Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
^^
Сеа со лебовски се вадиш али џабе ти е :)
 
Repo Men 2010
http://www.imdb.com/title/tt1053424/

Болни луѓе купуваат вештачки органи од една корпорација наречена UNION, и кога купувачот ќе закасни со ратата за плаќање вработените во UNION Remy и Jake ги пронаоѓаат луѓето и извршуваат хируршки зафати без анестетици и ги враќаат органите во компанијата!!
добро филмче, би му дал оценка 8/10..
има интересен крај!!

Далеку е од 8ца ...сосема просечна приказна а за крајот
не мораше да го откриеш
 
Office space

Се работи за еден страшно иритирачки тип кој не сака да иде на работа. Идиот. И ќе направи план со колегите да му вратат на шефот за се што тој им прави на нив. Прилично досаден филм, без поука. Уствари има поука - направете вирус, ограбете 300 000 долари и не се секирајте, ќе имате среќа да не ве фатат. 2/10, ептен колку да не биде 1. Појма немам зошто филмов има 7.9 на имдб. Нека ме просветли некој.

Цитатов од сликава не е направен за потребите на сликата, туку е навистина цитат на ликот.
OfficeSpaceMotivation.jpg

Како да те просветлиме девојче, кога единствени комедии за тебе се Chicken Little и Shrek...едноставно избегавај комедии со високи оценки на IMDB (Office Space, Knocked up) и бирај ги оние Eddie Murphy like (Meet Dave) со просечна оценка 4-5.

--- надополнето ---

Kaко бе срце не ти се допадна? (srcee; pun intended)
И јас му имам дадено 8ца. Има специфичен хумор, и не допира до сите. Не е реченицата у стил "не си го сфатила, иди гледај американска пита" туку вкусови во прашање. И друго, that's strike two. Ова и Jacob's Ladder. На трет пат стварно добиваш црвенко.

:devil3:

Не се пувај бе ти со мои смајлија и аватари од мои филмови...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Repo Men 2010
http://www.imdb.com/title/tt1053424/

Болни луѓе купуваат вештачки органи од една корпорација наречена UNION, и кога купувачот ќе закасни со ратата за плаќање вработените во UNION Remy и Jake ги пронаоѓаат луѓето и извршуваат хируршки зафати без анестетици и ги враќаат органите во компанијата!!
добро филмче, би му дал оценка 8/10..
има интересен крај!!

Нели мислиш дека со ова им го расипуваш филмот на луѓето што не им е гледан?
 
А да идеа сите овие реплики во "Генерална Дискусија" вака и ние не поамагаме на тие што сакаат да ѕирнат некој предлог, се расипува темата.
 
Dante's Inferno Animated

Прегледај го приврзокот 33455

Анимиран филм за Пеколот на Данте Алигиери, но едвај и да има допирна точка со она што навистина Данте сакал да го прикаже во делото. Поинаква приказна, премногу врескање, борби и „страшни“ чудовишта. Тотално ми ја уништи претставата и визуелизацијата што претходно ја имав. Едвај чекав да заврши филмот. Можеби треба да се цени трудот што е вложен за да се креира еден ваков продукт, но мене не ми се допадна. Оценка 2/10. Можеби и пресурово, ама го сметам за унаказа на врвно литературно дело.

Мислам дека е правен според некоја игра за конзоли а не според книгата...иначе ниедна будала не би се нафаќала да го прикаже пеколот на данте на филм :) . Незнам Se7en дали ти е гледан :) ? (има каква таква поврзаност со делата на Данте :) и би ти се допаднал
 
Dante's Inferno Animated

Прегледај го приврзокот 33455

Анимиран филм за Пеколот на Данте Алигиери, но едвај и да има допирна точка со она што навистина Данте сакал да го прикаже во делото. Поинаква приказна, премногу врескање, борби и „страшни“ чудовишта. Тотално ми ја уништи претставата и визуелизацијата што претходно ја имав. Едвај чекав да заврши филмот. Можеби треба да се цени трудот што е вложен за да се креира еден ваков продукт, но мене не ми се допадна. Оценка 2/10. Можеби и пресурово, ама го сметам за унаказа на врвно литературно дело.

Судејќи по описот и сликчето најверојатно линкот ти е грешен а следниов е точен.
Овај цртан е адаптација на видеоигра. Тие што ја правеле играта сакале да направат акциона игра во која опкружувањето е пекол па најверојатно се го избрале делото на Данте како главен извор на испирација, од таму и истото име. Но играта има . Превземена е само идејата со круговите. Така се прават игрите, се зема идеја која си зема свои правци (правци, не правец, игра е... туку за филмови зборуваме).
Е сега јапонските аниматори многу сакаат да прават акциони цртани (види Драгонбол, Наруто) па се договориле со ЕА да ја адаптираат играта. Тие не пробувале да го анимираат оригиналното дело туку акцијата од играта. И како акционо аниме е добро направено.
Еве еден [post=3375052]мој опис[/post] на цртанот, без оценка. А ако би му давал бројчана оценка, нешто околу 6,5.
 
A Clockwork Orange (1971)

Ремек дело на Кјубрик кое не го препорачувам на секого ма да на тие кои би им го препорачал веќе го имаат гледано . Сторијата -во од 1971 блиската иднина во британија ,деликвентот Алекс(кој ужива во секс и насилство) и неговите приврзаници вршат ситни криминални дела,силување,кражби и влегување во туѓи домови.

Зезаш.
 
Простете за нубското објаснување, знам дека може и да ви даде погрешно мислење за филмот, но и јас допрва ќе го гледам цел. Сега само вака ви го објаснив, без поента:toe:. Меѓутоа, сигурен сум дека АКО издвоите малку време, барем да го погледнете, ќе го смените мислењето и ќе сакате да го изгледате цел.
Веќе го даде нубското објаснување. Изгледај го цел, разбери што сакал да каже авторот, па тогаш дај мислење.
 
кој е бе во комисијава за оскари ? :)

во иста година биле номинирани " Ничија Земја " и "Amelie" , и оскарот им го дале на босанците :tapp:
 
кој е бе во комисијава за оскари ? :)

во иста година биле номинирани " Ничија Земја " и "Amelie" , и оскарот им го дале на босанците :tapp:

Оскарите често, многу често се одраз и жртва на интересите на разно - разни холивудски групации, лоби групи и сплеткарења. Многу величенствени филмови, режисери, сценаристи и актери никогаш не добиле оскар (некои немаат ни за животно дело) само затоа што се замериле со некого од Академијата или пак, му застанале на патот на нечиј син, ќерка и сл.
Слично е и со сите развикани награди, како Нобеловата на пример. Не секогаш доделениот оскар ми е знак дека е работи за врвен филм.
 
може некој да ми даде торент од A Nightmare On Elm Street 2010???
не можам да најдам квалитетен торент,ако најде некој нека писе пп!
 
Незнаев каде да го сместам па овде :) Превод за прва епизода Accidentally on Purpose Линк
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom