Абе работите се прилично јасни, посебно ако ги тргнеме настрана тврдењата, дека
сите се исти, кои и да се тие (мажи, жени).
Живееме во зафркнати времиња, во многу нешта далеку посложени од оние, да речеме, пред 40 години. За повеќето од нас, речиси ништо не е сигурно во сегашноста, а да не зборуваме за иднината. Несигурноста може да биде многу гадна работа.
Дали жените се манипулативни материјалисти и промискуитетни и себични кучки? Дали мажите се неспособни безрбетници и кукавици?
Па, добар дел се. Не сите

, има луѓе и луѓе. Отсекогаш било така, но во времиња на разнишани вредности, таа бројка се зголемува и бројот на лицата кои се предмет на расправа во темава не е за потценување.
Јас и претходно спомнав еден неубав пример за она што се претпочита при избор на партнер. Тој не е единствен на кој што сум бил сведок (додуша, нема многу случки, за кои што можам од прва рака да пишувам, ама не се ни малку). Што правиме кога ќе дојде до спој на две индивидуи со скромен интелектуален потенцијал и со различни карактери и желби, од кои едната е доста сиромашна, а другата, освен пари не може да понуди ништо друго (ни здравје, ни убавина, ни стабилност која не е од материјална природа)? Ја нагласувам интелигенцијата на лицава, затоа што во случајов и немаше некои големи „итрини“, се` беше ептен јасно (освен за еден од двајцата) и смешно очигледно.
Што правиме со загрижените родители, кои по секоја цена сакаат нивното дете да земе некој/а „од фамилија“, со педигре и многу успешно го воспитале во таа насока сопственото дете? Тоа влијание и начин на размислување оди и понатаму, не само при избор на маж/жена, ами и при избор на друштво, оти со кого си-таков си

.
Гастарбајтерите, странците за дел од нашиов народ се можност за бегство од мрачната реалност и од состојбите во РМ. Како што некои од овде купуваат жени од бедните села во Албанија, така и кај нас се одвива една доста пософистицирана, помодерна трговска размена, независно дали мажот „купува“ жена или обратно. Оти животот овде премногу често се сведува на работа во маркет, во фабрика за текстил или во градежништво за бедна плата, во мизерни услови, независно каде и колку сте учеле и што сте сакале да бидете како деца

.
Еден комшија си најде наша од една развиена држава. Фејсбук. Не знам дали се сакаат, ама на човеков убаво му тргна. Мислам дека не ни работи (социјалната помош таму не е баш мала), а речиси секоја година е во Македонија со семејството (не треба да споменувам дека него овде не го чекаше некоја светла иднина).
Башка, и не премногу во врска со темава фејсбукот и другите слични форми на комуникација овозможуваат секое лонче да си најде капаче. Од она што гледам и слушам, и мажени и женети лом се прават на страна.
А сега: најголемиот дел од луѓето што лично ги знам - се нормални момци и девојки, кои имаат нормални врски и бракови. Некои живеат поскромно, некои се побогати, некои имаат деца некои немаат, и мислам дека е неодржливо тврдењето дека 90% од жените се курви, како што подеднакво е смешно исто толкав број мажи да се прогласат за шовинистички свињи.