FIFA 15

Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.156
EA го објави датумот на официјалното излегување на според мене најдобрата фудбалска игра. 23 Септември ќе излезе во Северна Америка и 26 Септември во Европа.

EA исто така обелодени дека во Фифа 15, Ignite енџинот што минатата година се користеше во Фифа 14 кај PlayStation 4 и X-Box One корисниците ќе го има и во ПЦ верзијата со тоа што Фифа 15 ќе стане првата игра воопшто направена за ПЦ со Ignite енџин. Според блогот објавен на ЕА страната, Фифа 15 за ПЦ ќе ги има сите основни карактеристики како кај PS4 и X-Box One.

Е сега околу Game Features.
Освен ланските подобрувања и новиот револуционерен енџин, годинава внесени се следниве новини:
Emotional Intelligence
За прв пат играчите имаат спомени, така што ќе покажуваат емоции во контекст на мечот. Тие ќе се однесуваат различно доколку се промарши добра шанса, доколку има некој епик гол. Бурно ќе реагираат на bad tackle. Има преку 600 различни емоции.



Dynamic Match Presentation
Оваа функција ќе ви овозможи подинамичен меч. Тоа фклучува уникатни реакции на публиката, подобрен коментатор. Исто така публиката ќе пее песни (нормално, домашната публика пр. Glory Glory Man United :D), нови реакции од клупата, нови реакции од линијата каде што се загреваат играчите. На фифа 14 ако само се загреваа и си трчкаа покрај аут линијата, во оваа верзија и ќе реагираат.



Team Tactics
Ова според мене не е ново, иако го кажуваат како новина. Јас би рекол дека го имаат подобрено, но не ново, но бидејки го има на страната, ќе го спомнам (со ред да одиме :D)
Со оваа функција ќе може да се тактизира во смисол: да се паркира афтобусот, да се троши времето, offside trap итн итн.


Authentic Player Visuals
Оваа фунција ми изгледа доста добро. Доколку навистина не лажат со следново што ќе го пишам :cuc:
Се работи за фаците на фудбалерите. Тие треба да бидат со high детали што ја исклучува можноста за рандом фаци како што ги имаше на предходниве верзии, чак ги имаше и на фифа 14 за ПС4. Тоа страшно ме нервираше и се прашував кога тоа ќе го средат. Се надевам дека конечно рандом фаците ќе исчезнат. Освен тоа оваа алатка фклучува и куп визуелни подобрувања. Пр. влакната подобро им се познаваат на играчите, доколку имаат кал на влакната, на кожата, се' тоа во детали е подобрено. Исто така и движењето/виткањето на дресовите е пореално.



Living Pitch
Со оваа функција ЕА велат дека ќе заборавите дали играте игра или гледате фудбал :)
Стадионите се како живи. Во текот на мечот како што поминува времето, така оштетувањата на стадионите се се' повеќе видливи. Освен тоа, корнер знаменцето во оваа верзија ќе се мрда т.е. ќе можете да го погодите со топката. Исто така доколку погодите пречка/статива, мрежата од голот ќе се треси. Ова го немаше на предходните верзии (y)



Agility and Controll
И оваа функција според мене е стара. Се работи за Precious dribling што беше новина во Фифа 14, овде ваљда подобрено и нормално сменето името на насловот :D
Се работи за подобрена контрола на топката додека ја управуваат играчите, така што би ги издриблале дефанзифците исто како тоа што го прават world class играчите akka Messi & Ronaldo.



Освен ова ЕА најавуваат и подобрени корнери. Втрчувањето кога ќе се изведува корнер е подобрено. Man to Man Battles, ќе има тегнење за дрес се со цел да се задржи или добија позиција и да се освои топката.
Со оглед на тоа што бев задоволен од Фифа 14 за ПС4, очекувам не многу различна фифа од предходната зошто тоа е тоа. ЕА ја најде правата формула за добра фудбалска игра и сега само ќе ја филува и шминка, што е нормално.

Да не заборавиме да ставиме што спецификации ќе бара за ПЦ.
Код:
Recommended Specifications:

OS: Windows V/7/8/8.1 -64-bit
CPU: Intel i5-2550K @ 3.4Ghz
RAM: 8GB
Hard Drive Space Required: 15.0 GB
Supported Video Cards: ATI Radeon HD 6870, NVIDIA GTX 460
DirectX: 11.0
Minimum Required Specifications:

OS: Windows V/7/8/8.1 -64-bit
CPU: Intel Q6600 Core2 Quad @ 2.4Ghz
RAM: 4GB
Hard Drive Space Required: 15.0 GB
Minimum Supported Video Cards: ATI Radeon HD 5770, NVIDIA GTX 650
DirectX: 11.0
Па.. кои се вашите мислења?
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Fifa13 i Fifa14 беа одлични игри, особено 14-ката, а со оглед дека главниот конкурент на ФИФА тоне се повеќе на сите полиња, мислам дека и ова ќе биде супер, можно е да има некој багови кај некои од новите елементи.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.830
Поени од реакции
24.227
Контролите пак нема да можат да се местат? Зашто другари што ја играа 14ката ми викаа дека тие што биле дадени од играта, не можеле да се сменат и се кршеле прсти и раце додека се играло на тастатура. :)
 
Член од
5 февруари 2014
Мислења
138
Поени од реакции
60
Убава ке биде изгледа,ама мене нема да ми ја фати.Слаб ми е компјутерот.:(
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Контролите пак нема да можат да се местат? Зашто другари што ја играа 14ката ми викаа дека тие што биле дадени од играта, не можеле да се сменат и се кршеле прсти и раце додека се играло на тастатура. :)
Се местат ама не знаеле како твоите другари. ;)
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.320
Поени од реакции
1.277
Се убаво, само уште да си купам некој компјутер од 1000 евра...
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Џабе ујачив на 4гб рам,ќе ми сецка сигурно. Одлична игра,едвај чекам да излезе.
 

Goxyto

#FinoAllaFine
Член од
31 јануари 2010
Мислења
2.589
Поени од реакции
2.534
Кал ќе имало на фаца, стадионите ќе се распаѓале, дресовите ќе се движеле, чувства ќе имале играчите, а бе ти ако не знаеш да играш, штокур? Џабе шминкат игри.
 
Член од
5 декември 2010
Мислења
700
Поени од реакции
157
гарантирам дека помали ќе бидат спецификациите. Ќе може сигурно барем со 4гб рамда се игра на раат
 
Член од
5 октомври 2012
Мислења
1.951
Поени од реакции
1.169
а јас со 2 гига за дека сум , ке ја отвара ли ја кај мене , али ајде уште му чука срце
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.419
Де бре, што направивте вие со цените. Ви пишува таму во Minimum requirements дека бара 4GB RAM, Q6600 и GTX 650. Што во денешно време и со компјутер од 400евра ќе може да се игра
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.663
Уште пак да ги дава играчите подредени по јачина, а не по азбучен ред како на 14ката и топ. :D
 

Mr. Mojo Risin'

Porka de Majorka
Член од
14 септември 2008
Мислења
3.492
Поени од реакции
4.336
Јас како поранешен пес фан од 4ката до 2013 можам слободно да кажам дека фифа 14 па до 30 и понатаму ако продолжат дека ќе бидат убедливо пред пес. Прејак гемплеј пред се и далеку позабавна и пореална игра од пес.. Така да едвај чекам да ја играм на PS4 :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom