Таман работа.
1. Како сакаш, сеедно е кои ги вадиш, доле им треба повеќе време да зараснат, ќе ти се формира дупка која ќе стои 2-3 месеца, горе поболна е анестезијата. Од две зла помалото

2. И ова како сакаш ама ако веќе имаш за поправање, подобро почекај да ги извадиш.
3. Зависи конци дали ќе ти стават али мој предлог е еден месечно да вадиш, не дека нема да издржиш али мазохизам е тоа, жив гладен/гладна ќе останеш.
3. Ритејнери задолжително! Ако може да ти направат калап од пластика за спиење, нека ти направат, ако не мобилна ама ритејнери да ставиш. Јас ги носам веќе 4 години и супер ми е, не ги ни осеќам, се навикнав.
4. Кои јадни флеки, откако ќе ги извадат протезите се полираат забите со паста, ништо нема да имаш

5. Ако се средило се и докторката рекла да се вадат, вади ги, нема сврха да ги носиш со сила, значи тоа дека не си бил тежок случај, има многу лоши аномалии каде 3 години се носат дури.