FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
All Quiet on the Western Front (1930)

Пол Бојмер загина во Октомври 1918, еден ден кога на целиот фронт беше толку мирно и тивко, што воениот извештај се ограничи само на една реченица: "На Запад ништо ново".

Добро е што најдов време некако периодов да го изгледам повторно филмот. Првпат ми е гледан пред 10 години, кога ми се допадна многу, а пред 1 година ја прочитав и книгата, па затоа се решив овој пат да ви го предложам и вам. Имаше пред една година и германска адаптација, која не ја изгледав, но по дискусија со луѓе што го гледале, не бил верен кон книгата како што е овој од 1930 година.

Дејството го следи Пол, кој како ученик волонтира во војската, заведен од идеолошки приказни и е испратен на Западниот фронт. Таму се соочува со суровата реалност, каде другарите му умираат еден по еден, храната е ретка, живее во ужасни услови на фронтот и посебно со убиството на еден француски војник. Денес ова може да звучи како клише воен филм, но во 1930 овој бил пионер во индустријата.
Се согласувам за тоа како во филмот не можеш да се врзиш за одредени ликови поемоционално, но и самата книга е таква. Смртта е сведена на секојдневие, каде побитно ти е да ги добиеш чизмите на соборецот чии нозе се ампутирани.

Првиот пат сум го оценил 9/10, а и сега ќе му ја дадам истата оцена. Ќе си има место филмов секогаш во моите листи за најдобри воени филмови.

Благодарност на сите што го гледавте и ви се допадна, видов дека малку луѓе го имаат гледано претходно, па си реков еве добра шанса да го откријат. Се гледаме после одморот.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.902
Поени од реакции
37.029
Да не помислите дека сум заборавил - малку ќе го продолжиме летниот распуст, до 15.09. Причината - мојата сезона со милион свадби летово која тотално ме истошти и која завршува конечно наредната недела, па ќе можам да се посветам на форумот неделата по тоа.

Времепловот мислам дека ќе може да го почнеме и порано.

Stay tuned!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.902
Поени од реакции
37.029
ОК guys, let's (re)start!

Малку без врска е што останавме само четворица постојани членови во Клубот: јас, @moongoses , @The Cooler King и @wot . Следен на ред требаше да биде @wot кому му пратив порака, но до овој момент не добив одговор од него, па слично како за претходниот круг, ќе почнеме од ново, со мене, а ако @wot се врати наскоро, негов ќе биде следниот предлог.

Ова беше во последен момент пребарување кој филм да го предложам. Барав некој кој го немаат гледано @moongoses и @The Cooler King зашто за жал уште ние останавме. Имаше 5-6 во конкуренција, и од нив го избрав:

201. The Dreamers - Bernardo Bertolucci (2003)
1726493837932.png

Не знам како може да го немате гледано филмов, мене ми е минимум 3 пати гледан. Јас се надевам дека ќе ви се допадне, а исто така, посакувам да ги повикам и старите членови на Клубот, се надевам дека ќе ни се вратат за да го возобновиме ова катче кое скоро деценија веќе беше едно од најубавите на форумов: @grande-juve , @123456 , @frizider , @Imperatorot , @Darklady , @Violetova , @Џонтра Волта , @Комита Ултрас , @Manga , @Miss.Independent , @Anon , @Варвара , @Shutmanga , @Gazpapir , @devilko , @Setsuko , @zmija1 , @__Vita____ , @Erich Zann , @ob1 , @Васил МКД , @Leo Bonnie , @Tyler Durden , @SK-92 , @Shawn Spencer , @Хефест , @santelli , @џимеј , @Хоуп , @ManUtdChampions , @ElNinho , @dragonsky , @Viollet , @Saladin , @Vlatko_Gjorce , @Iceboy , @Patience. , @Bojan Van Buuren , @Zarniwoop , @Spiegel ...
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.757
Поени од реакции
5.023
Ајде да скршам мраз, ми се гледаше некој филм откако цело лето ми помина во Mad Men серијата, а и предлогов ми е изговор да ја помањачам Ева Грин комплетно гола.


Од кај да почнам, не сум гледал филмови од Бертолучи, но имам читано дека е од оние што додаваат еротизам во филмовите или тоа му е изговор да кастира топ девојка во нејзин прајм тајм, како што е случајот со Лив Тајлер во Stealing Beauty. И тоа е другиот филм на кој се сеќавам дека имаше многу убава девојка на филм.. во негов филм.

Но да се вратиме на филмов кој би го поделил во 2 дела, првиот дел некаде 40-50 минути каде студентов од Америка се запознава со братов и сестрава(близнаци) во кино у Франција и почнуваат пријателство кое како база ја има нивната љубов кон филмовите, зборуваат за филмови, прават квизови итн.. и се додека се одвива тој дел од филмот ми е интересно и доколку беше таков вид на филм за филмофили пријатели кои се фатени во еден период на студентски немири во Франција ќе ми биде доста поинтересен.

Но вториот дел, негде последниот час од филмот, доаѓаме до тоа да видиме дека сите тие игри и сета таа лубов се детски недоквакани игри, ја гледаме инцестоидната врска помеѓу братот и сестрата кои иако се на студентска возраст се однесуваат како ментално да се заглавени во 4-5 годишни деца кои си играат "доктори" и малку по малку го внесуваат странецот во тој нивни мајндсет на палаво дете кое глеа да направи што повеќе глупости оти тато и мама отишле на патување. Тој нивни аспект се гледа и во самата куќа која станува депонија, по тоа што не се финансиски одговорни и ги трошат сите пари, па немаат за обичен ручек, девојката која незнае да направи едно јадење и со цел памет одат по канти за ѓубре, итн.

Филмот ни дава една интересна сцена кога родителите неочекувано се враќаат дома, ги гледаат дегенерициве голи еден врз друг и оставаат чек у нивна близина.. и после тоа на прсти одат да не ги разбудат од пијаната заспана оргија, таа сцена ми кажува дека тие никогаш не ги пораснале своите деца, ги оставиле во свој свет со своите игри премногу долго сами на себе.. и од таму доаѓа целиот тој хаос.

За мене тоа беше главната тематика што можев да ја извлечам без да навлегувам во комунистичката либерална идеологија, сонувачи кои треба да се разбудат од нивниот сон и да се соочат со реалноста.

Глумата беше ок, Мајкл Пит буљашот ми е од оние глумци што е истиот лик во секој филм, Ди каприо го праел Авијатичарот па затоа се одлучиле за него оти личел на Ди Каприо, башка копиле бил на сетови и затоа кариерава последниве 10 години му е бедна, Ева Грин е причината да се глеа овој филм, да и се види кикстартот на кариерата со тие добри цицки и глума.
Кинематографијата е ок и има ретки убаво осветлени сцени, сценариото мех ..сето ова можело многу подобро да се изведе.

6/10 се знае зошто.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.386
Поени од реакции
3.400
Еве правам камбек.

The Dreamers 5/10

Јас филмов првпат го гледам и секоја чест како уживате да го гледате дури неколку пати. Не паметам кога последен пат гледав волку гадлив филм морав да го премотувам на секудни.

Имаше ли до сам крај некое објаснување зашто Метју моча у лавабото?... или само мене тоа ми беше интересно да го дознаам
...глумциве ко за улогиве ми се таман така сите до еден налудничави личат добро одиграно, музиката ми се свиѓаше.

не видов никакви семејни вредности во цел филм. Последново со реакција на родителиве ме извади од кожа. Овој Метју па уште ќе ги оправи инцестоидниве односи..ќе бев позадоволна ако после гледањето како лежат голи сами на кревет си отидеше и ги избришеше од животот.
 
Член од
18 март 2019
Мислења
445
Поени од реакции
2.045
Ќе пробам да напрам камбек во клубов пошо од кога сум на форумов реално ми било најинтересното катче. Последниов период се наоѓам на некој крстопат во животов кариерно и социјално па многу ретко гледав филмови, па чак и кога ќе пробав не можев да издржам повеќе од 20 минути на филм. Моментално сум порастеретен психички па ќе можам да уживам во гледањето, не гарантирам ништо но ќе пробам да се задржам во клубот што подолго.

Во врск со The Dreamers го имам гледано пред едно 5/6 години, но ми требаше некои добри 15тина минути од филмот за да се сетам. Се слагам горе долу со напишаното од членовите погоре па да не се повторувам. Ако тогаш ми беше јак ради еротските сцени, сега поголемиот дел од филмот ми беа втф моменти. Интересен заклучок е што приметив како психолошки поинаку ги анализирав личностите и нивните дела, и пробував да ја најдам длабоката емоционална побуда за таквите реакции. Интересен хинт што покажува дека сум пораснал и созреал. Друг хајлајт ми беше дека се работи за филм од 2003, мој омилен период за филмови излезени од крајот на 80тите до рани 2000дити. Сетапот за времеската рамка кога се одвиваат дејствата беше добар, глумата манје више ок, повеќе према “мех”.
Оцена 6.5/10.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
The Dreamers (2003)

Не можам да кажам дека сум љубител на Бертолучи. Филмовите од седумдесеттите му се ок, ама од подоцнежните ништо не ми оставило впечаток. Ни голотијата на младите глумици кои потоа ги има редовно, не знам дали заради негови хирови или за да привлече интерес за филмот.

Овој почна со настанот за затворање на директорот на кинотеката, па снимки од протестите каде ги видовме Трифо, Белмондо и останатите филмаџии, па некои паралели со инсерти од нивните филмови. И според насловот помислив дека филмов ќе се бави со филмаџии, нивниот револт и бунт и филмскиот исход од сето тоа. Но тоа беше само вовед кој послужи како подлога за да се спојат ликовиве и после сѐ се заборави. Добро, освен една интересна конверзација за Чаплин и Китон.
Или ликовите беа недоречени или јас испуштив некои моменти или сигнали со кои се објаснуваат мотивите за нивните постапки. Ама па можеби за ликови од Франција во шеесеттите тоа е нешто што се подразбира. Може им е јасно на тие што живееле таму во младоста.

Ми фалеше нешто што може да се опипа, да речам е за ова беше филмов. Не препознав такво нешто.

6/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Мојот предлог е со слична тематика како претходниот, нешто околу машко-женските односи и формулата за освојување.
Жанровски е определен како комедија и драма, што значи сериозни теми зачинети со хумор. Мене ми беше откритие кога го гледав, да видиме дали и по дваесет години уште се држи.

Во следните две недели уживајте во „Роџер Доџер“

1727731228991.png
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.386
Поени од реакции
3.400
6.5/10 за Роџер Доџер

Предобро му е легната улогата на Кембел ме освои со гласот баш го издоминира ликот.
Генерално океј филм, доста добри дијалози меѓу ликовите пропратно за мене и комични моменти плус некое видување на машка психа.
Роџер и Ник како заедничка машка карактеристика ја поседуваат само желбата за секс за друго ми се дијаметрално спротивни. На моменти многу детинесто однесување на Роџер ме вадеше од кожа. Не верувам дека Ник некогаш би станал како вујко му па без разлика колку време би поминувал со него.
 
Член од
18 март 2019
Мислења
445
Поени од реакции
2.045
Rodger Dodger

Роџер најантипатичниот лик шо сум го гледал на филм последниов период. Теоретски му држеа вода тезите, во пракса малку потешко. Морам да признам добра глума од актерот штом успеа да ме натера да ми се лоши од ликот. Ми требаше доста долго време да ми текнит дека актеров од Ник го иам гледано во неколку други филмови и скоро пола филм се осеќав како во дежаву. Нејсе интересен филм за тепање време, општо не ми се свиѓаат вакви филмови во кои цело дејство се случува во еден ден/ноќ.
6/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.902
Поени од реакции
37.029
Roger Dodger

I liked this a lot! Не, стварно, одамна филм не ме освоил така како ова филмче за еден douchebag и неговиот внук кој никако не смее да стане како него. Тоа е тоа што не успеав да го одгатнам - што се трудеше Роџер да постигне? Да го научи како треба, или да го научи како не треба? Имаше интересни дијалози, особено ми се допадна сегментот со првите две девојки во кафичот и подоцна во паркот. Ми се допадна и целата атмосфера, не знам зошто, но потсетуваше на атмосферата од божиќните семејни филмови. Убава coming of age приказна. На крај го псуев малце режисерот зашто не видов што кажа Ник, ама настрана тоа, многу ми се допадна - 8/10 од мене.

Следен требаше да предложува @The Cooler King , но за жал се откажа, па така неговото место го зазеде @Manga кој се одлучи за:

203. Dirty Harry - Don Siegel (1971)
предложувач: @Manga , 14.10-27.10.2024

1728929101691.png

Manga напиша:
Го избрав како ретро акционен филм .. можеби го нема гледано некој, оти е над 50 години стар филм...
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Роџер доџер (2002)

Роџер е интересен, слаткоречив лик, кој својата девиза во маркетингот ја користи и во приватниот живот во „ловењето“ жени. Осамен и тукушто откачен од својата девојка, воедно и шефица, што е голем удар по неговото его. Токму тогаш се појавува неговиот внук тинејџер на кој се обидува да му пренесе нешто од неговите заводнички вештини.

Роџер е феноменално изграден лик, доследен во своите ставови кој се менува кон крајот на филмот под влијание на наивноста на внукот. Базиран на дијалог, кој речиси и да не престанува во текот на филмот, ни пренесува прилично интересни ставови за животот.

Преку изобилната употреба на крупни планови успешно гради една клаустрофобична атмосфера како рефлекс на емоционалниот затвор во кој се наоѓа главниот лик.

Сè на сè, интересен за гледање, воопшто не станува досаден ниту напорен за следење. Бонус што завршува со отворен крај.

8/10

Валканиот Хари (1971)

Првиот филм од серијалот за детективот Хари Калахан, прототип на циничен полицаец самотник, кого секогаш го викаат кога е најгусто, затоа што успешно ги решава случаите со помош на својот Магнум 44 неводејќи сметка за правата на криминалците или за наредбите на претпоставените.

Клинт Иствуд ја има речиси истата улога од вестерните со кои се прослави, само сега е ставен во урбана современа околина. Штур на зборување, брз на окидачот. Кадрите од долен ракурс дополнително ја потенцираат неговата појава која не остава никаков сомнеж дека ќе се справи и со најсуровите криминалци.

Музиката во стил од времето на филмот одлично ја надополнува атмосферата. Иако стар повеќе од половина век, одолева на времето и сè уште е репер за овој стил на филмови.

8/10
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.386
Поени од реакции
3.400
Dirty Harry 9/10

I get every dirty job that comes along.

Саундтракот прекрасен, екипа брилијантна и сама неизвеснот до крај.Одлично издоминира Иствуд со хумор, шарм, остар ум, ретки директни дијалози. Реално многу ми се допадна а и не паметам кога последен пат гледав олку стар акционен трилер да ми фати око.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.757
Поени од реакции
5.023
Roger Dodger 2002

Првпат го гледав филмот некаде пред 15тина години и тогаш ми остави поголем впечаток, веројатно дека бев далеку помлад .. но сепак ретко филм да знае така да ми се заглави во меморија како Роџер и неговите дијалози. Сценариото е тоа што го носи филмот, кое во огромен дел се случува во еден ден/ноќ одприлика и најпросто кажано...интересно е да се види еден вид на пик-ап артист и човек со дедукција како Роџер. Глумецот одлично ја заврши работата, внукот негов што го глуми Џеси е ок како сајдкик.. но секој филм отпосле се гледа дека е од оние глумци кој само еден лик глумат.

8/10 ради носталгија и интересен дијалог.


За Dirty Harry 1971 би кажал дека е олд скул акција кој треба да се погледне од година во година.. (музика,негативец,сценарио,кинематографија..итн.. се е на одлично ниво) филмот е уствари почеток на серијал .. и би препорачал ако ви се допадна Hari Kalahan во овој филм а сакате некад да се опуштите со кул акција(иако не се на исто ниво као кецот) .. може да ги погледнате Magnum Force 1973 ,
The Enforcer 1976
и Sudden Impact 1983.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom