FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.460
Поени од реакции
9.381
Зафрканција на страна, озбилно нема смисла.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Murder by Death (1976)

Не знам дали може ова да се квалификува како пародија на детективските филмови или има некое друго име со кое се означуваат вакви дела кои се на малку повисоко ниво од пародија. Како и да е, на едно место собрани ликови инспирирани од најпопуларните литературни и телевизиски детективи од триесетите и четириесетите години. Така ги имаме „замените“ на Сем Спејд, Мис Марпл, Поаро, Чарли Чен и сопружниците Чарлс. Сите собрани во една куќа да го решат убиството што допрва треба да се случи. Одлично сценарио и дијалог, прекрасно прикажани и исмеани бројни стеротипни ситуации и ликови од ваквите детективски романи. Исто и завршницата.

8/10
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Зафрканција на страна, озбилно нема смисла.
Што нема смисла? Мртвачки клубов со двајца без тројца? Тие шо гледаат редовно ќе си ја отворат темата и онака.
Голема работа, насловот не се сменил.
Демек ако беше првите 4 дена насловот, готово, ќе се појавеа нови членови во клубов, ќе ги привлечеше ти со привлчениот наслов на филмот.
Нема смисла што ниту ти, ниту Злате, не си ја завршивте работата во понеделникот.
 
Па да. Со тоа што насловот не е сменет 5 дена, клубот изгуби најмалку 5 членови што не добија шанса да бидат привлечени од магнетно привлечниот наслов на новиот филм.
Кој не сака убиство. Во рајот веќе живееме :LOL:
Немој одма со карање жити се.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Злате е крив и вака, и така. Злате е секако крив. :coffee:
А не си? Зошто рече дека ја чекаме до 8? Ја чекавме до 8.
Не дојде. Чим ја нема до 8 ти треба да постираш.
Што не е јасно!?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.820
Поени од реакции
33.713
Ke terame so ovoj do 16

zlate se soglasuvas?
Не. Поминавме три пати низ ова, ама еве пак да се објаснам - сите филмови почнуваат во понеделник и завршуваат во недела. Имаше дури и случај кога форумот беше болен, па пак не го прекршивме тоа правило, а не па сега, кога заради тоа што не бил сменет насловот се бара истото. Впрочем, и не е ни прв пат да не е сменет насловот, па никогаш не сме отстапиле од термините кои веќе при крај на трета година ги тераме. Тоа што насловот на темата не бил сменет не одвраќа никого од намерата да го гледа филмот. Дури и имаме случај да еден член го изгледа филмот во времето кога насловот не бил сменет.

Ама ако толку многу ви значи тоа, и толку многу негодувате, единствена отстапка која можам да ја направам е да го продолжиме филмот за уште една цела недела, и наместо на 14.10 да заврши на 21.10. Ако не ви одговара и тој предлог, жалам, ама јас не можам на инаков начин.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Дури и имаме случај да еден член го изгледа филмот во времето кога насловот не бил сменет.
Специфичен и посебен случај...
Ама ако толку многу ви значи тоа, и толку многу негодувате, единствена отстапка која можам да ја направам е да го продолжиме филмот за уште една цела недела, и наместо на 14.10 да заврши на 21.10. Ако не ви одговара и тој предлог, жалам, ама јас не можам на инаков начин.
Никако. Филмов си трае до 14 и тоа е тоа.
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.460
Поени од реакции
9.381
Нема потреба од продолжување, тие сме што сме, си знаеме кога е нов филм и до кога трае, го виделе сите кој е, се зафркавав јас за тоа да ми дадете 4 дена.
Ама...
Под казна да се изгледа до рокот!
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Ваков тип на филмови ми се како да јадам благо и солено под еден чадор.
Хуморот ми беше добар,ми беше доволно чуден и инетересен,ама оние типови на испреплетување на 1000 ликови im mean jesus,познавам уште 2или3 слични филмови ко овој,и сегде си го имам истиот лик не ми се по ќејф ваквите филмови шо знам мислам далеку од тоа дека мојот желудник неможе да ги тера али сум некако као МеееХ.
6/7-10
 
you are one mean Jesus
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Murder By Death

Океј пародија на секој можен детективски филм некогаш снимен и на секој детективски роман некогаш напишан. Ме насмеа неколку пати, ама ми беше малку напорен тој исфорсиран хумор на моменти. Колумбо во пародија на самиот себе:pos:
Се на се интересен ми беше, далеку од досаден филм, ама мислам дека ни крај ќе памтам за месец дена ни дали имаше убиство ни кој беше убиецот.

6/10
 
Kajgana Shop

На врв Bottom