Ригорозно дебатирање на највисоко ниво е нешто што се учи и е вештина. Тоа подразбира почитување на определени правила, со што исказите се поддржани со докази и постои логичка следственост. Со таа метода, соговорниците стигнуваат најблиску до вистината, заштитувајќи се од логички грешки, хевристики, пристрасности и др. Ако те интересираат тие работи, може да ти препорачам литература.
Не знам каде си го направил тестот и колку е валиден. Менса тука прават тестирања, па најпрепорачливо е да се тестираш во Менса или на психолог.
Инаку, 94 е нормално IQ, во Македонија, чинам просечното IQ е 90. Пред сѐ, тие тестови се дизајнирани за да определат фитнес на мозок и да селектираат помеѓу ментална ретардација и нормален здрав когнитивен апаратус. Човек со нормално IQ може да научи и разбере скоро сѐ, со што и како да размислува критички и да се усоврши во дебатирање.