FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Џ

Џонтра Волта

Гостин
The Field (1990)


Добар е филмов.
Прво да ја пофалам глумата на Џон Хурт а и на Ричард Харис, извонреден настап, има таму една сцена кога ќе кажува колку му значи нивата, таков моќен монолог, ретки се тие изведби.
Џон Хурт е ова штрбле, игра улога на еден необичен, малце ментален лик кој слепо го почитува и подржува Бул МекКејб иначе работник на едно поле каде чуваат говеда а долги години го изнајмуваат од една вдовица која го има наследено имотот.

Полето, нивата, како сакате, цело село ја смета за своевина на МекКејб фамилијата, се додека еден ден вдовицата не одлучи да ја продаде.. на аукција, а на аукцијата се појавува странец.

Филмов е одличен, вака на прв поглед не изгледа нешто особено привлечно, ама станува збор за една многу моќна драма.
Временски некаде после ирското осамостојување од Британија и поентата на Полето не е баш тоа обично парче земја туку нешто друго, нешто подлабоко, нешто свое.
Полето е Ирска, МекКејб е гордиот националистички ирски народ цврсто застанат да го брани своето, Том Беринџер-американецот-странецот се оние ирски избеглици кои избегале преку барата кога било најтешко...

Ова и за нас важи пошто све продадовме.
За српскиот Професионалац најдов иста поврзаност со нас, па еве и овој е таков.

Јак филм у секој случај, ми остави баш голем впечаток, дело на Џим Шеридан.

Оценка, 8.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Some Mother's Son (1996)

*Стојна на Кумплунг и Кралицата Елизабета во некој паралелен универзум некогаш низ историјата. :D

Некои мајкини синови е филм правен по вистинска приказна за штрајкот со глад во затворот во Северна Ирска после немирите во 70тите години, каде Боби Сандс е лидер на затворениците кои протестираат и бараат права да бидат третирани како воени затвореници а не криминалци.

Приказната се фокусира на други двајца затвореници (изменети им се имињата во филмов) односно нивните мајки надвор од затворот. Едната сериозен подржувач на ИРА, другата не баш - не е против ама е резервирана, прибрана жена, наставничка. Нивната борба со самите себе, со надворешниот свет, со нивните деца кои сериозно се навлезени во протестите и идеологијата.

Мора да се спореди со Hunger на МекКвин кој повеќе се ориентираше во затворот, повеќе време е посветено на Боби Сандс и неговата борба одвнатре како и жестокиот третман од британската полиција.
Тука поубаво е прикажана целата таа ситуација и целиот тој период пред и за време на штрајкот со глад каде 10 луѓе го загубија животот.

Hunger ми е гледан одамна и ко што кажа МекКвин (нашиов :D) е малце тежок филм и нема што посебно да гледаш освен тоа како Фасбендер е третиран како животно. Тука го нема тоа, нема некои ужасии и немили сцени. Затворениците си протестираат, мајките нивни надвор се борат со сите сили за нивно добро. Ама е далеку од досаден филм. Хелен Мирен врвна глума.

Ако некој ме праша за предлог филм за тоа време, јас би му го предложил овој, па после тоа Hunger.

@The Cooler King ако имаш време и те интересира. (y)

Оценка 7.5
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
Џ

Џонтра Волта

Гостин
In the Name of the Father (1993) (Р)


Идеално време да се репризира филмов. Не планирав сега ама така ми дојде некако, секако имав време а и снемав веќе избор за Ирска.

Вистинска приказна за Гери Конлон, млад ирец кој за време на еден бомбашки напад во Лондон ќе се најде на погрешно место во погрешно време. Ќе биде уапсен и заедно со уште 3ца ќе бидат осудени на доживотни затворски казни. Веднаш потоа како наводни соучесници во нападите ќе бидат уапсени неговиот татко Џузепе и уште неколкумина блиски луѓе.

Нема што многу да се збори за филмов, 7 номинации за Оскар меѓу кои и тој за најдобар филм, најдобар главен актер, најдобар спореден актер, најдобра споредна актерка и најдобар режисер.

9ка.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
In the Name of the Father (1993) (Р)


Идеално време да се репризира филмов. Не планирав сега ама така ми дојде некако, секако имав време а и снемав веќе избор за Ирска.

Вистинска приказна за Гери Конлон, млад ирец кој за време на еден бомбашки напад во Лондон ќе се најде на погрешно место во погрешно време. Ќе биде уапсен и заедно со уште 3ца ќе бидат осудени на доживотни затворски казни. Веднаш потоа како наводни соучесници во нападите ќе бидат уапсени неговиот татко Џузепе и уште неколкумина блиски луѓе.

Нема што многу да се збори за филмов, 7 номинации за Оскар меѓу кои и тој за најдобар филм, најдобар главен актер, најдобар спореден актер, најдобра споредна актерка и најдобар режисер.

9ка.
Многу убав филм, одамна го гледав. :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.067
Завршуваме со Ирска. Очекував барем јас да изгледам повеќе, ама ете, се случија непредвидени работи кои никој не може да ги планира. Здравје, ќе има и друга прилика.

Во Ирска беа дури осуммина, изгледаа 16 филма со средна оценка 7,65 (мислам дека е втора највисока до сега, ама не можам многу да проверувам, можеби следниот пат). Ова е по членови:

@Filip Telford - 6 филма, просек 7,75
@The Cooler King - 3 филма, просек 7,33
@Keyser - 2 филма, просек 8,00
јас, @Shawn Spencer , @Dumbledore , @Mark Renton и @Agda Beata - по 1 филм, просек 7,6

Следна дестинација:
Luxembourg.jpg

24. ЛУКСЕМБУРГ 05 - 11.11.2022

Како една од најмалите држави, нормално дека се признаваат и филмови кои на било кој начин се поврзани со Луксембург: снимени таму, режисерот е од таму, главната актерка имала тетка таму :D и сл.

Luxembourgish submissions for the Academy Award for Best International Feature Film
Luxembourg stories
10 Luxembourg films you should see
Luxembourgish Films

Genéissen!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.067
58. Extraordinary Tales (2013)

1667734092866.png

Филм - антологија, составен од 5 кратки анимирани филмови, екранизации на хорор приказни од перото на Едгар Алан По. Во режија (и во уште милион други улоги, баш one-man-show) на аниматорот Раул Гарсија, аниматор во Дизни кој не е познат по негово лично дело, но има работено на скоро секој еден од Дизни класиците на кој ќе ви текне: од Who Framed Roger Rabbit и The Lion King до Aladdin (2019). Филмот е копродуциран од Луксембуршкиот филмски фонд, па од таму се најде тука. Анимацијата во секој од кратките филмови е различна, што го прави секој сегмент одделен од останатите а единствено што ги поврзува се По и смртта. Во некои од филмчињата уживав, други носеа малку поинаков тон и ми беа досадни. Секој од филмовите има различни наратори (освен „Маската на црвената смрт“ која е без наратор), од кои двајца се Кристофер Ли и Гиљермо дел Торо, што и можеби е најинтересното нешто во филмот. Еден од нараторите, унгарскиот актер Бела Лугоши е роден во 1882, а починал во 1952, 61 година пред да биде снимен филмов, па така за неговиот сегмент, нормално, земена е архивска снимка. Така, генерално земено, ова беше еден просечен филм. Убаво искуство за тие кои го сакаат По (@Corvus , ако не си го гледала ова, мислам дека ќе уживаш). Но не би го препорачал секому. 6/10

P.S. За оние кои сакаат да ѕирнат нешто, сегментот „Фактите во случајот со г. Валдемар“ ми се допадна најмногу. Тоа би можел да го препорачам.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
The Lost Battalion (2001)


Прва светска војна. Вистинска приказна за еден американски батаљон во Франција, Аргон, предводени од мајорот Чарлс Витлси кои ќе бидат испратени во смртоносна мисија и ќе останат заглавени и опколени од германците.

Телевизиски филм, луксембуршко-американска продукција, снимен во Луксембург.
Не е лош, саат ипол трае, се пукаат се рокаат цело време, се бранат американциве предадени од своите односно свесно жртвувани. Секоја чест за Мајорот на храброста и упорноста.

Неам некои посебни замерки ниту пак пофалби, коректен филм, не допре нешто многу до мене, да бидам искрен не ме ни интересираше многу многу приказната.

Сакав нешто полуксембуршко да гледам, ајде ваљда следниот што ги имам во избор ќе биде подобар, ако ништо друго бар да зборат на нивни јазик и да видам како живеат.

За Изгубениот батаљон, само 5.5/10.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Gutland (2017)


Еден германец доаѓа во едно луксембуршко село и бара работа, иако жетвата во селото е веќе започната сепак една девојка ќе успее да му помогне. Ќе се плетка со неа, ќе се запознава со локалците и ќе се вклопува во животот на селаните, ќе се привикнува на живот на село и работа низ полињата.
И саат време апсолутно ништо не се дешава, оддава некоја натприродна атмосфера, малце потсеќа на М.Најт Шјамалан, некој таков обид за трилер-хорор а уствари сето тоа е многу досадно.
Да не видиш дека жанровски е трилер-мистерија, ќе умреш од досада многу порано, вака бар си викаш ај да видиме што е мистеријата.
Негде на средина се открива мистеријата ама ти веќе длабоко си потонат у очај и кур те боли што ќе се деси у продужение, последните 2-30 минути добиваат на динамика ама ко што кажав, ти веќе си се откажал од филмот и крајот нема нешто многу да те изненади.

Добар обид али многу просечна реализација.
Едино мора да ја пофалам кинематографијата, стварно убава, прекрасни кадри, многу убаво место, шуми, ниви, ливади, полиња. За мерак да гледаш.

4/10.
Тоа е тоа од мене и Луксембург.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.067
Само јас и @Filip Telford бевме во Луксембург. Вкупно 3 филма гледавме со просек 5,16.

@devilko , @Shawn Spencer , @Dumbledore , @The Cooler King , @Shutmanga , @Mark Renton , @grande-juve , @moongoses , @Violetova , @Keyser , @Corvus , @Imperatorot , @zmija1 , @Варвара , @Agda Beata и @Jon The Snow останаа некаде на пол-пат.

Полека но сигурно стигнавме до пола. Пола Европа со оваа 25 држава ќе биде помината. Останува уште една половина од предизвикот. Се надевам ќе фатат приклучок и останатите.

Следна дестинација е:

Cyprus.jpg

25. КИПАР 12-18.11.2022

Мала забелешка: заради работни обврски не знам дали ќе бидам во можност да објавам нова држава на 18.11, затоа, можеби ќе биде пролонгиран терминот за ден-два. Нема да смени ништо, зашто и следната држава е исто така мала држава, па ден помалку или повеќе во термините мислам дека не значи многу.

Некои листи:

Cyprus Cinema
Κύπρος, Kıbrıs, Cyprus
cypriot movies
The Great(?) Contemporary Cypriot Anthology

Не најдов податок дека Кипар некогаш испратил филм кандидат за Оскар, што значи тоа е првата таква држава на патувањево. Се надевам дека ќе најдеме нешто гледливо.

Aπολαμβάνω!
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Луксембург
#47. Icare (2022)



Луксембург годинава испраќа цртан филм ко свој кандидат за Оскарите.

Приказната за Дедал и син му Икар, првите митски летачи што летале преблиску до Сонцето. Тоа е сè што се сеќавав за митов, а цртаниов ме потсети дека заправо Дедал го изградил лавиринтот што го нарачал Минос, минотаурот, Тезеј…

Зошто Луксембург се одлучил да го сними цртанов по грчки мит поима немам, исто ко зошто Теона сними филм за војната во Босна…

Кај анимирани ценам приказна и анимација, овде приказната беше ок, генерално позната, а анимацијата не ми се свиѓаше и ме потсети на оние библиски цртани што ги даваа порано за празниците, а воопшто не ги сакав.

Оцена 5/10.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Bourek (2015)


На еден грчки остров кој се наоѓа пред пропаст, каде локалците си ги продаваат своите имоти, едни брат и сестра држат нешто као камп. И тука ќе дојдат 3 4 различни парови кои ќе се дружат, запознаваат бла бла бла.
Тапа филм у главно, некој обид за комедија и романса нешто.

Продукциски е филм на Кипар, снимен во Грција, со режија и сценарио на србин, српски, грчки, американски актери и еден кипранин или кипарјанец како и да е правилно.

Ништо друго не ми фаќа око од Кипар така да ќе остане само на овој филм, колку да се запишам.

4ка за Бурекот.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.067
59. .dog (2021)

1668544726812.png

Ништо посебно. Го гледав само зашто го имаше на HBO Max (а знам зашто почнува на точка, и кога и да отворам HBO OD е првиот филм кој се појавува во подменито „филмови“), да не се мачам да барам и симнувам (до душа симнав уште 2 отпосле, ама немам некоја желба да ги изгледам, а и немам баш време). Се работи за младиот Димитри (Димитрис Китсос), се уште малолетен, и живее во дом за деца без родители затоа што мајка му е почината а татко му во затвор. Работи во автомеханичарска работилница кај луѓе кои му веруваат и го сакаат како свој син. Но се се променува откако неговиот биполарен и проблематичен татко излегува од затвор и Димитри скоро романтичарски го поставува на пиедестал, па така навистина болна е и за него а и за нас како гледачи деградацијата која ја доживува во секој поглед додека вистински го запознава татко му. Има тука интересно портретирање на карактери, интересна симболика со кучињата (ме потсети по малку на Under the Silver Lake кој беше мој предлог во Клубот), но му фалеше некоја доработка на целата идеја. Не дека остана недоречен, генерално кажа што имаше да каже, само ми делуваше површен и во крајна линија без поента. Само 5/10 од мене.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Кипар
#48. Siege on Liperti Street (2019)



За филмов знаев од порано и знаев дека го има на HBO, па да не се замарам со барање торенти/преводи HBO Max saves the day.

Кипранско-грчко семејство живее во некое место до неутрална зона која ја чуваат Турците. На телевизија одат вести за преговори за смирување на тензиите меѓу Кипраните-Грци и Кипраните-Турци.
Семејствово не сакајќи упаѓа у срање ситуација и за да ја реши ситуацијава мажот ко глава на семејството прави заседа во куќата и преговара со полицијата.

Веројатно звучи збунувачки мојот опис, али доколку објаснам подобро, ќе го откријам цел филм, а може некој ќе сака да го гледа.

Глума ништо посебна, визуелно не ми се свиѓаше, приказната иако имаше заокружен крај ми беше празна и недоречена.
Оцена 5/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.067
Јас, @Filip Telford и @Shawn Spencer повторно само ние тројца бевме и на Кипар. Никој друг не не дружеше. @devilko , @Dumbledore , @The Cooler King , @Shutmanga , @Mark Renton , @grande-juve , @moongoses , @Violetova , @Keyser , @Corvus , @Imperatorot , @zmija1 , @Варвара , @Agda Beata и @Jon The Snow којзнае кај се.

Гледавме 3 филма со средна оценка за Кипар = 4,66.

Одиме понатаму. Следна дестинација:

Andorra.jpg

26. АНДОРА 19-25.11.2022

Ова се две единствени листи на филмови од Андора. Господ нека ни е на помош!

Andorra | World Charts
Films by country: Andorra Feature Films (1935-2020)

Gaudeix!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom