Финале Лига на Шампиони: Барселона-Манчестер Јунајтед (27.05.2009,Рим)

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ке владее со фудбалска Европа ?

  • Барселона

    Гласови: 90 54,9%
  • Манчестер Јунајтед

    Гласови: 74 45,1%

  • Вкупно гласачи
    164
Статус
Затворена за нови мислења.
Премногу влијание има и кој ке освои лига на шампиони.
Ако победи Манчестер лиглено ке ја земе пак...за жал
Тоа ќе биде исто како кога Кака освои а и баш не ја заслужи нели?
 
Да бе Барса заслужува а Манчестер со одличната игра не заслужува:tapp::nesvest:само Барса знае да игра а другите не

Тоа ќе биде исто како кога Кака освои а и баш не ја заслужи нели?

она само да каже:tapp:
 
Visca el BARCAA
 
Гласав за Манчестер Јунајтед...сепак утре ќе биде интересно, очекувам голема борба на теренот и секако нека победи најдобриот :)
Манчестер Јунајтед
 
Тоа ќе биде исто како кога Кака освои а и баш не ја заслужи нели?
:)
Не ја заслужи баш ама таа сезона ниту Кристиано ниту Меси не ја заслужија:)
Се зависи од титулата кој ке ја земе:toe:
 
Немате појма колку ми е мило што навивачите на Јунајтед и Барса реално гледаат на работите. Има и по некој кој со сигурност тврдат дека нивните екипи ќе победат но тие се ретки. Сите се свесни дека ситници ќе го одлучуваат натпреварот. Навивачите овде докажуваат дека овие два тима се НАЈГОЛЕМИТЕ ВО ИСТОРИЈАТА НА СВЕТСКИОТ ФУДБАЛ, клубови кои се почитуваат меѓусебно и едни за други имаат само пофални зборови.
Едноставно утре сакам само да уживам во фудбалските мајстории на Меси,Ето,Анри,Иниеста,Чави и Роналдо,Руни,Тевез,Гигс,Андерсон,Керик.
Мислам дека до утре до пред и после натпреварот ќе дискутираме фер, без навреди и со почит едни према други. Ќе има провокации од фанови на други клубови но да не ги перцепираме нив, ние да ја водиме дискусијата, ние кои знаеме се за нашите тимови и играчи, ние кои знаеме како дишат.

Искрено, посакувам во наредните 10 години сите финалиња да се Барса-Јунајтед и секоја година да е "монотоно".

Поздрав од мене во име на Фан Клуб Манчестер Јунајтед и очекувам фер игра утре како и фер игра на форумов:smir:
 
Гласав, ке навивам и ке победи Барса:vozbud::vozbud:
 
Шампионот на Шпанија против шампионот на Англија.....уфф се ежам. Двете екипи кој прикажаа највеќе сезонава заслужено ќе решаваат меѓусебе за најпосакуваниот трофеј на клупски план. Ќе биде жестоко, Меси против Роналдо, двајцата најдобри фудбалери во моментов, искусниот Ферги кој е жива легенда можеби најдобриот тренер во историјата, против почетникот Пеп кој во првата сезона освои 2 пехари(се надевам 3).:)
Очекувам и навивам за победа на Барселона, се надевам дека конечно Пеп ќе биде првиот тренер во историјата на Барселона кој ќе ја освои тројната круна.

Vamos Barcelona!!!!!!!
 
Како и многумина од овде, очекувам повеќе тактичка игра отколку напаѓачки отворена односно игра за очи што би рекле :) што според мене тоа е нормално во еден ваков меч каде треба да се биде многу претпазлив.

Се надевам на победа на Барселона, и на мое големо задоволство. :)
 
Гласав за Барса,најубав фудбал играат според мене а и многумина,така да Барса тепа утре.Но,има време ке видиме,сепак може да биде најубаво финале во историјата на воа натпреварување,ЛШ.Само нека изиграат како што треба,да има што да се гледа...:smir:
 
Ќе биде многу цврст натпревар,ќе решаваат детали..секоја грешка ќе биде казнета од противникот.Можеби индидуалните потези на Меси и на Роналдо ќе решат но тоа никогаш не се знае.Типувам на Манчестер затоа што има каде каде поцврста одбрана,во момент најак тандем Видич и Фердинант,бек како Евра.Во напад го имаат Роналдо,Тевез и Руни едноставно спој помеќу искуство и квалитет.Некако посигурно ми делуваат Манчестер но ќе видиме во вакви големи натпревари никогаш не се знае ништо поздрав и очекувам интересно и коректно финале.
 
Ме плаши одбраната многу, но што е тука е. Затоа тука се средниот ред и трио фантастико да покажат што знаат како многу пати сезонава. Што се однесува за Манчестер, да беше било кој друг тим во финале против Барса би типувал со 80% дека Барса ќе освои. Вака со Јунајтед...50-50. Најубаво ќе им биде на неутралните, верувам ќе биде супер натпревар. Ние загреаните навивачи на едниот или другиот тим ќе се потиме и врескаме. Се надевам нема да има никакви грешки од судиите за да не биде како Челзи-Барса, некои уште трауми имаат. За крај, од дуелот на најдобрите сезонава, нека победи подобриот.
П.С. Гласам за Барса, очигледно :helou:
 
Utre ocekuvam interesen natpravar so mnogu golovi, duelite pomegu ronaldo - messi i rooney - iniesta ke bidat interesni,koj i da pobedi ke bide zasluzeno bidejki 2ta tima ovaa sezona pokazaa najdobra igra

NEKA POBEDI PODOBRIOT
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom