ФИЛМСКИ ВРЕМЕПЛОВ 1923-2022 (Патување X2: 2025 - 22.12.2025-04.01.2026)

75. Still Alice - Wash Westmoreland, Richard Glatzer (2014)

1766074732183.png


Многу тежок и тажен филм. Филм кој удира силно и не те остава да дишеш, ни за време на гледањето, ни по него. Станува збор за една жена, професорка на Колумбија и светски призната и позната лингвистка, среќно мажена и со три возрасни деца, која иако млада, и дијагностицираат некоја ретка форма на Алцхајмеровата болест, заради која полека губи се: прво предметите, па сеќавањата, па семејството и бракот... Но и покрај се, останува still Alice.

Филм кој доста реално покажува како една подмолна болест може да го скрши човечкиот дух и да уништи животи. Таков филм кој те тера да го мразиш светот во кој постојат луѓе кои мораат да поминат низ истото. Филм за кој немам зборови да опишам колку ме погоди, само една голема грутка која се уште лежи некаде длабоко во мене.

Посакувам свет во кој ќе откријат конечно лек за овие опаки болести како Алцхајмер или ракот. Но за жал, живееме во свет каде знаеме како се поставени работите и каде фармацевтските компании секогаш ќе си играат Бог со нас. Затоа не можам да посакам ништо друго, освен подалеку да се! Од сите! :(

9/10

P.S. Џулиен Мур е не-ве-ро-јат-на актерка! :cuc:
 
76. Noah - Darren Aronofsky (2014)

1766075477028.png


Библискиот епски филм на Дарен Аронофски (еден од моите омилени режисери) за приказната за Ноа и потопот. Филм кој многу беше критикуван заради многу нешта, но најмногу заради библиската / историската неточност. За тоа јас воопшто не му замерувам зашто сфаќам дека се што не соодветствува со библиската приказна е додадено или изменето заради драмски ефект. Самата приказна за Ное во Библијата е 3 странички, како инаку би се направил филм од преку 2 саати. А и воопшто, не го сфаќам хејтот за филмот. Ное е претставен како длабоко „оштетен“ лик, и во никој случај како олицетворение на доброто, што особено ми се допадна, зашто иако е одбран од Господ да го спаси живиот свет на Земјата, тој е лик кој не трепнува кога огромен број невини умираат, иако сам може да одлучи да ги спаси. Не знам, мене ми беше сосема ОК филмот, ми го привлече вниманието и можам да речам - ми се допадна. Не дека беше WOW, и дека нема да можам да спијам по него, опиен од убавини (повеќе не би можел да спијам по Still Alice, на пример), само не можам да речам дека ова што го гледав беше лошо, од никаков аспект. 7/10 од мене.
 
77. Citizenfour - Laura Poitras (2014)

1766086657924.png

Слично како со Icarus од пред некое патување, Citizenfour е еден од клучните документарци од последниве 20 години кој едноставно морав да го изгледам (има уште неколку такви на кои ќе се навратам кога ќе дојде време). Станува збор за документарец за свиркачот Едвард Сноуден и тоа баш за моментот кога истиот ги открива документите за нелегалното следење на комуникации и движење на NSA агенцијата за разузнавање во САД во која работел, кое во тоа време отвори дебата која и денес е актуелна. Ја знаете сите приказната, да не ја раскажувам, но убаво и интересно е да се види како хронолошки течеле работите и каква била навистина ситуацијата во тој момент (во 2013). Она што мене особено ми остави впечаток е ноншалантноста и храброста на Сноуден. Мислам - да имаш позадина, поддршка, некој кој цело време ќе стои позади тебе, па и да направиш таков потег како него, нема да е за изненадување. Но да делуваш сосема сам против цел државен врв на САД при што си ја загрозуваш и сопствената безбедност, но и на твоите најблиски, и тоа само за добробитот на народот, а не за лично богатење или политички поени или игри како што истото беше случај кај нас некоја година потоа, и при тоа да делуваш како око да ни ти трепнува - богами треба да имаш мадиња како слон и за тоа е потребен барем еден длабок наклон. :cuc:

8/10 за филмот.
 
Има уште 11 филма од 2014 кои сакам да ги гледам, а беа вкупно 17 такви. Ги избрав прво најкратките, па тие кои најдолго ми стојат во watchlist и на крај оние кои сметав дека не смеам да ги испуштам. Од тие 11 кои останаа, можеби до недела ќе успеам барем уште 1, но многу поверојатно е дека ќе биде толку од мене. Во секој случај - 6 од една година ми е нов рекорд!

Само морам, за сите, задолжително. @ComfortablyNumb , @Dumbledore , @Варвара - од 2014 е според мене најдобриот краток анимиран филм некогаш направен. Само 2 минути и 23 секунди трае. Ве молам, мора да го ѕирнете!

 
78. Testament of Youth - James Kent (2014)

1766257423230.png

Јас сепак успеав уште еден - седми од 2014, што ми е дефинитивно нов личен рекорд од една година во предизвиков. Многу убаво филмче, искрено не очекував, иако слабост ми се period драмите од овој тип. Многу малку филмови за Првата светска војна имам гледано во животот, некако сметам дека таа тема на филм е далеку позапоставена од WWII. Ова е екранизација на книгата со мемоари од војната на британската писателка Вера Британ, т.е. со самото тоа - вистинска приказна. Приказна за тоа како војната ги уништува животите на младите, како разорува цели семејства и како убива соништа и надежи. Целиот филм е снимен од женска перспектива, па така 90% од дејството го гледаме низ призмата на ликот кој го глуми одличната Алиша Викандер, но и остатокот од кастот не е ништо помалку добар - Кит Харингтон, Тарон Еџертон, Доминик Вест, Емили Вотсон... Навистина трогателна и инспиративна anti-war приказна. Не верувам дека овој филм некој го предложил при гласањето за новиот каталог на филмови, зашто освен мене само тројца од LB пријателите го имаат гледано, ама сметам дека е една од задолжителните лектири кога се anti-war филмовите во прашање.

8/10
 
The imitation game (2014) (гледан на 14.12.2025)

Историска драма за пробивањето на германската Енигма. Верувам дека овој тим на математичари, кои не поминал низ воената обука односно немаат воена дисциплина на следење команден синџир на наредби, носеле голем товар на своите плеќи. Одлучувале кои ќе умре, а кој ќе живее со цел нацистите да не дознаат дека Енигма е декодирана. 4/5


Predestination (2014) (гледан на 18.12.2025)

Немам гледано волку луд филм. Позадинското дејство ми беше досадно, антитерористичка единица која патува низ времето со цел да спречи терористички напад. Но, преголемо но, наративната приказна беше фантастичка. Во првиот дел од филмот и ништо научно-фантастично не се случува, женско-машкото со паб разговара со бркот. Таа нејзина приказна, на женско-машкото, игра средишна улога во сите настани, тоа се меѓунастаните кои претходеле и кои се случуваат, настани кои имале и ќе имаат реперкусии во иднината. 4/5
 
Завршивме со 2014 и скршивме нов рекорд - вкупно 23 филма! 3 повеќе од претходниот рекорд - 2017. Продолжуваме понатаму.

По втор пат, па веќе преминува во некоја традиција, последните 2 недели од годината се резервирани за годината која полека изминува. Времепловот малку ќе одмори, зашто овие 2 недели остануваме во 2025. Значи ќе гледаме тоа што сме испуштиле од оваа година, и некои нови филмови кои во предоскаровската сезона допрва треба да излезат.

NOTE: Бидејќи лани скоро цела година ја паузиравме, 2024 ја имаме целосно прескокнато. Нејзе ќе ја додадам како опција во регуларните патувања, па ако генераторот случајно сака да не однесе во 2024, ќе одиме! Со неа ќе бидат вкупно 101 регуларно патување, а со овие 2 екстра: 2023 и сега 2025, вкупно 103 патувања низ времето.

Патување X2 - 2025 - 22.12.2025-04.01.2026

Во тековната година почина папата Францис и католиците добија нов поглавар - Роберт Превост стана папата Лав 14. Во Непал еруптираа анти-владините протести кои резултираа со оставка на премиерот и владата. Дел од воените конфликти низ светот ескалираа, вклучувајќи ги војната и руската инвазија во Украина, геноцидот во Газа и суданската граѓанска војна.

Во светот на филмот, 20th Century Studios го прославија својот 90 роденден, а Ghibli јапонското студио за анимација - 40 години. Златната мечка во Берлин ја освои Dreams (Sex Love) на норвешкиот режисер Dag Johan Haugerud. Златна пална во Кан освои францускиот It Was Just An Accident на Јафар Панахи, а Златен лав во Венеција Father Mother Sister Brother на Џим Џармуш.

Годинава светот го напуштија: режисерот Дејвид Линч, Џин Хекман, Ричард Чембрлејн, Вал Килмер, Ози Озборн, Хулк Хоган, Роберт Редфорд, Дајан Китон, режисерот Том Стопард (Shakespeare in Love), режисерот и актер Роб Реинер (Stand By Me), нашиот Лазе Манасков и многу други. Слава им!

Наградите на Американската филмска академија до прва ќе бидат доделени.

1766338001764.png

Листа на сите филмови излезени во 2025, подредени по популарност: https://letterboxd.com/films/popular/year/2025/
Една од поголемите листи на Letterboxd: https://letterboxd.com/mendezmovierpt/list/2025-in-film/
 
46. 2025

1. The Tale of Silyan


IMG_6119.png

Приказната за Силјан. Какво патешествие. Какво визуално уживање и какво пресликување на нашето општество. Браво!
Филмот всушност не е приказната за Силјан, туку за земјоделецот Никола. Заедно со семејството се обидуваат да врзат крај со крај и да успеат да го пласираат својот труд на пазарот. Тие се земјоделци од Источна Македонија - Кочанско, поточно Облешево, место познато по добрите услови за земјоделство. Крајот е познат и по друго - таму се наоѓа најголемото живеалиште на штркови во Европа. Меѓу тие штркови е и Силјан кој според легендата всушност е избеганиот син на Никола и после клетвата од татко му се претворил во штрк.
Ми се допадна што филмов опфаќа неколку теми - Конекцијата меѓу Никола и Силјан, земјоделските маки, семејните односи и друго. Комбинирани се повеќе наративи во една целосна приказна и мислам дека секој би се сложижил дека е изведена на светско ниво! Пејсажите, камерата, се е прекрасно. Единствена замерка имам за преводот - не одговара 100% на зборуваното од луѓето. На моменти исто не се разбира што зборат. Уживав додека го слушав нараторот.

4.5/5

2. DJ Ahmet

IMG_6118.jpeg

Приказна сместена во близината на Радовиш, во едно јуручко село. Прикажан е Ахмет, од семејство со помал брат, строг татко, без мајка. Спасот од секојдневната напорна работа го наоѓа во слушање музика. Најчесто со помалиот брат - Наим. Ахмет запознава девојка која е ветена за друг.
Интересен, необичен филм. Ако не беше наш мислам дека никогаш не би го гледал и би ѓу дал повисока оценка. Некако целиот тој хаос околу малиот што не сакаше да збори, селфињата, миксот од традицијата и модерниот свет, не ми се допадна баш. Позитивно од филмот би ја издвоил актерката која беше преубава и прекрасни очи. Сцената кај шо оџата на звучниците од џамијата ја пушти интро песната од windows xp - прејака сцена.
Исто, забележка ми е што филмот не е на македонски јазик. Можеше сето тоа да се одигра во село каде што се македонци.

3.5/5
 
46. 2025

3. One Battle After Another


IMG_6137.jpeg

Филмот е поделен на неколку етапи - 16 години пред вистинските случувања во филмот и сега. Се запознаваме со радикална група од луѓе кои се незадоволни од општественото уредување и постојано создаваат диверзии. Грабежи, киднапирања, протести.. Најистакнати за нас се Боб и Перфидиа, лудо вљубена двојка. Додека женската не запознае еден генерал, при една од акциите за создавање немири. Останува во тајна врска со него. После некое време жената раѓа, по што заедно со Боб се одделуват и “пензионираат”. Сепак таа се става на прво место и ги напушта детето и мажот за да продолжи со бунтовниот живот.
Вториот дек е 16 години подоцна. Самохраниот родител и веќе дете тинејџер се изолирани во некое друго општество. Целта е Боб да не биде поврзан со старите дела. Додека не им дојде неочекувана посета.
Признавам, на филмов му влегов доста скептично. По принцип не гледам нови филмови, освен ако не се од познати режисери и со добар актерски состав и освен тоа е 2 саата и 40 минути, веќе нормално за модерните филмови, ми изгледаше премногу. Сепак, се испостави дека всушност филмот е пополнет перфектно. Нема време за банални дијалози и филер сцени. Цело време висок интензитет, акција, смешки. Леонардо си изгази, улогите во кои ликот треба да биде збунет, смотан номистовремено снаодлив се како створени за него. Инфинити - прекрасна жена, се надевам ќе се развие.
Единствена замерка имам за музиката која одеше во позадина при некоја напната ситуација. Ми бркаше во уши.

4.5/5
 
Последно уредено:
46. 2025

3. One Battle After Another


Прегледај го приврзокот 464599

Филмот е поделен на неколку етапи - 16 години пред вистинските случувања во филмот и сега. Се запознаваме со радикална група од луѓе кои се незадоволни од општественото уредување и постојано создаваат диверзии. Грабежи, киднапирања, протести.. Најистакнати за нас се Боб и Перфидиа, лудо вљубена двојка. Додека женската не запознае еден генерал, при една од акциите за создавање немири. Останува во тајна врска со него. После некое време жената раѓа, по што заедно со Боб се одделуват и “пензионираат”. Сепак таа се става на прво место и ги напушта детето и мажот за да продолжи со бунтовниот живот.
Вториот дек е 16 години подоцна. Самохраниот родител и веќе дете тинејџер се изолирани во некое друго општество. Целта е Боб да не биде поврзан со старите дела. Додека не им дојде неочекувана посета.
Признавам, на филмов му влегов доста скептично. По принцип не гледам нови филмови, освен ако не се од познати режисери и со добар актерски состав и освен тоа е 2 саата и 40 минути, веќе нормално за модерните филмови, ми изгледаше премногу. Сепак, се испостави дека всушност филмот е пополнет перфектно. Нема време за банални дијалози и филер сцени. Цело време висок интензитет, акција, смешки. Леонардо си изгази, улогите во кои ликот треба да биде збунет, смотан номистовремено снаодлив се како створени за него. Инфинити - прекрасна жена, се надевам ќе се развие.
Единствена замерка имам за музиката која одеше во позадина при некоја напната ситуација. Ми бркаше во уши.

4.5/5
Знаеш дека ова е еден вид непопуларно мислење на форумов?

Инаку, 99% филмов ќе земе Оскар за најдобар филм годинава.
 
Знаеш дека ова е еден вид непопуларно мислење на форумов?

Инаку, 99% филмов ќе земе Оскар за најдобар филм годинава.
Претпоставувам, со оглед на тоа какви оценки му имате нашибано. Не знам зошто толкав хејт. Во споредба со сите глупости што излегоа последниве 7-8 години овој е перфекција. Имаше малку воук срања ама не беа во прв план.
 
Претпоставувам, со оглед на тоа какви оценки му имате нашибано. Не знам зошто толкав хејт. Во споредба со сите глупости што излегоа последниве 7-8 години овој е перфекција. Имаше малку воук срања ама не беа во прв план.
Јас не. Јас 7/10 му дадов. Не дека ми беше WOW, ама ОК беше. И имаше доста woke пропаганден материјал, и тоа баш во преден план. Друго - имаше многу неверојатни и непотребни моменти. Особено на крајот со Шон Пен - го убија, па го оживеаја, за после 5 минути пак да го убијат. Тотално непотребно.
 
Особено на крајот со Шон Пен - го убија, па го оживеаја, за после 5 минути пак да го убијат. Тотално непотребно.
И ја така мислам. Ама пак имаше добра поента враќањето - да каже дека го силувале за да му ја украдат спермата. :pos:
 
Додека сме во 2025 јас ќе се потрудам да изгледам што е можно повеќе од кратката листа со интернационални филмови. Почнав со тој кој е веројатно најсериозен кандидат да го освои Оскарот:

79. Affeksjonsverdi / Sentimental Value - Joachim Trier (2025)

1766595881306.png

Јоаким Триер дефинитивно is not my cup of tea! Некако не можам да се сконцентрирам на неговите филмови, прехерметичен ми е. Слично како и претходниот негов, The Worst Person in the World (2021) кој исто како овој беше еден од најголемите кандидати за Оскар во таа категорија, за на крај, ако не се лажам, да не успее да влезе ни до кратката листа. Значи многумина во Академијата го имаат истиот проблем со него како што го имам јас и затоа мое (непопуларно) мислење е дека и овој нема да освои Оскар. Се надевам дека грешам, времето ќе покаже. Истата главна актерка е во двата филма, Ренате Реинсве. Има дури и една сцена во овој филм, каде главниот лик трча што е буквално рекреација на истата таква сцена од претходниот филм. Многу ме потсети овој на тој.

Станува збор за едно тивко филмче кое навлегува длабоко во еден комплициран однос меѓу татко и ќерка (поточно: ќерки) и последиците од тој однос. Таткото - режисер и ќерката - актерка, никогаш не успеале да се поврзат еден со друг, зашто таткото најчесто, заради работни обврски не бил присутен во животите на неговите две ќерки. Затоа таа цел живот го обвинува за сите сопствени неуспеси, меѓу кои крајниот - нејзиниот обид да се самоубие, исто онака како што се самоубила нејзината баба, а негова мајка - со бесење. По многу години и смртта на нивната мајка а негова сопруга, таткото се враќа во нивните животи велејќи дека напишал филм за неговата мајка и нејзиното самоубиство, и и вели на ќерката актерка дека сака таа да ја игра главната улога, што нормално, оваа одбива и истото е само уште поголемо продлабочување на јазот меѓу двајцата. По тоа, тој ја нуди улогата на млада, но афирмирана американска актерка...

Знам дека ова што го напишав изгледа како да открив многу во филмот, но верувајте дека ова е само краток синопсис кој можете да го прочитате секаде. Ова не е филм со многу дејство, но е филм со многу емоција. Од една страна е филм за филмовите и за актерската игра воопшто (нешто што ќе собере поени меѓу гласачите во Академијата), но од друга е навистина болна и реална приказна за семејните односи, за татковството, но и за каењето и сопствените начини да се исправат некои грешки од животот. Особено ми се допадна последната четвртина во филмот која е малку амбивалентна, но покажува и прикажува многу. Сублимирано, во последната сцена од филмот, во погледите, насмевките, широкиот кадар на крај - ја дава цела поента на филмот и за мене ја дигна оценката на едно, можеби и две нивоа. 7/10 од мене.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom