Не можеле да донесат едногласна одлука за Линдзи Кленси, 11 членови на поротата биле за тоа да биде во лудница додека 1 бил за да иде во затвор. Од тие 11, дури 9 се жени, нормално водени според емоции гласале да ја "ослободат". Обвинителството ќе одлучи дали наново ќе ја тужат или ќе се спогодат некако.
Тежок преседан ќе си направат феминистките со овој случај. Доколку ја стават во болница, наместо во затвор каде што и припаѓаат сите убијци, со образложение дека хормоните и влијаеле за рационално да расудува и да размислува, тогаш многу работи треба да се променат во опшеството, на пример, да не се поставуваат жени на високи политички функции затоа што не можеме иднината на една држава да ја оставиме во рацете на жена која што можно е да има промена на хормоните и да не размислува трезвено, да нема повеќе жени полицајки и во армија, не може да дадеме оружје на некој кој што може да не пука и после да се вади дека хормоните и влијаеле и била непресметлива. Не може да има повеќе жени судијки кои ќе носат правни одлуки, а хормоните ќе им влијаат на секоја одлука.
И најбитната работа, старателство врз децата, до сега се применуваше методата да 99% од случаевите, децата завршуваат кај мајката, а таткото е тој што е отфрлен од семејството, треба да плаќа алиментација и да ги гледа децата само 2 саати на секои 2 недели. Не може да се потпираме на нечии хормони како реагираат во дадени моменти и да дозволиме да некои идни невини дечиња бидат задавени од нивните хормонални непресметливи мајки. Од сега 99% од случаевите, децата кај таткото, а мајката нека плаќа алиментација до 18 години.
Правата не ви се шведската маса па да си бирате што сакате, а што не сакате. Носат одговорности кои редно време е да си ги превземете.