Не бев на форумов присутен од 7 Ноември 12:00 часот.
Се дистанцирав од форумов и од социјалните мрежи периодов, мој личен експеримент и издржав без проблеми.
Не знам зошто не можеш да ме тагираш, искрено не сум направил никакви ограничувања на профилот на овој форум, може кој сака да ми го гледа профилот, да ми пишуваат приватни пораки, или да ме следат ако сакаат, целосна демократија, сметам дека е подобро да се деактивира профил отколку такви финти со блокади.
Баш на тој 7 Ноември претпаднето на форумов
@Aceso
Таа имаше пишано дека членот
@Ron Burgundy и пишувал приватни пораки на форумов а јас и вратив дека таа имала направено ограничувања кон мене бидејќи јас на 29 Октомври се обидов да и напишам приватна порака за резултати од анализа на крв и урина, ама приватната порака не можеше да се испрати.
И потоа таа ми испратила приватна порака која јас денес ја видов, бидејќи како што пишав од 7 Ноември и 12:00 не бев активен на форумов.
Не сум личност која во приватни пораки вознемирува жени со непристојни пишувања, коментари или со испраќање слики од голо тело и полови органи.
Јас сум последната личност која такво нешто би направила. Сериозно.
Не сум баш млад, да релативно сум млад со моите 35 години возраст.
Брутално искрен одговор на болдираното прашање:
Да, сум сингл, и тоа не е ништо ново за мене, вообичаена ситуација, стандар-дно дно од ситуација.
Никогаш не сум имал девојка, не сум имал врска и следствено на тоа не сум имал полови односи.
Јас сум девица.
Имам 0 % или 100 % успех со жените, никогаш немам пријдено на женско да пробам да се додворувам, тоа ми е непознато
Ете постојат и машки девици, како во комедијата од филм кога колегите на типот од мислам беше во филмот типот девица од 40 години, колегите му местеа женска за да изгубат невиност.
Нека почнат игрите, и нека почнат малициозните коментари на форумов кон мојата личност и невиност, баш ми е гајле, што би кажал Клинт Иствуд т.е алијас Хари Калахан ,, Go ahead make my day" - на Германски беше отприлика нешто во стилот е ,, Mach schon, versuss mein tag".
Нека повелат форумските ѕвезди со коментарите.
Сум пишувал во други теми на форумов и пак ќе напишам: воопшто не ми пречи разликата во годините помеѓу партнерите, битно е хемијата, разбирањето и најважното е
ПОЧИТУВАЊЕ помеѓу партнерите, и ако го има тоа ќе има и љубов.
Многумина во реалниот живот кога во разговор ќе им кажам со директен пример дека за мене не е пречка разликата од 26 години помеѓу Емануел Макрон и Брижит Макрон, сите ме гледаат како да сум ненормален.
Ама мене не ми е тоа важно, си терам свој фазон и за мене не е пречка голема разлика во годините.
А на тие истите личности и од машки и од женски пол кога ќе им кажам дека освен примерот со парот Макрон дека и кај парот Трамп е голема разлика во годините помеѓу Доналд и Меланија Трамп, е тогаш се појавува дволичноста и на истите машки и женски личности не им пречи разликата во години кај парот Трамп а им пречи разлика кај парот Макрон. Лицемерие е тоа.
Којзнае можеби и јас еден ден ќе пронајдам некоја со која и самиот ќе се пронајдам.
Слободен играч на пазарот сум,
@Darling точно е дека имаше некои непримерени однесувања од некултурни колешки на работа ама ги искулирав.
Си терам по свое, како магистер по образование си гледам да си најдам занимација и да помине работното време, а тие колешките меѓусебно не се поднесуваат и не ми требаат.
@YoucancallmeV еве те тагирав успешно, и ти што направи, се смири ли со девојката?
Пиша дека сте оделе на Кипар и таа сцената со таа Русинката, и што се случи?
Инаку мислев дека членот
@wot е женско ете таков впечаток сум имал.
@Goyathlayyy пишувавме пред некое време на форумов, ако има женска за мене пиши ми. Нека е и ливадарка, јас без искуство ќе ја скротувам.