FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.860
КЛИК ТУКА ЗА НАЈНОВИТЕ ПРАВИЛА ПО ТРЕТИОТ РЕСТАРТ НА КЛУБОТ

Како што Moviespotting го должи името на култниот Trainspotting, така и Film Club го должи името на уште покултниот Fight Club. Со таа разлика што овде ќе си удираме боксови со зборови. :D Концептот не е оригинален, го има на голем број форуми и низ светот, а и на некои кај нас, што значи не можам да се пофалам дека сум ја открил Америка, само ја адаптирам за наши потреби. Воедно, ова е првата од темите со кои планираме да го поттикнеме нашето и вашето уживање во филмовите, да го зголемиме (-те) бројот на избројани филмови во Moviespotting и изгледани филмови во животот (за оние што не бројат) а при тоа и да развиеме дискусија за конкретни парчиња од седмата уметност и да се дружиме.

Како функционира?

1. The first rule of Film Club is: you do not talk about Film Club! :P

2. Како клубовите на читатели. Идентично! Сите гледаме еден ист филм (поточно - иста верзија на еден ист филм) и потоа го коментираме истиот.

3. Секој кој сака може да стане член на клубот! Потребно е само да имате волја, и да одвоите по 2 часа време на секои 2 недели за да изгледате еден филм предложен од некој од членовите на Film Club (FC).

4. Да, исто како и во читачките клубови, и тука самите членови на FC ќе ги предложуваат филмовите. Секој кој сака да биде следниот чиј филм ќе го гледаат сите, може да се пријави за тоа или во темава, или нека ми пише приватна порака. Листата на членови кои сакаат да предложат филм ќе ја најдете тука: ЛИСТА НА ЧЛЕНОВИ НА FILM CLUB. Предлозите ќе одат по принципот - кој прв се пријавил, прв предложува филм. Со вашето пријавување за членство во клубот не треба и да предложувате филм, тоа ќе го направите кога ќе бидете повикани. ;)
NOTE: Секој предлог за филм ќе биде прво разгледан од модераторите на подфорумот Филм и ТВ (@џимеј и @wot ) и јас, како креатор на клубот. Ова - со цел да не ни изумрат милиони мозочни клетки ако некој предложи нешто како „Патот на кенгурите“, што еднаш се случи.

5. Предложениот филм МОРА да може да се најде за download преку некој од тракер сајтовите во минимум 720p. резолуција (HD). Секако, по договор, некои исклучоци може би биле дозволени (пример, ако станува збор за македонски филм, и сл).

6. Имајте разбирање за предлозите, почитувајте го мислењето на другиот. Да не се расправаме со муабети од типот - леле колку глупав филм, јас не го гледам!

7. Ќе биде креирана и Letterboxd листа во која еден по еден ќе бидат додавани филмовите за некој кој ќе се вклучи подоцна во клубот да може да не следи што сѐ сме гледале, па ако сака и да изгледа. Линк до листата: http://letterboxd.com/zlatikevichius/list/film-club/ (првиот филм нема да биде Fight Club, тој само го ставив за да можам да ја креирам листата)

8. Доколку некој веќе го има гледано предложениот филм, препораката е да го репризира додека го гледаме сите, затоа што и репризите се бројат во Moviespotting. :P

9. Што ќе постигнеме со клубов? На вашите изгледани филмови ќе додадете бројка од 26 нови (52 недели во годината = 26 филма), ќе научиме нешто ново за светот на филмот и ќе се дружиме разменувајќи ги нашите ставови за филмовите што ќе ги гледаме.

10. Темава ќе биде spoiler free, што значи не ја отварајте пред да го гледате филмот! ;)

11. Нормално, правилата на форумов важат и во темава, затоа be careful!

12. Почнуваме од понеделник, 28 декември 2015, со првиот филм, а дискусијата за него ќе трае до 10 јануари 2016 (две недели), по што почнуваме со вториот филм.

Сите прашања, согледби, предлози се добредојдени.
Let the Film Club 2016 begin!
 
Последно уредено:

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
And can you see the, oh so beautiful, irony? :D

Saka nekoj da predlozi prv film, da pocneme?
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Може да не предлагам а да глеам така? :D

Осеќам дека има да се контрам со пола форум ама ајде. :cool:
Da be, moze. Dojdi I vo Moviespotting druzi ne. I sea nov predizvik ke izvadime.

U moja kniga kontranjeto e dobro. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.860
Ја само ради ова дојоф

The first rule of Film Club is: You do not talk about Film Club
Ауу, да, заборавив. Менувам правила веднаш. ;)[DOUBLEPOST=1451062362][/DOUBLEPOST]
Може да не предлагам а да глеам така? :D

Осеќам дека има да се контрам со пола форум ама ајде. :cool:
Мојт, ама сепак морам да те додадам на листата на членови. ;)[DOUBLEPOST=1451062466][/DOUBLEPOST]И - НЕ ПРЕДЛОЖУВАЈТЕ ФИЛМОВИ СЀ УШТЕ, САМО ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ПРЕДЛОЖУВАЊЕ. Еве, гранде јуве е прв, Бомбастичниот втор. Next...
 
Последно уредено:

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Време е да го посветам моево форумџиско време малку повеќе во овој подфорум. Годишно сигурно достигнувам некоја бројка од 50+ изгледани филмови, а ретко пишувам тука. Јебем ти мрза.

+1
 
Член од
27 јуни 2015
Мислења
124
Поени од реакции
97
Стај ме во листата за предлагање да си чекам ред. Одлична тема
 

Kajgana Shop

На врв Bottom