Финти

  • Креатор на темата Креатор на темата Синдикат
  • Време на започнување Време на започнување
Да, ај кажи ми како ја реши, ти се молам.
П.С Тргни го тој потпис да не ти го тргнат администраторите.
 
Ок е. Каде каде, подобро. Него, ти кажи ми како го доби точното решение. Да не се послужи со следниов линк.
 
Точно 78 е збирот. Јас ги најдов и бројојте 2, 0 , 21, 2, 15 и 38. Јас да не се мачам пак програма си напрајв во Паскал.

И дај кажете како ја решивте задачата, како го најдовте збирот дека е 78. Да не си препишвате решение само и се фалите тука:icon_lol: .

Сакам решение постапно за ова од Спајдер, а и за задачата шо исто ја решив претходно. Сакам да знам како се решават, јас си прам програма во Паскал, ама така лесно е оти програмата проверва за сите можни вредности. Сам сигурно нема да седниш и да си проверваш.
 
_|Sp|DeR|_ напиша:
Нееее...грешка рашунав....не е тешка....чекај сега ќе ја израчунам
Ми испадна 78

Ама баш се сомневам дека рачунаше.:wink:
 
Оваа задача ми падна на регионален и еве како ја решив.
Нака темињата е: A, B, C, D, E, F, G и Н, а страните: a, b, c, d, e, и f.
Теме А се граничи со страните: a, d и f
Теме Б се граничи со страните: a, b и f
Теме C се граничи со страните: a, b и c
Теме D се граничи со страните: a, d и c
Теме E се граничи со страните: d, e и f
Теме F се граничи со страните: b, f и e
Теме G се граничи со страните: b, c и e
Теме H се граничи со страните: d, c и e
Тогаш имаме:
А + B + C + D + E + F + G + H = 2006 (ова е дадено)
adf + abf + adc + abc + def + bfe + bce + dce = 2006
af(b+d) + ac(b+d) + ef(b+d) + ce(b+d) = 2006
(b+d)(af+ac+ef+ce) = 2006
(b+d)[a(f+c)+e(f+c)] = 2006
(b+d)(f+c)(a+e) = 2006
Сега 2006 го разложуваме на прости множители, т.е.
2006 = 2*17*59
Очигледно (b+d)=2; (f+c)=17 (a+e)=59
Па, a+b+c+d+e+f = 2+17+59 = 78.
 
Stalingrad напиша:
Оваа задача ми падна на регионален и еве како ја решив.
Нака темињата е: A, B, C, D, E, F, G и Н, а страните: a, b, c, d, e, и f.
Теме А се граничи со страните: a, d и f
Теме Б се граничи со страните: a, b и f
Теме C се граничи со страните: a, b и c
Теме D се граничи со страните: a, d и c
Теме E се граничи со страните: d, e и f
Теме F се граничи со страните: b, f и e
Теме G се граничи со страните: b, c и e
Теме H се граничи со страните: d, c и e
Тогаш имаме:
А + B + C + D + E + F + G + H = 2006 (ова е дадено)
adf + abf + adc + abc + def + bfe + bce + dce = 2006
af(b+d) + ac(b+d) + ef(b+d) + ce(b+d) = 2006
(b+d)(af+ac+ef+ce) = 2006
(b+d)[a(f+c)+e(f+c)] = 2006
(b+d)(f+c)(a+e) = 2006
Сега 2006 го разложуваме на прости множители, т.е.
2006 = 2*17*59
Очигледно (b+d)=2; (f+c)=17 (a+e)=59
Па, a+b+c+d+e+f = 2+17+59 = 78.

Јас исто ја решавав, стигнав да ја упростам негде до последно, ама не ми текна да го разложам на 3 множители 2006. Мада и да ми текнеше, тука нема никаква математика, треба да се отепаш од лупање за да го разложиш, зато решив да не си го трошам времето и напрајв програма шо зема случајни вредности за внесените броеви и не само збиро шо ми го најде туку и точните цифри ги најде.

П.С. Абе и јас едно време одев на натпревари, ама сега на сколија незнам шо учиме математика. Треба рутина за да ги решаваш овие задачите, зато дај сеа уше некоја само да е поќе логична него математичка, за да се вратам во форма :icon_lol: .
 
Дај ти кажи како правиш нешто во Паскал. Јас имам мало искуство од Delphi, ама не знам како да го направам тоа. Дај пиши го сорсот.
 
Абе и јас незнам баш, така колку за некој математички проблеми иначе нешто корисно незнам да испрограмирам.

Не мом баш да ти објаснам не е толку едноставно, мораш да ги знајш командите. Принципот можам да ти го кажам. Пример за ова последната во циклична структура напрајв да се повторва решавање на равенката ова шо е еднаква на 2006 се додека не се добие точен резултат. Кога ќе се добие 2006 дадов наредба да се печатат броевите и нивниот збир и да престане циклусот. Рачунај дека цело време во циклусот секоја променлива добива вредност по случаен избор од 0 до 100. Мене вака ми текна да ја напрам, иначе сигурно има посреден и пократок начин да се изработи.
 
Сакате неколку задачи за C?

1. Од внесен текст да се испечатат и избројат сите зборови што почнуваат и завршуваат на иста буква.

2. Се внесуваат два стринга, ако вториот стринг не се содржи во првиот, да се печати 0, а ако се содржи да се испечати неговата позиција.

3. Да се напише програма која контролира внесување на загради во еден стринг. (Пр. {[()]}, {}[()] <<<вака смее, a вака {]}[(]} не смее)

Ни ги дадоа на фак. за домашна хаххаа
 
Тееј, ја спуштија најинтересната тема од подфорумов најдоле. Бреее.. Ајде дајте некоја загатка, брзо!
 
Ова мислам дека тука го прочитав ама нема врска.

На тројца затвореници му е дадена можност да бидат ослободени, ама прво мораат да поминат еден тест. Ги затвориле во соба во која нема ништо освен ѕидојте и вратата и ги подредиле во колона еден позади друг. Во собата имало една кутија во која имало 5 капи од кои 3 биле ЦРНИ, а 2 биле БЕЛИ. На секој од затворениците им била ставена по една капа на главата по случаен избор. Секој од затворениците можел да гледа само пред него, што значи дека последниот гледал каква капа носат двајцата кои се пред него, тој на средина го гледал само првиот, а првиот не гледал ништо. Значи никој од нив НЕ ЗНАЕ каква капа носи. Тие имаат право на само еден одговор, на прашањето каква боја е капата која ја носат.
Прво бил прашан последниот затвореник во колоната каква капа носи, тој не одговорил.
Потоа бил прашан вториот каква капа носи, исто така не одговорил.
На крајот затвореникот што не гледал никој пред себе одговорил дека носи ЦРНА капа. (и бил во право)

Како знаел дека носи црна капа?
 
Stalingrad напиша:
Тееј, ја спуштија најинтересната тема од подфорумов најдоле. Бреее.. Ајде дајте некоја загатка, брзо!

Побрзо не можеше.:icon_lol:
 
E kako знаел де
 
deXterche напиша:
E kako знаел де

Па размисли зошто не одговориле тие пред него кои гледаат каква капа носат тие пред нив. Разгледај ги комбинациите и имај во обзир дека тие претходно знаеле дека во кутијата има 5 капи од кои 2 се бели, а 3 црни.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom