ако за некоја е очигледно дека иде исклучиво со ликови кои можат да и обезбедат луксузен живот, тогаш е повеќе од јасно дека нема што да се бара со неа.
Можеби на пример бирате погрешни девојки.
Само црно и бело гледате.
Таа што е очигледно дека е таква, нема ни да напраи муабет со тебе ако си нормален, ако нема на повидок била каква корист од тебе, не пак да дозволи да бидеш виден со неа некаде во јавност. Не знам како да пишам, не се допираат вашите светови.
Уште да постоеше логиката што ја спомнуваш во тие релации.
Муабетот е да ја процениш како некоја навидум начитана, воспитана, што демек те сака, а те баталува од чиста мира со муабет не сум за врска, не е до тебе до мене е. И прва прилика, читај за месец дена да фати нов кој случајно е побогат т.е да бидам културен, маж кој е способен да се грижи за идното семејство. И стварно е маж, 28 годишен, вечен студент, улизувач прва класа кој ќе ја шутне додека некоја друга му стане поинтересна. Можда и женет е, тоа она не го знае. Нели тоа што не го знае не може да ја повреди. А тоа што го знае дечкото Х години и знае се за него е досадно, предвидливо, неинтересно.
Последна година од факс, женската го остави колегата, абе 7-8 дена не поминаа почна да се слика со еден вечен студент на куглање ја носел и пак случајно уште незавршен факултет главен во некоја од овие младинските организации. Одеше во странство на семинари Романија, Молдавија, Турција. И ќе му се стаи, поинтересно и е, ќе се шета со него. Што да помисли он? Денес на куглање, утре на скијање, задутре ... дополни сама. И ќе ,,научи'' да го сака, така дојде времето. Ми вика, јас да ја однесов на куглање после требаше 2 дена да не јадам.
Далеку од тоа дека се жалам, имам љубов, има нормални девојки. Како и секој, секако сум бил зезнат некогаш. И нормално е вакви ствари да се дискутираат, ако идам со некоја повеќе години. Сигурно не мислам на неа, кога викам голем дел се расипани, а идам со неа.