Филолошки факултет - Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата JeCILaDy
  • Време на започнување Време на започнување
Добар ден :) Во врска со филолошки факултет , може да ми кажете од каде ви е информацијата дека годинава НЕ се полага приемен ? За англиски прашувам. Дечко ми сака да се запише и се двоуми сега ако има приемен англиски да си земе македонски, не дека не му иде ама едноставно сигурно си е сигурно. Плус вонредно ќе се запишуваме. Јас македонски идам, а он сака англиски па ни треба информација ако знаете дали СИГУРНО не се полага приемен?[DOUBLEPOST=1407855428][/DOUBLEPOST]
дали СИГУРНО не се полага приемен?
Оваа година слушнав од професори дека ќе немало, а и штом нема ништо на сајтот кај што пишува датуми за запишување на бруцоши, значи ќе нема.
Лани си пишуваше во датумите за запишување, 15,16 се поднесуваат документи, 17 има приемен за ПИТ и англиска книжевност, сега нема ништо за приемен.
 
Добар ден, пак јас! Уписите поминаа (т.е уште се одвиваат) а мене ме интересира - македонски јазик и јужнословенски јазици. Е сега одбрав македонски јазик (за нели дипломиран професор, здравје еден ден) и сега ме интересира кои предмети ги има АКО може да ми најдете негде на интернет или некој ако не го мрзи да пише? За англиска книжевност има, за македонска има само за ова "моево" нигде не гледам а баш ме интересира .. :D
 
1. Кај удараат архивски печат кај нас, на студентски или?
2. За уверението за положени испити се чека некој ден или одма го издаваат?
 
1. Кај удараат архивски печат кај нас, на студентски или?
2. За уверението за положени испити се чека некој ден или одма го издаваат?
И УППИ и уверение за положени носи го на студентски и ќе си почекаш...јас од петокот го однесов понеделник/вторник ќе го земам. Само кажи им да ти го убрзаат малку дека имаш рок (ако ти е за во студентски за аплицирање, ваљда ќе го направат за ден-два.
 
а архивски печат знаеш каде удараат? Цел факултет ни е лавиринт, па не знам кај да барам. :/
 
Може некој да ми пише пример за молба за уверение? Се` си мислам дека не треба го молам горенаведениот наслов да се пишува, или грешам?
 
Може некој да ми пише пример за молба за уверение? Се` си мислам дека не треба го молам горенаведениот наслов да се пишува, или грешам?
Купи си од книжарата, само пишуваш име и презиме и доле допишуваш дека ти треба уверението за да аплицираш во студентски дом.
 
Купи си од книжарата, само пишуваш име и презиме и доле допишуваш дека ти треба уверението за да аплицираш во студентски дом.
Значи само молба со таксена, Уппи - заверка и потврда за редовен ми требаат од факултет, така?
 
И 600 денари за уверението се плаќа.
И последно прашање, бројчето за уверение е 09? Барав и во некој документ од лани го видов на нет.
И најголемо фала за одговориве досега, знаеме сите каква е ситуацијава кај нас, па ако не прашаш некого, лесно можеш да залуташ.
 
За бројчето и без него можеш, јас без него уплатив се таман, готово ми е уверението и уживај нема проблем, си направивме муабет :)
 
Дали некој знае кои теми ги дава Кошка за есеј книжевност 7?
 
Немам зборови колку ни е забеган факултетот. За едно какано документче се чека и по недела дена, а на сите други места се зема веднаш. :гомце:
 
Уште нешто:
За плаќање на трошоци за упис (таа прва рата што е за државна квота или кофинансирање, активности и друго) знае некој на која жиро сметка треба да се уплати? Најдов јас на официјалната страна на факултетот, ама тоа е од учебна 2011/12. Истите документи се потребни или треба и нешто плус?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom