Феминизам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Птичји Грип
  • Време на започнување Време на започнување
А партнерите исто ли им се апсолутно среќни ....
Веќе еднаш напишав, среќна жена = несреќен маж, а среќен маж = среќна жена= среќен брак.

Па мало опкружување имаш, штом се татко ти и брат ти, плус не сме слушнале мислење од нивните партнерки дека го спроведуваат во реалност и дали истото што тебе ти го зборат, го зборат и со другари во кафана. Впрочем на многу татини принцези, татковците обратно прават од тоа што го зборат и што го очекуваат од машките за своите принцезички :D

Меѓу другите... Другите се машки колеги, пријатели и познаници. И мажите во тие врски/бракови според сопствените зборови се среќни. Дедукции и генерализации како и секогаш од твоја страна, некако симптоматично за тебе.
 
Ти како по обичај после 2-3 поста, одма на соговорникот се нафрлаш, наместо на напишаното.
Остај ме мене, дебел, мрсна коса, небричен, ама до пупак па гајле ми е.

Рековме не се битни зборовите од машките со тебе, туку кога жените меѓу себе зборат или машките со другарите во кафана кога се. Ги знаеш одговорите, ама нормално си смени темата.:noze:
Во САД жените почнаа да се бунат против феминистичкото движење, реална корист јок, освен нечии ега, ама нели тоа не е тема која иде во прилог на феминистките.

Ај и ова стави го на листата за прегледи во идно време :P :

Битни се сечии зборови, за согледување на нештата што е можно пореално и оформување на некоја комплетна слика. Жените со кои се дружам исто би се согласиле со ставовите кои погоре ги изнесов. Актуелната состојба во САД не гледам како би била релевантна и применлива на нашата ситуација. Ако некој од вас имаше реално некаква минимум доблест, ќе ги засегнеше и прашањата околу женомразието и стравот од жените кои се толку присутни кај нас. Откажувајќи се од било каква надеж и идеја за некаква конструктивна и објективна дискусија околу тоа, во меѓувреме ќе продолжам да постирам на темава "феминизам" (во наводници) или што би рекла јас - некоја базична едукација за брилијантните женски умови низ историјата на човештвото, која со ништо по тебе не е задолжителна. Инаку, Карлин сум го слушала, но за твој атер го ставам под букмаркс.
 
Последно уредено:
Битни се сечии зборови, за согледување на нештата што можно пореално и оформување на некоја комлетна слика. Жените со кои се дружам исто би се согласиле со ставовите кои погоре ги изнесов. Актуелната состојба во САД не гледам како би била релевантна и применлива на нашата ситуација. Ако некој од вас имаше реално некаква минимум доблест, ќе ги засегнеше и прашањата околу женомразието и стравот од жените кои се толку присутни кај нас. Откажувајќи се од било каква идеја за конструктивна и објективна дискусија околу тоа, во меѓувреме ќе продолжам да постирам на темава "феминизам" (во наводници) или што би рекла јас - некоја базична едукација за брилијантните женски умови низ историјата на човештвото. Инаку, Карлин сум го слушала, но за твој атер го ставам под букмаркс.

Не реков дека не се битни, туку дел од луѓето се трудат да бидат политички коректни, па зборат работи со кои во суштина не се согласуваат. Е сега како што имаш мажи и момчиња, така имаш и жени и девојчиња. Е тие жените, не се согласуваат со твоите тврдења дека некој оспорува нешто. Тие жени знаат дека има во 7 милијарди има женомразачи :ROFLMAO: т.е. секакви, ама не значи дека сите се такви.
Страв од жените :pos: Имаме почит, не страв,а добар дел сме под влијание на магијата на женскиот орган, освен педерите нели.

Ако ситуацијата во САД која моментално нели е водечка сила, не е битна, туку во Свирипичино тогаш нема тежина твоево излагање на темава со светски ликови.
Е сега какво е твоето мислење врска сексуалните обвинувањата према Арнолд Шварценегер, комичарот Луис си Кеј, Коби Брајант, Тајгер Вудс ....

Немој ради мој атер, не е битен Карлин, други се битни, се надевам си ги букирала.
 
Премногу сигурно зборуваш во името на сите мажи, зошто мислиш дека сите од нив ги делат твоите ставови? За една вукојебина како нашава, апсолутно не е апликативно тоа што се случува во САД. Ако обрнеше внимание, ќе увидеше дека добар дел од набројаните ликови не се исклучиво од таму. За обвинувањата се држам до пресумпцијата на невиност, но нешто реално конкретните случаи мене лично не ме тангираат.
 
Сигурно имаш мислење, не може да ти е се исто, па кое твоето за Арнолд Шварценегер, комичарот Луис си Кеј, Коби Брајант, Тајгер Вудс, погрешиле ли, треба ли да се обвинуваат и да се брише подот поради нивните постапки или ....
 
Не сум им светела. :)
 
Не сум им светела. :)

А можеше:
Да виновни се, како не им е срам да ги изневеруваат жените. Или па не дај боже да ги обвинеше жените што ги рашириле нозете, иако знаеле дека овие се женети луѓе.
Никој не ги обвинува жените кои спијат со туѓи мажи, ама затоа мажите секогаш се на тапет и после жените биле угнетени и што ти ја знам.:ROFLMAO:

Продолжи сега со твојата мисија, иако касниш едно 40 години. (y)

Еве сликовито (без потреба од звук) каков е процесот кај жените кога објаснуваат, а како кај нас
1583411602908.png

Ние кратко,јасно и директно на темата, а другата половина малку повеќе време.
 
Прегледај го приврзокот 236324

Ние кратко,јасно и директно на темата, а другата половина малку повеќе време.

Стереотипи, дедукции и генерализации повторно. Еве, на пример, јас идам на шопинг сама, затоа што знам колку е напорно некого да влечкам со себе, таму се задржувам мамксимално саат време, брзо одлучувам што да купам и не трошам многу пари на тоа. Знам уште некои жени слични на мене. Имам машки роднина со кој сум главела и по неколку саати на таа активност и едвај сум куртулила, посуетен е и ситничав од било која жена. "Женска" и "машка" мозочна хемисфера во принцип не постојат, инаку, дали мажите се попаметни од жените или обратно одговорено ти е во популарно направениов клип, кој ќе одземе само помалку од 5 минути од твоето скапоцено време:

:pos:
Абе еднаш, бар еднаш конкретно да одговореше на некој пост. Намерно и допишав под сликата дека за друго се однесува, ама се фати за шопингот.
Клипот веќе го имаш неколку пати споделено, само него ли го имаш за аргумент :kafence:

Поснаодливи се женските дефинитивно, а за попаметни може да се заклучи од досегашните твои споделувања, бидејќи полесно ни е да се сконцентрираме на една работа.
 
Тражили сте - добили сте, бујрум:

Why Women Are Smarter Than Men

И немам никаква врска со уредувачката политика на Форбс, мој став е дека е крајно неблагодарно да се спори околу тоа кој од половите е поинтелигентен и паметен. Тука ти се обработени IQ/EQ моментите.
 
Не сум ја гледал Ада Ловелаце ама сум ја гледал нејзината роднина Linda Lovelace, одлична. Deep Throat и е врв класика.

Треба да ги листаме порно "глумиците", по тоа се попознати, јако глумат
 
Тражили сте - добили сте, бујрум:

Why Women Are Smarter Than Men

И немам никаква врска со уредувачката политика на Форбс, мој став е дека е крајно неблагодарно да се спори околу тоа кој од половите е поинтелигентен и паметен. Тука ти се обработени IQ/EQ моментите.

Чекај малку, тебе целта ти е да докажеш дека женските биле попаметни од машките .... :cautious:
Ја па мислев друга битка водиш :facepalm:
Па уште тражили сте, а добили :toe:

Напишав поснаодливи, а тоа би требало да значи и повисока ЕИ.

Се прашувам зашто најпознати фризер, м.креатор, готвач, уметник, доктори, научници не се жени, а признанија им даваат жени :toe: .
 
Дај бе човеку, вложи некој минимум напор и за промена потруди се да читнеш нешто од тоа што ти го пласирам кога веќе ме цитираш и повикуваш да ти одговорам, ете, во вториот параграф експлицитно ти го пишува ова: "Decades of research show unequivocally that men and women are equal in general intelligence (IQ), but that isn't the case when it comes to emotional intelligence (EQ)." Колку и да ми е интригантен текот на твојот мисловен процес (а не ми е), EQ-то како што гледаш е подолг низ карактеристики, кои не подразбираат само снаодливост. Ако не виде колку уметници, доктори и научници се жени од тоа што го пишав погоре, тоа е апсолутно и исклучиво твој проблем. Во свет во кој е се' уште доминантен андроцентризмот, нормално е дека таквите жени не се доволно познати. Жени модни креатори и тоа како има, можеби е тоа добра инспирација за некој нареден пост.
 
Го разбирам тоа, но нема поинаков начин како да ги поткрепам моите тврдења. Тоа што го тврдам е резултат на сума на многубројна стручна литература (примарна, секундарна и терциерна) која сум ја прочитал и срочил во определени заклучоци. Освен ако не ти реферирам нешто, ти не може да знаеш дали и зошто тоа што го тврдам е така. И обратно. Според принципите на дисциплинирана дебата, товарот на докажување лежи на тој што ги дава исказите, инаку секој од нас може да кажува сѐ и сешто, но ако не изложи докази за своите тврдења, нема причина зошто да им се даде тежина. Другата опција е да ми веруваш во тоа што го кажувам. Мене не ми пречи и така, но од „хигиенски“ аспект, сакам да ги поткрепам моите искази. Кога дискутирам со членови кои не сакаат да дебатираат на највисоко ниво, во последно време гледам начинот на изразување да го прилагодам на таа динамика. Со личности како тебе и уште неколку членови овде, користам најригорозен метод на дебатирање, на највисоко ниво (Ова сфати го како комплимент :D) и очекувам такво ниво за возврат.

Гледај на ова вака... Повеќето од појавите кај луѓето постојат бидејќи имаат определена адаптивна функција. Од аспект на панадаптационизмот, некои од појавите се нус продукт на тие со адаптивна функција, но способноста за бирање партнер има силна адаптивна функција. Ако постоеле 100 жени и 50 од нив имале некои спонтани мутации што ги направиле способни да имаат некаква преференца, а 50 не, ако тие со преференца продолжувале почесто, очигледно дека способноста да преферираш некакви мажјаци има адаптивна функција. Ако мажјаците константно бирале женки, тогаш таа способност би се тргнала од генетскиот базен. Но штом останала, и тоа револвира околу некои хевристики кои може да се поврзани со добри гени и дефицит од патологии (симетрија на пример), изборот на женката имал некаква функција. Според повеќето модели, силувањето во рамките на едно племе има ниска вредност за фитнесот бидејќи носи многу ризици, иако понекогаш е добра стратегија за мажјаци кои немаат голем еволутивен фитенс. Зошто е тоа така? Бидејќи според повеќето теории кои се носат абдуктивно од тоа што го знаеме, од анализа на некои племиња кои живеат слично на нашите предци, археолошки пронајдоци и др. се претпоставува дека структурата на племињата е можно да била егалитаристичка. Од сите можни конфигурации (племиња со силувачи, племиња со кавалери, племиња со вакви и онакви), некако за фитнесот на племето се покажала најдобра структурата која ја спомнувам. Во тие племиња, жените имале браќа, татковци и слично кои ги бранеле од силувачи (за да си го заштитат генот од натрапници). Константно тепање помеѓу мажјаците за женките било контрапродуктивно за целосниот фитнес на племето, па се развиле поинакви мерила за добар маж. Жените биле чувани од неколку кавалиери кои ги бранеле од натрапници, со цел тие да ги оплодат, а и од татковците, браќата и мајките кои во голема мера бирале за нив. Исто така, самите жени бирале партнери, па веројатно ова е комбинација од изборот на повеќе луѓе. Мажите кои користеле други стратегии за да го промовираат својот ген (имаат ресурси, фини се, имаат статус) биле селектирани почесто, а губитниците си го ризикувале животот со силување бидејќи татковците можеле да ги убијат, браќата можеле да ги убијат, жените можеле да го убијат бебето и други работи. Хамилтоновото правило, правилото на реципроцитетен алтруизам и ред други работи, покажуваат како оваа динамика била најдобра за фитнесот на цело племе. Ова нема како поинаку да ти го докажам освен со тоа што ќе те наведам да го прочиташ тоа што сум ти го пратил. Еве, ќе ти одвојам извадок од еден од линковите.
[But Hill had something almost as good as a time machine. He had the Ache, who live much as humans did 100,000 years ago. He and two colleagues therefore calculated how rape would affect the evolutionary prospects of a 25-year-old Ache. (They didn't observe any rapes, but did a what-if calculation based on measurements of, for instance, the odds that a woman is able to conceive on any given day.) The scientists were generous to the rape-as-adaptation claim, assuming that rapists target only women of reproductive age, for instance, even though in reality girls younger than 10 and women over 60 are often victims. Then they calculated rape's fitness costs and benefits. Rape costs a man fitness points if the victim's husband or other relatives kill him, for instance. He loses fitness points, too, if the mother refuses to raise a child of rape, and if being a known rapist (in a small hunter-gatherer tribe, rape and rapists are public knowledge) makes others less likely to help him find food. Rape increases a man's evolutionary fitness based on the chance that a rape victim is fertile (15 percent), that she will conceive (a 7 percent chance), that she will not miscarry (90 percent) and that she will not let the baby die even though it is the child of rape (90 percent). Hill then ran the numbers on the reproductive costs and benefits of rape. It wasn't even close: the cost exceeds the benefit by a factor of 10. "That makes the likelihood that rape is an evolved adaptation extremely low," says Hill. "It just wouldn't have made sense for men in the Pleistocene to use rape as a reproductive strategy, so the argument that it's preprogrammed into us doesn't hold up." ]

Ова оди контра твоите аргументи. Ако жените имаат преференца за изглед, тоа не значи дека таа има еволутивна функција, според тебе. Но ако жените имаат преференца за силување (во форма на фантазија), тоа значи дека истото има еволутивна функција, според тебе.

Ова со фантазии за силување е сумњив муабет бидејќи:
Тоа е фантазија за агресивен секс, но не и силување. Жената ужива во фантазијата иако контекстот е табу (силување). Во вистинско силување, жените не уживаат, поради што е и силување. Постои огромна разлика. Од друга страна, фантазиите за бивање доминирана во секс имаат некое еволутивно минато (теоријата за предавање на женката) и според мене. Ова, налик на инцест фантазиите, не кажува за вистинските преференци надвор од фантазијата. Во реално сценарио, сосема поинаку се доживува силувањето. Но можно е тоа да е резултат на адаптација на предавање на доминантни мажи, со цел да се надмине траумата и незадоволството. Кај некои жени е резултат на траума. Кај многу е мисатрибуција на возбуда, стравот лесно преминува во сексуална возбуда. Кај други е одбегнување на сексуална вина. Кај некои е отвореност кон нови искуства. Кај некои е инклинации кон мазохизам како сексуален фетишизам.

Муабетот е, како што пишав на почеток, ние сме комбинација од милион механизми. Некои од тие се позастапени кај некои луѓе, други кај други. Поради појавноста на силувањето и доминацијата кај мажите, можно е да постои субмисивност како адаптација кај жените. Но тоа иде рака под рака со милион други адаптивни механизми кои ја зголемиле шансата за преживување. Жените и бирале, и биле силувани, и нивните родители бирале, зависно од време, место, околности, стататус, пракултури во примордијалните општества и тристо други фактори, на што сме ние резултат денеска.
Лошо е да се изведуваат елементарни упростени заклучоци за вакви теми зашто постои голема шанса за грешка.

Фала на комплиментот, јас лично ти верувам како соговорник и без линкови до соодветни трудови и книги, мислам што потреба би имал да ме лажеш?
За жал не сум баш најпогоден за дебата на највисоко ниво, како што ја практикуваш затоа што сум просечно интелегентен, мислам дека бев IQ 94 на тест пред 10-12 години ама од досегашно искуство мислам дека вадам максимум од она кое, барем според многу трудови е 4/5 детерминирано од генетика. Среќа за останатата 1/5 :)
Така да, не можам да возрвратам со такво ригорозно ниво, туку со ова со кое возрвраќам, какво и да е, не дека не сакам, толку можам. Добрата страна на твоите постови не се поткрепите со линкови туку објаснувањата на компликувани процеси на едноставен начин за да може секој да разбере за што се работи.

Точно е дека има простор за извесен процент да бирале женки на ХСС ако се знае дека генот на мажјак префериран од огромното мнозинство жени надисториски, надвременски и надкултуролошки (Бред Пит фаца и стас да кажеме) може да е резултат на пренесувањето гени преку парење на лепотани и развиени батки со женки кои ги одбрале, но може да е и резултат на нивната предност да си одберат женка со која ќе се парат многу полесно од останатите мажи, просечните, потпросечните и грдите кои се огромно мнозинство во машката популација.

Што се однесува до другиве дискутанти околу феминистички организации во РСМ, би се запрашал колку од нив во програмите имаат нешто околу изборот на жените на имбецили, недозреани тинејџери во тела на 30+ мажи, сељаци и говеда за сопрузи или долгогодишни партнери што многу често резултира со млатење и понижавање на жената во брак или врска. Ако тоа не им е приоритет, тогаш не би знаел зошто постојат. Во 2020 од новата ера, сиров тестостерон би требало да е надмината фора при избор на партнер.
Автоматски споено мислење:

Еден од првите програмери воопшто - види чудо - Ејда Лавлејс:

Ada Lovelace

Ada Lovelace: The First Computer Programmer

Многу природно. Ако одиш дотаму и Тесла се надоврзал на Волта и на некои други претходници и сите во науката се надоврзувале кон иновациите на претходниците.

Да, знам за ќерката на Џорџ Гордон, попознат на пошироката јавност како Лорд Бајрон :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom