Феминизам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Птичји Грип
  • Време на започнување Време на започнување
Кај одреден дел од населението постои една заблуда во однос на феминистичкиот поглед кон мајчинството:
Се врши пропаганда дека феминизмот е против тоа жените да бидат мајки, домаќинки и да живеат според традиционални родови улоги. Точно е дека феминизмот е против ова само доколку на жената ѝ се наметнати овие работи против нејзина волја, а тоа е угнетување. Едноставно феминизмот се залага жените да имаат избор. Секоја жена сама да одлучи дали сака да биде stay at home mom, да има кариера и професионален живот, или да си ги тера двете работи истовремено.
Не сум слушнал некоја феминистка да е против мајчинството и грижата за децата од страна на жената доколку тоа е нејзин доброволен и слободен избор.
Од друга страна, сѐ почесто кај одредени ултраконзервативни групи гледам тенденција на ширење пропаганда насочена кон намалување и укинување на женските права.
Се појавуваат подкастери со ригидни ставови дека местото на жената е во кујна, ако жената патува, е амбициозна, деловно успешна, финансиски независна, образована, има пријатели - не била wife material, а најсмешно е што со нивната пропаганда ги навредуваат и мажите.
Кога пропагираат дека мажите се раѓаат без вредност - како маж се чувствувам навреден.
Кога тврдат дека маж не треба да се грижи околу домашните обврски и да готви - создаваат паразити кои што не можат да се грижат за себе. Ако си возрасен човек, а не знаеш да си направиш храна, да си испеглаш облека, да си ги измиеш чиниите - тоа не те прави алфа мажјак ниту некаков мажествен маж - туку значи дека си неспособен за самостоен живот, што за возрасен човек со нормален психофизички развој е срамота.
Не сум многу активен на форумот, ретко пишувам, претежно го читам ако имам време, ама мислам дека овој пост е најглупавиот пост во оваа полугодина. Толку глупости натовари овде а и во следните неколку твои постови (кои не вреди да се цитираат) човек да се чуди. Овој пост може да ти помине на оној феминацистичкиот форум (за ова може бан да добијам), а и таму дали ќе ти помине дека ќе видат дека маж го напишал и да можат ќе те распнат и запалат и одерат жив штом ја спомнеш оваа тема. Феминацизмот (ова дека феминизам не постои) е најголемиот убиец во историјата на човештвото. Ама тоа е друга тема за објаснување.
Автоматски споено мислење:

Ова ништо не ми значи.

Каде точно, во кој документ или соопштение, феминистките изјавиле дека силувањето е во ред ако сторителот не е белец?
Не ти значи ништо дека вистината не ти одговара. Ништо лично кон тебе, супер лик си на форумот и мерак ми е те да читам на доста теми, ама искрено, штом се спомне феминизам, вие жените ја исклучувате логиката и се водите по наративот на феминизмот кој не го разбирате.
 
Ти си прилично одлепен лик на интересен начин, како што беше забавно да се чита 4chan, на таков начин интересен кога unhingе-несот е само зачин и е забављање идеја for teh lulz. Но, понекогаш така јако одлепуваш што на човек му станува страв да пие пиво со тебе, и уште ако влечеме паралели, таков страв што тера да мислиш дека може утре да влезеш и направиш масовно пукање во училиште. Ти ставам понекогаш лајкови, се надевам некогаш ќе ми пишеш: хеј, не се пуштај утре на кајгана, сите логирани ќе платат...
300 пати сме го збореле феноменов ако веќе не си го прочитал на странски форуми и социјални мрежи дека некои поради страв за да не ги нападнат дека се расистки а некои свесно за да не ги оцрнеле мигрантите не ги пријавуваат или пријавуваат опто маж а не даваат физички опис.
Листај во темата мулти - култи и ќе си прочиташ сам дека не зборам на памет.
 
Back
На врв Bottom