Psycho (1960)
Аaah, класика. Иако веќе видено во понови oстварувања слично искористена идеата во најразлични варијанти, сепак задоволително. Хичкок, секоја чест за креирањето на тензија која ќе те држи до самиот крај. Факин мастерпис. Приказната започнува со девојка која краде 40.000 и се обидува да побегне, узпат мора да преспие во ефтин мотел каде приказната почнува да се одвиткува. Не верувам вистинските филмофили/филмомани го имаат пропуштено, сепак кој го нема гледано, препорачувам, 10/10.
One Flew Over the Cuckoo's Nest (1975)
Фасцинантна драма. Jack fuckin Nicholson! Oдлична глума, истотака одлична и потресна приказна.
Има својствен црн хумор да ве насмее но сепак доста реално екранизирано. Прикажува какво нечовечно однесување има во психијатриските установи, навикнувајќи ги пациентите на рутина третирајќи ги како во зоолошка. R.P. McMurphy е донесен од затвор таму за да биде проценет и е pain in the ass за администрацијата на болницата. Аs far as the story goes, бунтовноста и несериозноста на Николсон го чинеше многу. 9/10.
Jacob's Ladder (1990/I)
Благодарение на mindfuck торентот, го имам филмчето, одамна и доста време го игнорирам. Не сум некој голем фан на Tim Robbins.
Сепак my personal favourite стил, психо трилер. Мада Нортон би завршил подобра работа. Ветеран од Виетнам почнува да добива сенслес флешови и гледаме како frequently стиска alt+tab од еден негов фрагмент од животот во друг. Животот му се претвара во вивиден кошмар и започнува да истражува за денот на инцидентот кога бил на мисија со група војници. Интересно филмче, вреди да се погледне. Ме изненади, дека почнав со никакви очекувања. 7/8 од 10.