FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.379
Поени од реакции
3.391
Јас се извинувам касно гледам.

Мојот предлог е Palmer (2021)
1730221211349.png

Едноставен, полн со надеж и втори шанси, сурова реалност и нечии животни приказни испреплетени со чувствителност и љубов.
Накратко, станува збор за Еди Палмер кој излегува од затвор по 12г поради обид за убиство, се преселува кај баба му а до неа живее Сем. Сем е младо момче кое ужива да носи фустани, да се игра со кукли и живее со мајка му која е зависник од дрога и нејзиниот насилен дечко. Од претходнава реченица сфаќате дека детето живее во еден тотален хаос додадете на тоа дека има и насилство од соученици. Тука конците се мешаат со Еди...
 
Член од
18 март 2019
Мислења
445
Поени од реакции
2.045
Dirty Harry

Филмов го гледав со друштво(можам да ги наречам филмски лаици, не дека сум јас некој експерт ама сум гледал се и сешто до сега), ги хајпнав дека ќе гледаме филм од филм клуб. Кога видоа дека се работи за филм од 70ти беа ко мех, шо не тераш да гледаме и слично, па само им кажав со Клинт Иствуд е филмот, сигурно е класика и има предобри рецензии и прифатија. Од кога почна филмот не го тргнаја погледот од ТВ :D Мислам ово доволно зборува за квалитетот. Сан Францско во 70ти вајб, газење. Едино што не ми се свиѓаше е што имаше многу не реални сцени, пример кога ке пукаше во некој го фрлаше10 метра назад, ама ајде се работи за стар филм, ќе го занемарам тоа. Исто не ми се свиѓаше што многу се издолжи и малку стана нелогично дејството, а и многу понови филмови се правени по овој концепт и малку тоа ми беше мех. Имаше добaр суспенсе,што го направи филмот да ти држи внимание. Се на се супер искуство 8/10 од мене.

Palmer

Гуд олд трејлер парк шит, со малку емо трејлер парк херој. Во глобала добра приказна, фил гуд филмче. Глумата некако слаба, другото во глобала ок. Држеше внимание што за мене е доволно да биде просечно добар филм. 6.5/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.746
Поени од реакции
2.561
Palmer (2021)

Уште еден од типот возрасен маж по сила на околностите ќе треба да се грижи за мало дете. Видено многу пати почнувајќи Чаплин. Овојпат тоа е тукушто излезен затвореник а момчето е од нефункционално семејство со афинитет кон сè што ги интересира девојчињата. Тука е онаа фаза на отфрлање, па топење на срцето, за на крај да се бори за да го задржи.

Малку беа иссилени некои сценаристички моменти, сè се случуваше баш кога и како беше потребно за да се движи дејството напред.
Сосема солидно направен филм, непретенциозен, без некои срцепарателни моменти, но не понуди ништо ново ни како приказна ни како филм.

7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.718
Поени од реакции
36.572
Прво морам да се извинам што не ви пишав ништо вчера, само изминатата недела имав премногу работни обврски, па се ми остана незавршено. Тоа и плус фактот што морам да ги одделам Клубот и Времепловот да почнуваат во различни понеделници ме натера да го продолжам рокот за Palmer за уште една недела. Ете, тие кои го имате гледано, може да гледате во меѓувреме некој друг филм од Клубот кој го имате испуштено.

Значи со нов филм тука одиме на 18.11.2024.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.718
Поени од реакции
36.572
Palmer

Многу позитивно изненадување за мене! Прво филмов не го гледав никогаш зашто мислев дека е некоја клише спортска драма под просек, зашто секаде во синопсис пишуваше: поранешен фудбалер... И испадна дека стварно е клише, ама ич не ми сметаше, зашто беше непретенциозен, тивок и особено - не тоа што очекував од него. Зборувавте за лоша глума - јас лоша глума тука не видов, се си беше на место. И цел филм, воопшто се си беше на место, освен, да повторам, тоа што е буквално препишан од десетици други слични и ништо ново не нуди. Ама со оглед на тоа што поминав прекрасни два саати во кои буквално не трепнав и што навистина позитивно ме изненади, со малку дарежливост, му дадов една висока 9/10. Big like!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.718
Поени од реакции
36.572
Дојде време за 205 филм. А негов предложувач е @Shutmanga кој се одлучи за еден... поинаков филм, по малку чуден, но дефинитивно филм кој ако не сте го гледале до сега, ќе ви остане во сеќавање.

205. Dogtooth - Yorgos Lanthimos (2009)
18.11-01.12.2024, предложувач: @Shutmanga
1731950334509.png
 

Kajgana Shop

На врв Bottom