- Член од
- 13 април 2021
- Мислења
- 6.004
- Поени од реакции
- 18.009
Прво, ПТСД и те како е поврзан со хормоните, при ПТСД, надбубрежната жлезда лачи енормни количини кортизол и адреналин кои физички го менуваат функционирањето на мозокот и однесувањето. Исто како кај психозата, тоа е реакција на мозочната хемија, а не некаков си сопствен избор.Прво птсд не е хормон, туку психичка состојба настаната поради траума, хормоните немаат никаква врска.
Избегнување на лежење затвор за тројно убиство со причина каде што хормоните ја одредиле психичката состојба, е сериозен преседан каде што утре може да се користи истото оправдување за најразлични работи. Тоа ја доведува во прашање целокупната трезвеност на жените под дејство на тој хормон.
Второ, во правото не постои преседан за хормони, туку за клинички докажана ПСИХОЗА (губење контакт со реалноста, халуцинации, заблуди). За да се прифати одбрана за непресметливост, медицински вештаци мора да докажат дека во моментот на делото лицето физички не било свесно што прави. Тоа не може утре да го искористи секоја жена за најразлични работи, исто како што не може секој маж да се извлече на ПТСД или мозочен тумор ако нема медицински докази.
Трето, лекување во психијатриска болница затворена под максимално обезбедување НЕ Е избегнување затвор. Тоа е задолжителна изолација во медицинска установа, честопати до крајот на животот.
Судот не суди според хормоните, туку според тоа дали лицето било медицински непресметливо. Правиш фатална грешка зошто не знаеш, па мешаш нормален хормонален баланс (и физиолошки хормонални варијации ако мислеше на ПМС) со тешка психијатриска болест.