Рудници и
ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Хаха за ова си потполно во право, кога тогаш ќе падне прашањето за брак, а со тоа и ултиматумот. Една другарка имаше сличен случај. Беше во врска некаде 5-6 години, речиси секој момент очекуваше дека ќе ја побара за жена, зошто веќе неколку пати му беше напоменала дека сака да стапат во брак. Ама дечкото и прифати некоја работа на страна и бракот и се одложи. За тоа време таа си најде нов дечко, според неа и многу подобра прилика и за брзо време се венчаа. Еднаш неколку другарки седнавме на кафе, беше и таа и така како што се вика уз муабет една друга другарка и рече зошто го остави ма, како се одлучи така одеднаш да влеташ во нова врска, па и брак, а оваа изреволтирана почна како навиена да зборува " што ма, до кога да го чекам, до кога, ма фала му на господа името да му се слави што ми ги отвори очите, па не можам цел живот да го чекам, до кога да чекам... (тука малку замолче за потоа како од топ да испука), до кога да го чекам, до кога.. па наредната година е престапна година, јас во престапна не сакам да се мажам и до кога да го чекам...јас веќе тука се зајдев од смеење, понатаму не ја ни слушнав што кажа![]()
Па како да не се зајдиш од смеење ,не можам да се соберам веќе 5 мин. од ко го прочитав ова
