FIFA 15

  • Креатор на темата Креатор на темата Martin
  • Време на започнување Време на започнување
Што се однесува до шутевите, јас не би ги менувал, ми делуваат ОК. Што пре би сменил се голманите, бидејки како што спомна некој погоре, точно е дека некои ептен лесни топки не ги фаќаат а некои ептен тешки ги бранат. Ова ми делува како баг на новиот Игнајт енџин. Мораат да ги сменат голманиве во финалната верзија.

Иначе не очекувајте многу промени од демово до финалната, според мене 99% ќе биде истото, дури нема да биде забележливо на очи. Можеби некои ситници и bug fixes ќе содржи финалната.

Трета работа, стварно ја заебаа работава со контролите. Тоа ич не ми е јасно како може таков пропуст да направат. Моментално, не постои начин како да играш 1 против 1 на РС, доколку едниот играч игра на тастатура а другиот на џоистик. Со некои third party фиксови може да се среди да се наместат контролите на џоистик, постнато е погоре.

За графиката нема многу да зборам бидејки промените од новиов енџин се очигледни и мислам дека се океј. Гејмплејот исто има добар тек, нема некои страшни гличови, има додадено многу ситници (благодарение на енџинот) кои праат мерак, многу е јако поготово на дожд, пробајте.

Што се однесува до системските побарувања, оваа година малце им рипна стандардот што е нормално при апдејт на енџин. Мислам дека оние со 4GB рам ќе имаат проблеми при играње (освен ако НИШТО друго не го цица рамот) бидејки кај мене почиња да сецка чим на Хромот иам отворено 6-7 таба. Инаку имам 8 гига рам. Исто така имам АМД 8 јадрен процесор што е сосема доволно, е сега графичката ми е малце постара (HD5870) но се на се, на максимум резолуција/графика, не сецка играта воопшто.

Не заборавајте да исклучите origin in-game overlay за екстра FPS.
 
Не ја знаам сржта на графичката. Ако е 256 битна, дефинитивно немаш никаков проблем.
Јас лани 14ката ја играв на 4гб рам, Core 2 Quad 2.5ghz и Радеон 4850 на max. Никакви проблеми немав. Гарантирам дека и оваа верзија ќе можев исто без проблем да ја играм, али педе*иве намерно условуваат со DX11. (n)
Споделив дека на таа конфигурација немам проблем, не беше прашање :) Чисто да кажам за на некој начин "репер" пошто доста луѓе се бунат дека им сецкало.
 
^^Стилот на играта да, ќе биде 99% ист како и во финалната, али физиката на играта ке биде миниум 50% различна. Убаво се сејкавам дека и ланското демо беше со доста багови.
Незнам дали имаш играно фифа 14. Во незе имаше баш онака pure shoot како што имаа најавено. Во оваа верзија тоа го нема во шутевите. МОРА да го вратат или овозможат во финалната. А за голманите се надевам дека не е овај финалниот new gen keepers. Сварно се катастрофа. Освен тоа што го кажав, исто така и многу напред се позиционирани. Ако во 14ката тешко се даваа крофни голови, овде паѓаат ко од шала.
 
Нема да биде исто, постар build е ова демово. Голмани/шутеви ќе бидат различни, за друго незнам.
 
зошто не можам да шутирам пенали? пробав на сите копчиња на ниедно не шутира. а и вчера играв ок беа шутевите денес уклучувам одам 1на1 со голманот шутирам а изгледа како да подавам и голманот ми ја одбранува. За другото немам зборови, после неколку години повторно ќе играм Фифа без нервози :)
 
Не сум пробувал и применувал баш тактики до сега, ама прееска прв пат ми се случи противникот да употреби. Ја играв Ливерпул - Сити и нели коментаторите ја зборат како меч за титула, на Сити му одговара и нерешено, а Ливерпул мора да победи. И на 0-0, околу 80 минута Сити почнаа да ми задржуваат време. Ќе му подадат на Туре, и овој ќе оди до корнер знаменцето, ќе се загради и си стои во место :D

Баш ќе ја пробам и park the bus, да видам како функционира :D
 
Ja spustiv vcera ...Dobro ja napravile...Se iznenadiv od faktot deka laptopt spored EA requirements igrava ne trebase da ja fati uposte a uspeav da ja igram na Full HD resolucija so High detali i unlocked FPS! Sepak ke ja cekam PS3 verzijata...!
 
Напраив контролите како на YouTube видеото, и сфатив дека сум се навикнал на тие од Фифа Ворлд (шпринт на спејс, through ball на w). Иначе, што откако ќе истечат 19те употреби на key custommizer? :D Пак се симнува?
 
Финалната игра ќе биде далеку подетална од демото,а со тоа и потешка шо значи ќе ви треба мн повеќе од core i3 и интегрирана графичка за да ја играте финалната верзија.Демото беше само почетна бета верзија на играта не многу исполирана и без многу додатоци за да може да фати и на најслабите машини.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom