Финале Лига на Шампиони: Барселона-Манчестер Јунајтед (27.05.2009,Рим)

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ке владее со фудбалска Европа ?

  • Барселона

    Гласови: 90 54,9%
  • Манчестер Јунајтед

    Гласови: 74 45,1%

  • Вкупно гласачи
    164
Статус
Затворена за нови мислења.
Наввиачки фла богу си гласав за Барса. Мислам дека ќе гледаме затворена утакмица без многу шанси и ќе биде најважно прв да се даде гол. Кој ќе даде прв гол после на другиот ќе му биде многу многу тешко.
 
Мислам дека доволно ќе биде да кажам само Барса :vozbud:....нема да образложувам што, како, зошто...тие што се за Барса си знаат..тие што се за Манчестер..како и да е ќе мрчат! :toe: :helou:
 
Мислам дека доволно ќе биде да кажам само Барса :vozbud:....нема да образложувам што, како, зошто...тие што се за Барса си знаат..тие што се за Манчестер..како и да е ќе мрчат! :toe: :helou:

Девојче, што и да кажеш ќе има мрчење, секако, никој не сака да слуша работи што не му одговараат, ама работава не е само да се слупа пост за овој сум за оној сум. Имаш анкета за тоа. Мајке ми, се потрудиле навивачи пред вас цели реферати да изнапишат и да развијат дискусија, вие со една реченица постови ја уништувате темава.

Што се однесува до темава, да им посакам среќа на двата тима утре, нека победи најдобриот, иако знам и јас како повеќето дека ситници ќе го решат мечот и иако сите очи ќе бидат вперени во Роналдо и Меси, „поситните“ фудбалери ќе бидат оние кои ќе имаат најголемо влијание.
За резултати и победници, како и секогаш, пред натпревар, никогаш не коментирам, животното искуство ме научи дека во спортот се` е можно, така да, со коментари, да сме здрави и живи, утре ова време некаде :)
 
Мајке ми, се потрудиле навивачи пред вас цели реферати да изнапишат и да развијат дискусија, вие со една реченица постови ја уништувате темава.

За резултати и победници, како и секогаш, пред натпревар, никогаш не коментирам, животното искуство ме научи дека во спортот се` е можно, така да, со коментари, да сме здрави и живи, утре ова време некаде :)

респект за ова....

иначе, ке биде јака утакмица, затворено би требало да играат, да се чека контри или слободни удари...прогнозирам пеналчиња:toe::vozbud:
 
Очекувам тежок натпревар во кој ќе одлучат ситници и Манчестер и Барселона имаат одличен играч на секоја позиција и затоа нема да се знае до крајот можам да кажам дека Манчестер има поквалитетна одбрана плус на Барселона и фалат 2 играчи ама тоа не е важно сега ако нападнеме нема толку да ни е потребна одбраната нели нападот е најдобрата одбрана?И како што се очекува да блеснат Меси и Роналдо не верувам дека ќе биде така од повеќе причини што и 2та тима ќе внимаваат на тие играчи,а ќе ги занемарат другите и очекувам добра игра од Руни и Тевез од едната страна и Чави,Иниеста и Анри на другата страна.Да се надеваме само судијата да не го уништи финалето,и нека победи подобриот.
 
Барсеолна е Барселона, ја видовме многу пати сезонава како знај да игра, да уништува...ама го знајме и Сер Александер Фергусон, кој го има убедливо најкомплтниот состав, најкомплетниот колектив на планетата Земја веќе трета година по ред.
Плус, истиот тој стар лисец, како шо многумина и овде на форумов, но и воопшто знаат да го наречат имаше можност да гледа два натпревари на Барселона против Челзи, натпревари во кои Барса ја покажа својата моќ само на моменти на првиот натпревар, додека во останатиот дел од двомечот тој пеколен напад беше неутрализиран, особено во Лондон. Според тоа, верувам дека Серо и то како ќе знај да искористи од таквите настани.

Па во таква ситуација, очекувам победа на Манчестер Јунајтед по 90 или 120 минути. Во некој случај да имаме пенали, не очекувам никаков развој на настаните, односно 50% - 50%. :toe:
 
Од навивачки аспект нормално сакам Манчестер да стане првиот тим што го одбранил овој трофеј.
Но на другата страна ја имаме Барса, која игра извонредна сезона, иако Челзи заслужи да оди понатаму во оној двомеч, сепак Барса е во финалето.
Очекувам доста тактички надмудрувања, можеби и продолженија и пенали.
Сè ќе ни стане јасно утре.
 
bidejki ne navivam za nikoj od ovie 2 tima ocekuvam interesna utakmica i otvoren fudbal da pagjaat golovi i neka pobedi podobriot :helou:
 
Од навивачки аспект си гласав за Јунајтед.
Ја почитувам Барса премногу , имам дрес до Ноу Камп - Бојан:)))Имаат предобри играчи , како и ние.Играчи кој можат да го решат натпреварот со само еден потег...Утре сите очекуваат најмногу од Меси-Роналдо , но утре ќе играат и играчи како што се Чави,Иниеста,Андерсон,Керик,Ето,Анри,Руни,Бербатов,Тевез...Има уште многу.:vozbud:
Уживајте утре во финалето , ќе ви го дозволат тоа Пеп-Сер Алекс:pipi:И да , се надевам дека Јунајтед ќе напише нова историја.
 
Едноставно нелииииии гласав за Барса
Утре очекувам не многу отворен фудбал,но не и да се игра на контра туку средината да ја реши цела утакмица со добро проигрување на нападот.
 
Нека победи подобриот :smir: немам фаворит ама гласав за барСЕЛОна ради димо:pipi: за мене е битно да има отворен фудбал со повеќе акции,шанси и секако голови :helou: се надевам нема да има дебилски фудбал :nesum:
 
Нерешено мислам дека ќе биде и ќе се играат пенали.Уф немате поима колку многу очекувам 0-0 да заврши ова финале и да пукам сеир на СИТЕ.Очекувам натпревар во кој екипата која ќе има повеќе среќа да победи.Затворена игра и онаа екипа која ќе владее во средината и одбраната таа и ќе победи бидејки да бидеме реални нападот нема да има некоја позначајна улога.Гарантирам дека при било каков напад од било која екипа ќе има веќе поставено 6 играчи во одбрана од другата екипа.Веќе 4-ти ПОЗДРАВ и со среќа на двете екипи во финалето но и среќа за Масимо Бусака.
 
Нерешено мислам дека ќе биде и ќе се играат пенали.Уф немате поима колку многу очекувам 0-0 да заврши ова финале и да пукам сеир на СИТЕ.Очекувам натпревар во кој екипата која ќе има повеќе среќа да победи.Затворена игра и онаа екипа која ќе владее во средината и одбраната таа и ќе победи бидејки да бидеме реални нападот нема да има некоја позначајна улога.Гарантирам дека при било каков напад од било која екипа ќе има веќе поставено 6 играчи во одбрана од другата екипа.Веќе 4-ти ПОЗДРАВ и со среќа на двете екипи во финалето но и среќа за Масимо Бусака.
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
Нашол кој да пука сеир и на што.
 
Барселона би сакал да победи, ги мразам овие енглезиве.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom