Гласав за последното, демек, ќе елаборирам во темата..
@Del Boy даде доста пластичен и реален пример... тоа е...
Но, да се вратам на темата без да забегувам многу, околу феноменот гастарбајтер/ка:
Во многу нешта во животот се водам од разумот, но љубовта е една од оние работи во кои ме води срцето.
Животот ме водел по својот пат, онака како сам сум одлучил, но и како требало да биде, па така, не сум оженет со гастарбајтерка.

Ако сепак правам некоја анализа, или, подобро кажано, ако овде сега правам некои есапи што би било кога би било, тогаш, хммм.... ајде да се отворам...
Пред се, како и секој човек, имам доблести, но и мани.
Една од тие мани, т.е. мана во случајот, е тоа што јас подалеку од Струмица не ни помислувам да живеам. Во таква врска тоа би можело да претставува проблем, голем проблем.
Никогаш не ни помислував онаа со која сум во врска дали има пари, богата е или не... Моите сметки сам си ги плаќам, сум имал да обезбедам пристоен живот за себе и за моето семејство.
Доколку ми се погодеше во животот да ми тргне со гастарбајтерка, зошто да не?
Еднаш многу оддамна си имав една летна авантура со една наша Швајцарка

Таа сакаше забава, јас немав ништо против, и на крај си остана на тоа.