Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Добар е The Fourth Kind, ми препорачуваат да го гледам, па да прашам дали вреди да се симнува?
Гледам дека е базиран на вистински случки.
Абе ок е филмот и да базиран е на вистинска случка али откако ќе го глеаш нема да ти се верува толку многу, пошо има некои настани што изгледаат реални а некои не
 
Го изгледав, навистина добар филм, вредеше секој мегабајт, само ни на момент не ме исплаши а сите ми велеа за тоа.
 
Абе ок е филмот и да базиран е на вистинска случка али откако ќе го глеаш нема да ти се верува толку многу, пошо има некои настани што изгледаат реални а некои не

Абе каква вистинска случка. Цел филм е измислен.
 
Може ова го читал....:)

Без разлика што и да прочитал човек за филмов, има толку многу дупки што нема шанси да те замислат дали е вистина или не. Тотално утнат филм според мене.
 
Без разлика што и да прочитал човек за филмов, има толку многу дупки што нема шанси да те замислат дали е вистина или не. Тотално утнат филм според мене.


И мене воопшто не ми се допадна ми беше беден фолмот, а и не сум љубител на сајфај хорори
 
А зарем не знаете дека сите хорори под дифолт се правени од вистинска приказна? :)
 
Дали некој го има гледано Мајки од Милчо Манчевски да ми каже нешто повеќе?
 
Дали некој го има гледано Мајки од Милчо Манчевски да ми каже нешто повеќе?

Има цела тема за Мајки на Милчо Манчевски. Ама нејсе тоа, што бараше постов во Последен гледан филм со кратка рецензија ќе остане вечна енигма.
 
Добар е The Fourth Kind, ми препорачуваат да го гледам, па да прашам дали вреди да се симнува?
Гледам дека е базиран на вистински случки.

Супер е филмот и киднапирањата се буквално како да доаѓаат вонземјаните од друга димензија и така се представени. Гледај го и ќе видеш на што мислам ако и веќе го немаш гледано.
 
Има цела тема за Мајки на Милчо Манчевски. Ама нејсе тоа, што бараше постов во Последен гледан филм со кратка рецензија ќе остане вечна енигма.
Сакам да ми биде последен гледан филм за оваа недела. Ако имас случајно линк за торент прати ми ПП :D
 
Браво, заради вакви постови, вреди да е човек на форумов. Ми се свиѓа критичкиот став и се согласувам, а што мислиш за идејата така да се преобрати човек? Може не си го пишала за да нема спојлери, ама факт е дека толкав пост за филм би прочитал само некој што го гледал филмот, така да, сакаме спојлери.

Идејата е сосем на место. Отвора дилема околу која може да се дебатира. Мене ме изиритира реализацијата на таа идеја преку филмот, зашто кога ќе го ставиш сето ова на хартија, (млад човек сака да се преобрати од криминалец во примерен граѓанин) идејата е совршена. Јас сметам дека Кјубрик му направил голема противуслуга на филмот со тоа што постојано инсинуира секс и насилство без поента. Како да нема ништо измеѓу во филмот. Се прашувам како поновата генерација на режисери би го обработила филмов. Имаше еден коментар на ЈуТјуб дека ова е филм на кој никогаш не би смеело да се направи римејк. Јас и сум во принцип против римејкот како поим, меѓутоа во случајов филмот е до толку искултивизиран што нема ни простор за такво нешто. Сакам да кажам можеби туѓата режисерска перцепција освен онаа на Кјубрик би можела подобро да ја претстави идејата на платното.

Филмов нема класични спојлери, зашто е дискутабилен сам по себе. Се трудев да не откривам сцени, чисто заради филмот сам по себе, мислам дека нема спојлер со кој што тој може да се расипе, не е така скроен...:)
 
aj ako saka nekoj,da mi predlozi nekoja dobra webstranica za poglednuvanje online filmovi....fala odnapred
 
[/COLOR]Иначе има уште еден филм кој содржи вакви сцени, тој хоророт што го [post=4005496]испофалив, Penny Dreadful (2006)[/post].
Ако ви се допаднал некој од овие, ќе ви се допадне и овај.

Добар филм.
 
Whatever works
Вуди ален е режисер, одма може и да се претпостави пробал нешо да филозофира али имаше многу нелогичности во неговививе филозофии
на пример на почетокот ако карл маркс и теориите за демократија и доброчинство на човештвото се глупи и неразумни, земајќи го предвид фактот дека човечката природа е покварена, зашто воопште татко му се замарал да се самоубие, нели е нелогично да се замара со несреќните околности што го снаоѓаат светот, земајќи предвид дека тој во суштина е "покварен човек" како што Вуди би рекол
Сите ликови во филмов добиваат некакво ослободување од самите себеси, било да е од сексуална природа или било што, еден вид пронаоѓање на себеси,што е еден вид на "тинејџ ефект" така би го нарекла пошто, само они се диват на овакви работи.
НЕли тука спаѓа откритието на таткото дека е геј, амајката дека е промискуитетна уметница
И уште една нелогичност во самиот лик
Ако Борис е навистина таков песимист и постојано пробува да се самоубие, зашто при крајот на филмот се прашува зашто луѓето слават нова година кога тоа изгледа како да се поблиску до гроб за 1 година, нелогичноста се состои во тоа што тој треба баш тоа и да го слави, ближењето на крајот, нели и онака сака да се самоубие и животот го сфаќа како безвредно нешто
Да не го тупам се на се 5/10

Филмов дефинитивно заслужува повисока оценка, не навлегувам во твоите забелешки зашто одамна го имам гледано, но сепак во целина ми се допадна, некои 7 out of 10.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom