FILM CLUB (КРУГ 5) (204. Palmer: 28.10-10.11.2024)

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Ова предложувањево секако сакав да го прескокнам, спремам последен испит, гледам олимпијада, ништо немам чепнато од филмови и серии периодов...Имам нешто изгледано од филмовиве ама немам пишано ништо и немам оценето, после 26ти се враќам со сите филмови доизгледани и по 3-4 реченици за секој од нив :)
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Мене многу глупи филмови ми се погодија у последниве предлози, едноставно неможам да се натерам да пуштам да гледам sci-fi или анимиран филм, џабе, 5 минути ќе го глеам ќе се изнервирам и ќе го исклучам. Истото беше и со првиот предложен филм на темава.

Се откажувам ја од ова но ќе ја пратам темава ако начекам некој интересен предлог ќе си го изгледам, на пример овој сеа што е предложен одма отиде у букмаркс.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.883
Поени од реакции
6.144
А.I сум го гледал до сега неколку пати, но последниот пат беше поприлично одамна и би требало истиот да го репризирам. Баш поради тоа и не сакав да пишам овде ништо пред да ја освежам меморијата. Но, како и стално во последно време, јас каснам со гледање на филмовите поради зафатеност(сега на одмор бев). Доколку не успеам да го репризирам, ќе ми се избрише минусот? :rolleyes:
Ќе пробам предлогот на @Хоуп да го изгледам на време. Се чини баш како my cup of tea. Иако искрено, очекував некој подруг филм од неа, нешто како што предложија @grande-juve и @Goodfella, но имам високи очекувања од овој. :D
Баш поради вас 3 почнав да гледам стари филмови. Успеавте да ми го срушите тој стереотип за нив. Голем фала за тоа. :cuc:
И можеби овде на некого не му се по вкус, but, who cares? Останете достојни на тоа што сте и на вашиот филмски вкус. :)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.731
Поени од реакции
27.717
Хех, го изгледав, солидно филмче 7/10
Поентата е јасна, парите го уништуваат карактерот на човекот а пати и неговата околина.
Имаше неколку наивни моменти но ќе им простиме.
Она што, да речам, до некаде ме напна, е жената. Глумеше немала да земе пари, изгледаше по океј од самиов маж и одеднаш почна да дава ненормални идеи.
Капак беше што истиот ден кога СЕ ПОРОДИ нејзе и дојде вонземска идеја во врска со парите.
ББТ ѕверка.
 
W

wicked_1

Гостин
Гледан и претходно, квалитетен трилер.

Ова е класика Спилберг, со врвен наратив и константно добро темпо што ќе те држи пред екран, без усложнувања, со едноставна сторија и едноставни ликови, тие што го гледале Фарго одма ќе го осетат сличен вајб, башка и ББТ е во филмов.

Претенциозно да е се гледа како студија за човечките мотиви, алчност, очај и слично, нема комплициран заплет, нема некое внесување на ликовите да извадат емоција, нема беспотребно драматизирање.

Едноставен расказ, за сите категории. (y)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.619
Поени од реакции
36.311
Комплетно се согласувам со мислењaтa на @Anon и @wicked_1 од погоре. Сосема солидно филмче. И мене ме потсети на Fargo (плус и дека ББТ и Бушеми ми личат еден на друг по малку, па често и ги мешам), но и на Alive кој го гледавме тука, не се сеќавам чиј предлог беше (заради сетот, напнатата атмосфера која те држи од почеток до крај, а веројатно и заради периодот во кој се снимени). Единствено што ме нервираше во филмов беа карактерите, и тоа сите, од прв до последен. Јас да бев режисер, продуцент или кум на филмов, ќе му дадев име „Глупавиот, поглупавиот, најглупавиот...“. Да, имаше по малку наивни делови од приказната, да не ги спомнувам сега, но ко што рече Anon - ај, ќе им простиме, не им е прв пат на Американците. 7/10 и од мене. (y)
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
A Simple Plan. Го гледав уште пред некој ден, ама никако да пишам. Почетокот беше одличен, но како што течеше филмот се повеќе губев интерес и внимание. Сепак неколку работи ми станаа јасни од филмов:
- сите ние моралниве, најверојатно не сме добиле доволно јако искушение, за да сфатиме колку сме неморални;
- сите оние кои не признаваат дека би ја продале душата, најверојатно не им била понудена добра сума (што е воедно и варијација на првава точка);
- не се познаваме самите себеси, не па другите луѓе;
- нема ништо пострашно и поопасно од човек без совест, кој не бира средства за остварување на целите;
- човекот е трул и оптоварен со материјалното.
И ај да не претерувам со заклучоци...
Филмов одлично презентира како човекот се менува и колку е лабилен. Вредностите и себството не вредат ништо ако од другата страна стои куп со пари. Главниов лик е семеен човек, образован, морален, свесен... и за таков профил на човек... па уби само 5 луѓе. Најдобар момент ми беше кога братот го праша дали себеси се смета за зол човек. Е тогаш мораше да се разбуди совеста. Ама ништо.
Ликовите ужасно ме нервираа. Нарочито овој што ги чуваше парите и неговата поштена сопруга.
Светла точка ми беше Торнтон кој во филмов беше одличен. Никогаш не сум ја сакал неговата глума, ама во овој филм тој беше најдобар.
Филм јасен како ден. Немаше некоја длабочина. На моменти предвидлив и со редица пропусти во приказната. Сепак, добар за гледање и тепање досада. Од мене само 7.
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Шо да пишам после постот на Дејан, се е κажано... На κρајот наместо паρи, си доби тρауми за цел живот. Од мене 8ца.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.883
Поени од реакции
6.144
Постот на Дејан кажува се за филмот што се после него да се додаде е сувишно..
Приказната не беше онаа што ме импресионира и привлече. Имаше дупки овде-онде, но да не бараме сега замерки.. ББТ беше одличен. Тотална спротивност од тоа што го изглуми во Фарго(серијата). Која само трансформација. :aplauz:
Имаше и сличности со Фарго(филмот), посебно во кадрите(снег, богу иза леџа место) и музиката. А и тој шмек кој го имаат филмовите од '90 e идентично. Но, се понатаму, почнувајќи од карактерите за мене нема никаква сличност. Посебно помеѓу Бушеми и ББТ. Првиот глумеше малоумен, недораснат, зол човек без грам морал. Додека ББТ беше депресивен, потиштен, осуден и исмеан од општеството, нолајфер...
За главниот карактер: Никогаш ни немаше морал, ни пак беше свесен за своите постапки и што нанесува со нив. Крајно егоцентричен и себичен лик кој освен себе си и жена му не му беше гајле за никој друг. Од разговорот со брат му може да се заклучи дека ни претходно не биле блиски, напротив, дури и го избегавал. Исто така најголема кривица што татко му си го одземал животот сноси ОН.
- сите ние моралниве, најверојатно не сме добиле доволно јако искушение, за да сфатиме колку сме неморални;
- сите оние кои не признаваат дека би ја продале душата, најверојатно не им била понудена добра сума (што е воедно и варијација на првава точка);
Дали парите ја расипуваат една личност или пак истите се само средство преку кои избива на површина правиот карактер и неморалноста на личноста? Хммм.. :)
Солиден филм кој ти пружа скоро двочасовно уживање, и поставува добри прашања на кои треба да си дадеш одговор за да се сознаеш и спознаеш самиот себе си подобро. А и тие околу себе. :D
Оцена: 7.5
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.478
Сто пати го пуштив да го репризирам ама ете не успеав, а времето си помина.

Мене ми беше ок најмногу поради атмосферата, тоа најмногу го паметам, кога ве читам вас не ми ни текнува на некои работи што се десиле. Баш поради тоа што потсеќа на Фарго и го предложив, затоа што никој го нема гледано и зошто сакав да биде горе долу по сечиј вкус. Следен пат ич не се секирам : ))
Можеби и јас сега да го гледам исто ќе се осеќам, ама нека стои оцената од првиот впечаток.
8
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.478
?
Butthurt си или не те сфатив?
Сакав да кажам дека прво сакав да предложам црнобел филм ама пошто неколку души пред тоа кажаа дека нема шанси да гледаат таков затоа го кажав овој за да го гледаат сите. Демек тоа беше секирањето :)
 
G

grande-juve

Гостин
Може и у една реченица: "Парите се отепувачка."

Секој што на прв поглед изглеаше "поцивилизирано", поморално, на крај испаднаа порасипан, и обратно. Били Боб најзакон, и како лик и како одглуми. Се согласуем со сите, од мене 8че ради финишот кој супер легна[DOUBLEPOST=1472204247][/DOUBLEPOST]
Од вас тука го гледал само @grande-juve и за среќа мислам дека баш и не се сеќава на него, па може да си го репризира.
Освен на пронаоѓањето на парите, на ништо друго асално не се сеќавав :D
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.629
Поени од реакции
34.014
A Simple Plan. Го гледав уште пред некој ден, ама никако да пишам. Почетокот беше одличен, но како што течеше филмот се повеќе губев интерес и внимание. Сепак неколку работи ми станаа јасни од филмов:
- сите ние моралниве, најверојатно не сме добиле доволно јако искушение, за да сфатиме колку сме неморални;
- сите оние кои не признаваат дека би ја продале душата, најверојатно не им била понудена добра сума (што е воедно и варијација на првава точка);
- не се познаваме самите себеси, не па другите луѓе;
- нема ништо пострашно и поопасно од човек без совест, кој не бира средства за остварување на целите;
- човекот е трул и оптоварен со материјалното.
И ај да не претерувам со заклучоци...
Филмов одлично презентира како човекот се менува и колку е лабилен. Вредностите и себството не вредат ништо ако од другата страна стои куп со пари. Главниов лик е семеен човек, образован, морален, свесен... и за таков профил на човек... па уби само 5 луѓе. Најдобар момент ми беше кога братот го праша дали себеси се смета за зол човек. Е тогаш мораше да се разбуди совеста. Ама ништо.
Ликовите ужасно ме нервираа. Нарочито овој што ги чуваше парите и неговата поштена сопруга.
Светла точка ми беше Торнтон кој во филмов беше одличен. Никогаш не сум ја сакал неговата глума, ама во овој филм тој беше најдобар.
Филм јасен како ден. Немаше некоја длабочина. На моменти предвидлив и со редица пропусти во приказната. Сепак, добар за гледање и тепање досада. Од мене само 7.
Иако сите се согласуваат со тебе, ја мора да идам контра. Уште од сам старт, почетокот ми беше онака, после здобив интерес и внимание поради потенцијалот и желбата како и да видам што ќе се деси иако признавам евтин хук, така и да видам како ќе го реализираат.

Второ, тој што ги чуваше парите уствари беше бекбоунот на филмот, развивање на карактер според мене е прилично клучно за квалитетен филм. Од дткало до убиец и само поради што срањата почнаа да удираат у фенот, онака colossally. Едно надоврзувајќи се на друго на друго. Иако беше плитко прикажано како битка за морал, за мене не беше тоа. Се познаваше по повтарањето на крај: "we're almost home, we're almost home". That hit home for me. Тука го осетив жешкото столче шо го печело цело време.

А не, трето, Били Боб, кој релано у секоја улога распалува, па тука не ми беше некое изненадување, али да, рака на срце предобро изглуми. Меѓутоа тоа што ми пречеше кај него беше многу лошо напишаниот лик. Едно време мислиш е нешто ретардиран, после се избацува со фази на ултра свесност како да ги гледа конците како функционира уствари светот и делува ко ајкју да има тру да рууф, после го мава некоја меланхолија и ќе се самоубива. Океј, ќе кажете, разбирам, реално е така, не е ко на филм, не може секој да се носи со толку убиства, ама тооооолку недефиниран лик одамна ми немало скршено филм.

Создаде тензија на крај, ме зацементира уз столче, ама проблемот со филмот е што нема да го памтам веќе следните недели, еве пример е гранде јуве. Ништо впечатливо што ги вивнува филмовите таму горе со оцените. Онака, океј филмче за тепање време. И у цел тој ролеркостер од тензија и емоции и шо-ќе-биде наместо да сум инвестиран комплетно, пошо стварно имаше immersive атмосфера, мене ме сецна една друга сцена од друг филм кој увек изнудува насмевка на фаца и испуштање звуци дур се смеам и ја веќе бев окезен и се смеев и не ми беше битно шо ќе биде со Били Боб, макар и брат му. А таа сцена од тој друг филм е:






:D
kraj. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom