Не мислам на некоја амалска каде рмбате од утро до вечер, туку некој занает:
-ѕидар
-столар
-заварувач
-лимар
-металостругар
-бравар
-електричар
-водоводџија
.
ке пишам за секоја посебно шо мислам а вие оценете колку е тоа точно.
ѕидар - добар т.е ОДЛИЧЕН занат.. знаете дека дневница на ѕидар ако си работи приватно му е некаде околу 1000ка? ако не ми верувате прашајте ги ке ви кажат... ако си некој за да мкнеш малтер натака навака тури му пепелот. ке се искилавиш за 18 000 а здравјето ке те кошта повеќе.
Столар - одличнна професија. познавам неколку столари и сум правел баш муабет како им оди заработуввачката и богами до сега ама баш никој не ми рекол слабо или колку за леб. сите се фалат дека тргаат пари и на страна и цели фамилии прехрануваат дома.
металостругар, заварувач, бравар - овие ке ги ставам во посебна категорија и ке пишам нешто од лично искуство. заварувачот и металостругарот всушност и СЕ бравари и ова е пред се многу ризична рабта затоа што има опасни машини како брусалица или шмишајбна (како сакате) кај што најмала грешка може да ве кошта живот. да не зборам за поголеми маи што имаат дури со метални пили и уште какви не апарати. - да работиш приватно незнам колку се исплати. а во фирма ако работиш душата ке ти ја земат и пак нема да бидеш задоволен - напомнувам зборам од лично искуство !!!!
лимар. - ако се мисли на лимар кој поправа и прави олуци нема да коментирам зашто за тој занат немам некоја посебна информација ама мислам дека земаат убави пари. ако се мисли на авто лимар тогаш нема зборови. не дека е тешка којзнае колку работата - целата умешност во овој занат е да имаш „око“ што се вика и барем малку да те бива за автолимарија. и тука има дел од оние опасни машини ко шо спомнав погоре во постот али не се употребуваат многу често.
електричар - овој занат е малку специфичен и може да се оддели од другите како повеќе ризичен. најмала грешка покрај својот живот може да однесе и друг живот со себе значи треба огромна претпазливост и одговорност пред се! мислам дека у нашава држава барем не се исплати многу оваа работа не за друго туку слабо се платени електричариве а имаат стварно голем ризик и одговорност.
водоводџија - за ова па никаква информација немам

затоа мудро ке си преќутам и ке оставам на вас да искоментирате нешто.
п.с убаво би било на темава да се разменат различни ваши лични искуства од занативе кои се наведени. еве ја ви стојам на располагање ако ве интересира нешто околу браваријата.
П.С2 тука фали у темава и
механичар