FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.945
И јас се слагам со сите горенапишани коментари. Го изгледав уште кога беше предложен, но поради лошата импресија и немав некоја желба да го искоментирам.
Со Боб Дилан бев запознаен базично, површно.. Знаев некои негови песни и малку од неговиот живот. Како што читам по коментарите, горе-доле како сите останати.
Филмот не ме заинтригира да посакам повеќе да истражам за неговиот живот, ниту пак да се сочувствувам со неговата приказна, музика... Едноставно филм кој не беше по мој вкус.
А очекував толку многу од него...
И се мислев дека сум еден од ретките на кој нема да му легне и ќе читам овде дијаметрално спротивни мислења од моето, но ете, сите го делиме истиот став.
Од мене добива 5 само поради почит кон делото диланово, инаку заслужува оцена помалку.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.430
Поени од реакции
9.340
Јас вечер ќе го гледам.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.794
Поени од реакции
33.608
@moongoses . Го чекаме вечер до 00:00. Анализа за претходниот - нешто подоцна. ;)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Еве сум.

За мојот предлог барав некој интересен филм кој што повеќето не би го имале гледано. Така одлуката падна на Карактер. Се работи за филм од релативно малата и непозната холандска кинематографија. Филмот е од 1997-ма, имав прилика истата година да го гледам во кино при што ми остави голем впечаток. Нешто заради силните ликови во филмот, нешто заради некои интересни авторски решенија. Одамна се канам да го репризирам за да видам дали го издржил тестот на времето или тогашната еуфорија била само моментална. Клубов е одлична прилика за тоа да се стори. Од мене 8/10
За жал филмов не е излезен на блуреј, па ќе мора да се задоволиме со двд копија. Титлови се достапни на англиски и српски.

karakter.jpg
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Имаше некоја чудна и малку меланхолична убавина во филмов. Не можам да кажам дека ми беше нешто којзнае колку интересен но не можам да му дадам ниту некоја поголема критика. Малку ме напињаше ликот на Dreverhaven најмногу затоа што малку збореше и не се знаеше доволно за него.
Мисиров пак Катадруфе, не и изјави љубов на оваа и не и изјави :mad:
7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.794
Поени од реакции
33.608
Еве ја конечно анализата за претходниот (I am not There.): само 6-мина го гледаа, и му дадоа средна оценка од 4,8, што е нов неславен рекорд. Го изпуштија @MyloXyloto , @Zlatikevichius , @wot , @Хоуп , @wicked_1 (за жал, трет филм по ред неизгледан за него, но вети дека ќе се врати), @Џонтра Волта , @ManUtdChampions , предложувачот @ob1 , @Васил МКД , @Corvus , @Донев и @Вокерка .

Новиов, холандскиов, до сега само двајца. Сите овие од погоре, плус @devilko , @Goodfella , @Iceboy , @Zarniwoop - тече времето, уште само една недела имате!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.794
Поени од реакции
33.608
Ве нема. Ај јас да скршам мраз.

Character - не дека ми беше којзнае што, ама не можам да кажам ни дека беше лош. Единствено, ко да не беше my cup of tea филмов. Ми се допадна како се изградени карактерите, особено на Дрејвенхавен и Катадројфе (или како и да се изговараат) - од една страна како опозити, противтежа на еден кон друг, а од друга страна, несвесно исти. Да, баш така, малиот во многу работи што ги направи и сам не беше свесен колку беше сличен со постапките на татко му: пример: не изјавувајќи љубов на секретарката и пуштајќи ја да му избега од раце, го повтори истото што татко му и го направи на мајка му, а исто така, по болната амбиција да се стане и добие нешто повеќе од тоа што се има - пак исти. Не знам дали се за осуда или за пофалба постапките на Дрејвенхавен, од друга страна. Што сакаше да постигне? Да се одмазди на љубената која сто пати одби да се врати во нивните животи, или да му помогне на синот да се издигне во зрел маж, како што „инсинуираше“ на крај? Инаку, за самоубиството, знаев дека така е уште на пола филм - типот очајно се обидуваше да умре, само не сфаќам зошто упорно сакаше да го убијат, а да не се самоубие. Во филмов најмногу ми сметаше светлото, да бидам искрен, кое беше толку неприродно, што скоро во секоја втора сцена се прашував од каде доаѓа. И некако ко да ми помина цел филм вревејќи, а за ништо, или за многу малку. 6/10 му дадов. Просек или нешто под тоа.[DOUBLEPOST=1491986337][/DOUBLEPOST]P.S. Немав поим дека филмов зел Оскар за најдобар странски филм за 1997, а истовремено и сребрена Камера 300 на Манаки во Битола.
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Само да го поздравам @Zlatikevichius, за се што направи и прави за филм подфорумот, и да му се извинам јавно што не сум дел од темите кои ги организира, вклучително со гласањето.

Фала батко, респект до небо - како среќа повеќе ликови како тебе да има, голем поздрав и респект и до wot разбира се, секоја чест момци.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.794
Поени од реакции
33.608
Каков мраз си скршил ти бе?
Ти го напукна само. :pos:[DOUBLEPOST=1492069365][/DOUBLEPOST]
Само да го поздравам @Zlatikevichius, за се што направи и прави за филм подфорумот, и да му се извинам јавно што не сум дел од темите кои ги организира, вклучително со гласањето.

Фала батко, респект до небо - како среќа повеќе ликови како тебе да има, голем поздрав и респект и до wot разбира се, секоја чест момци.
Фала @Psyside , многу ми значи. Можев, и правев јас и повеќе од ова, само што сега малку морав да успорам, зашто ми се случи живот надвор од форумот, а тој, за жал, не е секогаш најблескав. Но ваквата поддршка од вас ме мотивира да продолжам, па макар и со врзани раце, и среќен сум што тоа што го правам некој го цени (иако, за жал, не сите). :)
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Ти го напукна само. :pos:[DOUBLEPOST=1492069365][/DOUBLEPOST]
Фала @Psyside , многу ми значи. Можев, и правев јас и повеќе од ова, само што сега малку морав да успорам, зашто ми се случи живот надвор од форумот, а тој, за жал, не е секогаш најблескав. Но ваквата поддршка од вас ме мотивира да продолжам, па макар и со врзани раце, и среќен сум што тоа што го правам некој го цени (иако, за жал, не сите). :)
Живеј го животот :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom