- Член од
- 3 ноември 2009
- Мислења
- 299
- Поени од реакции
- 8
Италијанскиот производител на автомобили "Фиат" потпиша договор со српската влада за купување на автомобилски фабрика "Застава", откако ја плати првичната сума од 100 милиони евра.
"Фиат" ќе поседува 67 отсто од компанијата, а српската влада - останатите 33 отсто. Фабриката "Застава" се наоѓа во Крагуевац и е со производствен капацитет од 200 илјади автомобили годишно. Се очекува италијанскиот автомобилски гигант да плати уште 100 милиони евра во 2010 година.
Договорот во среда го потпишаа потпретседателот на "Фиат", Алфредо Алтавила и српскиот министер за економија Млаѓан Динкиќ.
Документот е дел од претходниот договор вреден 700 милиони евра, што "Фиат" и српската влада го потпишаа минатата година, а чие спроведување се одложи поради глобалната економска криза.
Со него се предвидува од 2011 година да започне производство на два нови модели на "Фиат", кои ќе бидат понудени на европскиот и американскиот пазар.