Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.998
Шекеринска ти е ***** од човек. Навистина е голем капацитет, навистина во 90-тите придонесе доста за партијата, но и денес доста пари вложува во самата партија. Само надвор од тој круг нема придонесено апсолутно ништо со што би го заслужила мојот глас. Она да беше носител на Изборната единица 2, јас ќе гласав за вмро (што во нормални околности само мртов би гласал за таа политичка партија, а и ќе биде веројатно тоа во некоја иднина да се случи со досегашниот тренд на мртви гласачи). Сега немам некој интерес да застанам зад параванот, можеби некој инает затоа што за цели 12 години владеење на вмро, во мојата населба е направена 1 улица, поправени се тротоарите, имаме едно мало “паркче“ (никако не го поврзувај со зеленило), 1 мал паркинг и спортска сала на која се наплатува влезница! За 12 години! Но инаетот не е секогаш рационален (не очекувам некакви промени и при евентуалната промена на општинската власт), па веројатно или ќе го прешкртам ливчето или ќе гласам за некоја од помаливе опозициски партии.....
Ние немаме политичар кој ќе биде способен да не води кон некаков просперитет. Еве и овие продолжуваат со тие аспирации за евро-атлантската иднина на Македонија! Искусен политичар таа тема не би ја начнувал затоа што тоа се апсолутно негативни поени на неговото салдо или ветување без некоја реална шанска истото да се оствари. ЕУ да не сакаше, експресно ќе не примеше во нејзиното “семејство“.
Шекеринска направи толку за феминизмот, толку Брус што направил за трансџендерите. Јавно залагање и неколку протести, посебно оној околу Законот за абортус. Многу зборови, нула акција. Башка тоа што тој протест беше крајно глупав и немаше апсолутно никаков мотив да се посегне кон тоа средство. Сето тоа требаше да се одвива во парламентот, но проблемот беше во тоа што тогаш сдсм беше многу слаб. Денес таа не може да се залага за средната класа, затоа што живее на висока нога (за разлика од Заев кој некогаш и бил доста сиромашен, па ајде тука може да помине), ниту да се залага за некаков популизам, затоа што секогаш била и е во кругот на елитистите. Бомбона бизнисот е само јагодата на шлагот, од кој дебело профитираше и Никола. Инвестициите каде странските компании ги откупуваа нашите за смешни пари, а од самото тоа имаше и добар дел и за тогашното раководство на сдсм (погоди што- Рада беше член од потесното раководство на сдсм и во тоа време), па потоа и трендот кој го споменав го продожи и Војводата, и го пренасочија народот или да не гласа или тогашното постојано сигурно гласачко тело за 180 С да го промени својот глас! Таквите политичари не и требаат на Македонија, а таа е остакот од тој режим кој економски и социјално ја уништи нашата земја. Па сега увиди од каде произлегува мојот револт, кога илјадници граѓани ги губеа своите работни места, таа лапаше дебела плата, се залагаше за истото за кое се залага и сега, не постигна апсолутно ништо и на сето тоа државата ја остави во полоша состојба од тоа што ја пронајдоа (а како што реков, и тогаш веќе состојбата беше многу лоша).
Единствено таа може да се поврзе со модерниот феинизам, затоа што во суштина тој е квази феминизам кој се бори за крајно ретардирани нешта или за нешта кои веќе уставно се загарантирани.

пи.ес. Видеото е извадено од контекст.
