен ако сака да вложи , па да го дадеме под наем. Значи цела опрема оди со тоа , објект , плус високо класифицирана вода. Уште само да се исполни условот со објектот.
 
Знам еден мој пријател кој проба да извади дозвола за да флашира вода, според него нема шанси да ти ја дадат ако немаш вујко владика.
 
Ау какви закони има глава боли, не може кај нас овде спремај мито покрај хасап масап џасап и ќе бидне, ова ти е совет од поранешен сопственик на мала сокара во која што полневме и Сода вода.
 
Презаситен е пазарот со ваков продукт, пелистерка,кожуфчанка,ладна,добравода,визиана,горска,изворска,пела роса...и уште многу..
 
Презаситен е пазарот со ваков продукт, пелистерка,кожуфчанка,ладна,добравода,визиана,горска,изворска,пела роса...и уште многу..

Ама за кај Арапите очигледно не е :)
 
Со Роднеј ли ќе флашираш вода бе?Ќе пропаднете одма,поарно продаајте намигнувања на женски.
 
PRODAJA FLAŠIRANE VODE - TEHNOLOŠKI USAVRŠENA PRODAJA MAGLE MENJANJEM AGREGATNOG STANJA ISTE.
 
Кај нив по пустините може да се врши размена литар вода за литар нафта, и тоа исклучиво на големо . :)
Аха да, а американчето за што мислиш ги држи под окупација тие територии долго време, мислиш само ради нафтата?
- Колку што прават пари од крадење нафта исто толку прават пари и со шиткање чиста вода. Многу голем народ се а немаат вода, и тоа што го имаат е нечисто, а не можат нафта да пијат така да американчето со еден удар две муви тепа.
Него конкретно за бизнисов мислам дека преголема е конкуренцијата.
 
Back
На врв Bottom