FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Член од
15 март 2023
Мислења
39
Поени од реакции
76
Day of the Wacko (2002)

Првите 40тина минути се многу досадни. Станува поинтересен кога чоеков се спрема да иде на плажа. Ништо посебно.
6/10
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Day of the Wacko

Кога видов „комедија“, си реков супер, и се видов освен комедија :(. Ок признавам дека ме насмеа „I always thought i would never die“ :pos:
Фрустриран чичко кој до 12 часот не ги поднесува сите останати, а после 12 не се поднесува ни самиот. Дури го нервираше галебот на плажата.
Ме нервираше неговиот однос со мајка му. А сите сцени каде се појавува син му, ме потсетуваше на просечен шипо од Чаир. Прегрд нос, а фризурата ужассссс, мајко милаааааааааааааааа.
Премногу работи натрупани, хаотично, не доволно разработено.

5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.639
@Darklady е следен предложувач. Ќе ви каже до утре вечер кој е новиот филм.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.252
Поени од реакции
3.176
Не знам зашто на никого не му се допадна. Можеби сте очекувале класична комедија па затоа. Мене искрено ми беше добар, со неколку замерки, затоа и 8 му дадов. А и на lb и imdb гледам добар ретинг има. @grande-juve дојди кажи некој убав збор за филмов :D
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Следен филм во клубот е

The Time Machine


1711361856906.png

Залезот на едната цивилизација ги поставува никулците на новата, која,,,
Адаптација на истоимениот роман на Хенри Џорџ Велс. Се надевам дека ќе уживате во ова прекрасно патување низ времето.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.478
Поени од реакции
7.289
Не знам зашто на никого не му се допадна. Можеби сте очекувале класична комедија па затоа. Мене искрено ми беше добар, со неколку замерки, затоа и 8 му дадов. А и на lb и imdb гледам добар ретинг има. @grande-juve дојди кажи некој убав збор за филмов :D
Секако не перфектен, али памтам се смеев за 8ца ... Периодов многу обврски :D , освен во Кинотека што гледам по некој филм, ама секако во план ми е да надокнадам така да ќе дојде и убавиот збор.
 
Член од
2 март 2022
Мислења
93
Поени од реакции
450
The Time Machine (1960)

Ги обожавам приказните на Х. Џ. Велс. За жал имам само гледано филмови снимани според неговите книги, а немам сеуште ниедна прочитано.
Приказната е доста интересна, човек има раскажува на своите пријатели како открил машина за патување низ времето и за неговите патешествија во иднината. Објаснува како илјадници години во иднината после катаклизма на земјата, дел од луѓето живеат под земја наречени Морлоци, кои се мутирани од тоа што живеат без изложеност на сонце. На површината живеат Елоите, кои се мирољубив народ и не се ни свесни дека се користени како храна од Морлоците.
Доста добро сработен продукциски, со солидна глума, а пред се самата машина чиј изглед остана легендарен. Може е 60ти стил на филм, ама си има посебен шмек.
Отсекогаш ми бил јак преводот на книгата на македонски јазик т.е. Времепловот.
Благодарност на предложувачот што се потсетив на филмов.

Првиот пат сум му дал 7, сега ќе му дадам 8/10.

П.С. Не го гледајте од 2002 година филмот, не се ни сеќавам на него, and that is saying enough.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
The Time Machine (1960)

Филмов ме врати во времето кога го гледав прв пат. Чинам тоа ми беше и првиот гледан филм со патување низ времето. Беше фасцинантно како можност и ја разгоруваше фантазијата. Што би правеле и каде (кога) би патувале кога би имале времеплов?

Тука самиот времеплов не е сам по себе предмет на обработка, туку е инструмент за да се стаса до некоја далечна иднина, каде што се претставува еден можен правец во развојот на човештвото базиран на последиците на тогашните општествени текови.

Дејството на филмот е на преод кон минатиот век, што е некои шест децении пред снимањето, а го гледаме исто толку време потоа. Добро се држи и покрај тоа што некои сегменти се доста наивни да не речам и целата поента на филмот. Најверојатно затоа што има одличен сооднос на сите делови и е заокружен како целина.

7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.639
Јас го гледав многу неодамна, па нема да го репризирам зашто уште се сеќавам на секој еден детаљ од овој прекрасен филм. Еве ја мојата рецензија од Времеплов темата која баш името на филмов го има земено за свое. И воедно, би сакал да ве поканам да пропатувате со нас низ времето, не знаете само какви прекрасни филмови може да ве чекаат зад некој агол:

26. The Time Machine - George Pal (1960)

Прегледај го приврзокот 405520

Како што Moviespotting го должи своето име на филмот Trainspotting, а Film Club на Fight Club, така Филмскиот времеплов е „крстен“ по овој филм. Веројатно првата екранизација на класичниот научно-фантастичен роман на Херберт Џорџ Велс со истото име „Временска машина“ или „Времеплов“ (од мое време). Романот ми е една од омилените книги од детството. Во мое време беше лектира за 5 одделение и иако јас и пред тоа имав прочитано и многу повеќе од што се нудеше на списоците за задолжителна лектира од 1-4 одделение, токму „Времеплов“ беше иницијалната каписла да се вљубам до таа мера во книжевноста што потоа водеше до тоа и да студирам книжевност. Романот е прекрасен, се уште ми е криво што со последните измени на списокот за лектири за основно, од 2019 беше укинат како задолжителна лектира, зашто навистина вреди да го прочита секое дете: не само што ја продлабочува детската имагинација, го носи во светови во кои претходно не бил (научно-фантастични), туку и го тера да размислува - кон што се движи човештвото и што ќе се случи со нас по околу 800 000 години.

А екранизацијата - прекрасна! Со прекрасни визуелни ефекти за што сосема заслужено филмов има земено Оскар, ме врати повторно во времето кога со задоволство ја читав, препрочитував и прераскажував на моите со таков восхит како јас да сум ја напишал. Една единствена замерка - јас Елоите не ги замислував како луѓе, не ни беа така опишани во романот. Во филмов изгледаше како Морлоците да еволуирале и физички и психички од човекот, но Елоите физички се буквално идентични со денешниот човек, само без емоции, без љубопитност, без желба за живот, без воопшто да размислуваат за утре или вчера, мислејќи дека тоа им е предодредено. Буквално: луѓе без жар. Во романот беа суштества, бледи, ниски, поразлични од денешниот човек. Или барем јас така ги замислував. Како и да е, уживав во филмов подеднакво колку и во „Времеплов“ во петто одделение! 9/10
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.478
Поени од реакции
7.289
The Time Machine

Генерално ме бендиса и мене. Наивен понекогаш ама со срце на вистинско место. Критика на човечкото самоуништување и потенцирање на потребата на чувства и солидарност, прикажано преку интересно патување ни времето.
Солидна глума и ефекти... Севкупно, 7,5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.639
Малку ќе доцниме со следниот филм. Вечер ќе ви кажам зошто, а и кој е филмот.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
The Time Machine

Човекот кој се надеваше дека ќе донесе нови знаења и напредот од иднината, сфати дека човекиот род всушност е претворен во билка. Но дали е залудна борбата за безнадежната иднина?
Верувам дека секој еден некогаш помислил „што доколку би имал/а временска машина со која ќе можам да патувам низ времето?“
Дали би сакале да го имате целото време на светот? И најважното, кои 3 книги Вие би ги зеле со себе, во обид да изградите цивилизација“.
Филмов како целина, навистина ми се допадна. Солидна глума, камера, визуелните ефекти супер, со оглед дека е снимен 1960, (пример, експлозиите на бункерите беа смешни).

Адаптација на истоимениот роман на Хенри Џорџ Велс. Книгата е далекуууууу поубава од филмов. Па топла препорака да ја прочитате.
9/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.639
Шестмина го гледаа The Time Machine и му дадоа средна оценка 8,1 со што е најдобро оценет филм во кругот 4.

Го испуштија:
@frizider , @Imperatorot - прв неизгледан
@wot - втор неизгледан (жолт картон)
@Violetova - трет неизгледан (црвен картон)

Следен предложувач требаше да биде @wot, но веќе 2 недели и нешто се нема вклучено на форумов, и иако го чекав еве до последен момент, не предложи свој предлог. Затоа мора да продолжиме понатаму со следен, петти круг, а ако евентуално @wot се врати (се надевам дека е во ред се со него), ќе може да го каже својот предлог измеѓу останатите предложувачи во кругот.

Нема да правам некоја опширна анализа зашто четвртиот круг беше краток, само 11 предложени филмови имавме, но по се изгледа, следниот петти ќе биде уште пократок, зашто во овој 4 круг моравме да се збогуваме до следно видување со @Manga , @Miss.Independent , @Комита Ултрас , @Џонтра Волта и @Violetova . Редоследот на предложување е следен:

1. јас
2. @moongoses
3. @grande-juve
4. @The Cooler King
5. @123456
6. @frizider
7. @Imperatorot
8. @Darklady
9. @wot

Секако, ги покануваме сите останати кои сакаат да ни се придружат, ќе бидат додадени на листата подолу.

Е сега за мојот предлог: морав да бирам набрзина, и едно нешто само беше сигурно: ќе биде европски филм. Имав 5-6 на ум, од кои 3 ги немаше никој од вас гледано, и се одлучив за еден од тие 3, а воедно и најновиот. Филмот кандидат за Оскар на Турција годинава, освојувачот на Златна камера 300 на минатогодишниот Манаки филмски фестивал, добитникот на наградата за најдобра актерка во Кан лани, и освојувач на многу други меѓународни награди. Филм на еден од моите омилени европски режисери: Нури Билге Џејлан, авторот на Winter Sleep, The Wild Pear Tree и Once Apon a Time in Anatolia. 196 филм во Клубот е:

196. Kuru Otlar Üstüne / About Dry Grasses - Nuri Bilge Ceylan (2023)
1712609679589.png

Се надевам дека ќе ви се допадне.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom