Философирање - губење време?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dora
  • Време на започнување Време на започнување
Ништо што ти претставува задоволство не е губење време.Филозофирајќи си ја исчистуваме душата, на некој начин.Често се користи и за подобро објаснување.Нели,неможеш се да кажш на едноставен начин,и да се надеваш дека ќе бидеш правилно сватен.Понекогаш има потреба да се исфилозофира, да се навлезе убаво во ситуацијата или личноста,ма што и да е,за да се извлече повеќе и да се искаже истото.Јас така го сваќам филозофирањето.. Се обидуваш да ја најдеш суштината на нештото,па филозофираш..
Сакам луѓе што филозофираат улично. Не културно, литературно .. со оној уличен жаргон, уличен, секојдневен начин на зборување :)
 
Зависи до филозофијата која што човек ја има прифатено и применува. Мојата филозофија ме учи дека вистина е она што е вистина за мене, ме учи да гледам, да слушам, да учам, предвреме и со предрасуди да не ги отфрлувам нештата без да ги ставам на тест во зависност со мојата вистина. Да не употребувам зборови и поими кои што повеќето луѓе не можат да ги разберат секогаш да ги поедноставувам моите комуникацци до основа, за да можат луѓето да ме разберат и со тоа да останат во комуникација со мене.
Ја и кога сум вулгарен и безобразен филозофирам :).
 
Барем филоЗофирање точно да напишеше!Не не мислам дека е губење време

Па ФИЛОСОФИЈА е правилно веке неколку години... Само уште не сум свикнал така да го пишам :vozbud:

Он топик... Супер е да си филозофираш. Можеш да си кажеш што ти лежи... И да не си у право... Ама сепак ке си ја задоволиш својата интелектуална свест. А и убаво е да гледаш од различни позиции кон нештата... Отвара нови видици...
 
Toa што те интересира ти е интересно и никако не мислиш дека губиш време
може да каже некој кој тоа не го занима
исто и ти за некој што има друг интерес
кога сме кај губењето време АРИСТОТЕЛ рекол
Све друго осим бавење со филозофија е губење време!
Јас мислам дека он сакал да каже дека секоја идеја доведена и изведена доследно води кон филозофија и филозофијарање
а Шопенхауер рекол
Нема ништо поодвратно кога некој што не е филозоф ќе почне да филозофира!
 
Филозофирањето е придобивка на личен план, чувство кое те прави корисен пред самиот себе, дека си свесен, разумен и не фаќаш прашина како фикусот позади врата. Не е прагматична дисциплина, во реалноста ретко се доаѓаат до физички применливи заклучоци, бидејќи не е егзактна наука. Со филозофирањето се развиваат перцепциите и имагинацијата. Таа помага за создавање на морален код и принципиелност.
 
Ако мислите дека Аристотел, Платон и Сократ си го губеле времето според оваа дефицинија, грешите.
 
губење време ..хмммм ... поубава дефиниција е ..замарање ...пошто си имаат обичај "философиве" да се заборават и да задремеш на сред муабет..
 
губење време ..хмммм ... поубава дефиниција е ..замарање ...пошто си имаат обичај "философиве" да се заборават и да задремеш на сред муабет..

аха замарање, добро што се замара некој билдер дига тегови наместо да пие ладно пивце...
па он САКА да дига тегови еееј
што се замара некој велосипедист и весла наместо да си купи мотор...
што се замараат ова алпинистиве што ги тера да се пентарат по вертикали...?
ти ако се замараш со филозофија не значи дека сите се замаараат
некој се замара со она што тебе ти е интересно!
Второ, филозофијата и тоа како е практична
па целиот систем е основан на некоја филозофија
капитализмот на утилитаризмот и прагматизмот!!!
 
аха замарање, добро што се замара некој билдер дига тегови наместо да пие ладно пивце...
па он САКА да дига тегови еееј
што се замара некој велосипедист и весла наместо да си купи мотор...
што се замараат ова алпинистиве што ги тера да се пентарат по вертикали...?
ти ако се замараш со филозофија не значи дека сите се замаараат
некој се замара со она што тебе ти е интересно!
Второ, филозофијата и тоа како е практична
па целиот систем е основан на некоја филозофија
капитализмот на утилитаризмот и прагматизмот!!!

убаво кажа ..ама пак го отупе ...

Тоа со големиот фонт ... е мое мислење ...јас си кажувам у мое име

Фала ако мислиш дека како правам јас ..така прават и другите :smir:
 
убаво кажа ..ама пак го отупе ...

Тоа со големиот фонт ... е мое мислење ...јас си кажувам у мое име

Фала ако мислиш дека како правам јас ..така прават и другите :smir:
Како што ти си кажуваш у свое име, така и останатите членови си реплицираат у свое име, па не си арбитар би пресекол кој отупува, а кој не.

Фала на пажња и повелете на "филозофирање".
 
филозофирањето не е чиста глупост онодсно мозокот се вежба и секако човекот се здобива со нешто што можам дека е над на другите луже тоа е дарба каде што има повеќе логика и на полесен и побрз начин нештата да се прецепираат односно човеко се здобива со осет уште кога ќе ја види личноста да донесе правилен заклучок за неа и тој да биде делумно вистинит и не само за вакви карактеристики туку за скоро све.... што се дешава окулу нас
но сепак тоа мноогу луѓе немоќат да го сватат и прифатат додека не се вклучат во таков начин на живот не викам дека некој е попамтен или поглуп но сваќањето на све окулу наш што се случува е подруго на тие што се занимаваат со филозофија што ја изучуваат самата наука односно тоа е дарба да се перцепиира светот на поинаков начин
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom