Феминизам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Птичји Грип
  • Време на започнување Време на започнување
Да, но за жал тие создаваат се повеќе инсели. Посебно е загрижувачка состојбата кај младите момчиња, тинејџери и адолесценти кога ќе почнат да ги слушаат нив, така стануваат инсели.
Инсели создаваат родителите, неспособни луѓе што мислат дека секој треба да има деца. Такви осакатени деца лесно е да ги проголта разноразна пропаганда и идеологија со која лесно би се идентификувале.
 
Напротив, имаш цела генерација таблет телефон деца што порасна гледајќи им ги клиповите на тикток.
Најважно е што промовираат материјализам и дегенерички активности кај нивната машка популација како коцкање, да станат макро, да бидат само татковци на повеќе деца без брак и други деструктивни работи.
Тука начнуваш тема што е многу долга реално, но ајде ќе пробам да ги сумирам сите аспекти што си ги потфатила во кратко.
Материјализам: да не сме наивни, новиот свет е целосно материјалистички веќе, освен мала група будисти на Тибет секој стига до материјализмот порано или покасно, макар и не бил учен така од дома, но веќе и од дома ги учат така масовно. Па и самиот феминизам во нашето г/д еднакво општество проповеда материјализам со тие квоти за вработување и плати.
Коцкање, да станат макро, да бидат само татковци на повеќе деца без брак и други деструктивни работи: да, но зашто успеаа да се пробутаат такви ликови и да станат популарни, поради тој фанатичен феминизам кој ги направи мажите и жените непријатели непотребно во горе/долу еднакво општество.
цела генерација таблет телефон деца: тие деца покрај тие дебили растат и со тие лгбт и феминистички агенди да се трубат, им се еба мамата реално, стварно не знам како ќе функционираат.
Но на крај, треба да се согласам со Владе, пасивно агресивно го враќаме ударот, и затоа нуспродукт се тејтовци мејтовци, затоа што белиот хетеро маж веќе е гневен на се што се случува.
Еве тргам од мене, мојот гнев автоматски се вклучува кога имам контакт со некоја алфа феминистка, ај ем воман хир ми рор, а после ми обајаснува за џентлеменство и како мажот треба да кани како мажот треба да части итн.
 
Последно уредено:

Ова за мене е? Хехе. Океј. Сега слушај ме зошто очигледно дека за мене збориш во контекст на темата за канење и плаќање на прв состанок, па ајде да ја разјасниме логиката.

Мојот став дека мажот треба да ја плати сметката на првиот состанок не е никаков алфа феминизам, туку е класично, традиционално сфаќање за џентлменство и додворување. Јас немам двојни стандарди. Но, очигледно ти имаш, затоа што кога дебатираме за права, велиш дека општеството е еднакво, а кога ќе дојде ред за плаќање на прв дејт, одеднаш ти пречи традицијата и ти се вклучува гнев на бел хетеро маж. Наместо да ти се јавува гневот кон жените, размисли зошто ти пречи обичен џентлменски гест на прв состанок.
 
Не е за тебе, но да, со тебе имавме една дебата поназад за ова, иначе далеку од прво родео, да беше само ти, немаше да ми пречи. Не ми пречи традицијата, пак ќе кажам, ми пречи шизофренијата на феминизмот кој сака да ја скрши традицијата, ама сепак селективно сака некои работи да важат за жените, особено кога им идат во прилог. На пример, традиција била (веќе не е) да иде стројник да каже на таткото тој и тој сака да ја земе ќерка ти и таткото решавал, никој не ја прашувал ќерката сака ли нејќе ли. Штом си толку традиционална, би го прифатила тој традиционален обичај? Примери многу но ете нека да се фатиме само на тој.
 
А зошто да не можам да си разграничам што ми се допаѓа, а што не ми се допаѓа во поглед на традиционалните сфаќања и вредности?

Јас како личност, многу го почитувам семејството во традиционална смисла на зборот, но тоа не значи дека сум и слеп поддржувач на договорени бракови (тоа е кршење на основни човекови права).
Битно ми е и мислењето на моите блиски, еве конкретно на татко ми, кога е во прашање мојот избор. Не дека ќе ми е пресудно, апсолутно не, но дека ми е важно да бидат задоволни од мојот избор, ми е, нема да лажам.

Чувствувам дека во денешново време имам слобода сама да си изберам што од традицијата сакам да задржам (семејни вредности, почит, џентлменство), а што е неприфатливо и надминато (како ете примерот со договорените бракови и многу други).
 
Не, ниту гласав на гнасниот референдум за северна
Штета тогаш.

Бидејќи другата опција е дека си елементарно и фундаментално екстремно наивен накај инвалидно ниво глуп.

Едино ако си убав, тогаш немаш гајле.
 
Точно, ја на ова му викам шизофренија, сакам традиција, ама не доволно да прифатам се што таа носи со себе, сакам селективна традиција, до степен до кој ми одговара на мене. Сега, ти можеби и можеш да жонглираш успешно и да си доволно флексибилна тоа да не ти пречи на функционирање, но помисли дали е тоа така за мнозината жени, или за мнозината луѓе во целина? Пробај да збориш со хард-кор феминистка за семејните вредност и за деца, па ќе видиш до кај е со материјалот. Баш затоа што луѓето не можат да изберат што е здрав разум а што е екстремизам, имаме ситуација на ливадарки, инцели, и општо незадоволни депресивни сингл луѓе кои не сакаат да попуштат затоа што има движења што ги подгреваат да се на нож со другиот пол. Самото тоа што имам во мое опкружување самопрогласени горди феминистки е поразителен факт.
 
Каква врска има ова и ставот за името со темата за феминизмот
Автоматски споено мислење:

зашто успеаа да се пробутаат такви ликови и да станат популарни, поради тој фанатичен феминизам кој ги направи мажите и жените непријатели непотребно во горе/долу еднакво општество.
Не би рекол дека жените и мажите биле еднакви пред феминизмот.
 
Последно уредено:
Точно, ја на ова му викам шизофренија, сакам традиција, ама не доволно да прифатам се што таа носи со себе, сакам селективна традиција, до степен до кој ми одговара на мене. Сега, ти можеби и можеш да жонглираш успешно и да си доволно флексибилна тоа да не ти пречи на функционирање, но помисли дали е тоа така за мнозината жени, или за мнозината луѓе во целина? Пробај да збориш со хард-кор феминистка за семејните вредност и за деца, па ќе видиш до кај е со материјалот. Баш затоа што луѓето не можат да изберат што е здрав разум а што е екстремизам, имаме ситуација на ливадарки, инцели, и општо незадоволни депресивни сингл луѓе кои не сакаат да попуштат затоа што има движења што ги подгреваат да се на нож со другиот пол. Самото тоа што имам во мое опкружување самопрогласени горди феминистки е поразителен факт.
Ама не е тоа шизофренија душо, тоа е еволуција, основа на цивилизациски напредок. Затоа светот оди напред, зошто луѓето научиле да направат селекција на убавото од неубавото.

Ако одиме по твојата логика, дали ако некој слуша пример традиционална музика, треба и да се облекува традиционално и да живее во куќа од кал без струја, зошто нели традиционалист?

Нормален човек треба да знае да избалансира, да биде флексибилен, да тежнее кон создавање нормално семејство. Тоа е здрав разум.

Јас така го сфаќам феминизмот еве. Имам право да си размислам со своја глава, имам право на избор, а сепак имам и право да го почитувам тоа што татко ми ми го втемелил во текот на воспитувањето. Имам право дури и да му се спротиставам на татко ми кога не се согласуваме за нешто, а притоа да не добијам шамар за возврат.
 
Каква врска има ова и ставот за името со темата за феминизмот
Ставот ти е ултра мега гига тера пета екса ноторно глупав, гледам и друг член претходно ти го цитирал иницијалниот пост со реплика дека е најглупаво нешто напишано на форумот бар оваа година ако не и повеќе.

Сето тоа што изнапиша не би било чудно во три случаи 1) платена НГО пропаганда 2) прегрда исфрустрирана жена 3) глуп наивен маж

Сакаш за феминизмот? Имал целосно поента и смисла во време на Марија Кири и Роза Луксембург. Сега е една од алатките за divide et empera (кога ќе се види однесувањето на жените, очигледно успева).
 
Ама не е тоа шизофренција душо, тоа е еволуција, основа на цивилизациски напредок. Затоа светот оди напред, зошто луѓето научиле да направат селекција на убавото од неубавото.

Ако одиме по твојата логика, дали ако некој слуша пример традиционална музика, треба и да се облекува традиционално и да живее во куќа од кал без струја, зошто нели традиционалист?

Нормален човек треба да знае да избалансира, да биде флексибилен, да тежнее кон создавање нормално семејство. Тоа е здрав разум.

Јас така го сфаќам феминизмот еве. Имам право да си размислам со своја глава, имам право на избор, а сепак имам и право да го почитувам тоа што татко ми ми го втемелил во текот на воспитувањето. Имам право дури и да му се спротиставам на татко ми кога не се согласуваме за нешто, а притоа да не добијам шамар за возврат.
We will agree to disagree, не гледам начин некој од нас да го прифати другото, а и како што кажав, не ми е прво родео.
Једино ќе реагирам на:
Ако одиме по твојата логика, дали ако некој слуша пример традиционална музика, треба и да се облекува традиционално и да живее во куќа од кал без струја, зошто нели традиционалист? - Ова нема врска со традиција, збориме за традиции и традиционални вредности, не за вкусови и неприфаќање на технологија.
Автоматски споено мислење:

Каква врска има ова и ставот за името со темата за феминизмот
Автоматски споено мислење:

Не би рекол дека жените и мажите биле еднакви пред феминизмот.
Зависи што дефинираш феминизам, ако ги ставаш тука сафражетките, во право си, ако збориш за ова што е денес феминизам, освен што прави штета, друга причина нема да постои во земји каде што веќе има еднакви права.
 
We will agree to disagree, не гледам начин некој од нас да го прифати другото, а и како што кажав, не ми е прво родео.
Једино ќе реагирам на:
Ако одиме по твојата логика, дали ако некој слуша пример традиционална музика, треба и да се облекува традиционално и да живее во куќа од кал без струја, зошто нели традиционалист? - Ова нема врска со традиција, збориме за традиции и традиционални вредности, не за вкусови и неприфаќање на технологија.
Мислам дека се согласивме дека некои нешта од минатото (како на пример еве облеката и технологијата), мора да се селектираат и надминат. Тоа е целата поента на еволуцијата што ја зборувам. :D
 
Па не, еволуцијата што ја зборуваш е да избереш што ти се свиѓа од тоа што вчера било норма и популарно како став. Имаш права насока но немаш поглед на работите од другата страна. Но сега дај да замислиме дека не сме ја и ти двајцата единствени луѓе на светот и дека има многу други луѓе кои избираат само што им се свиѓа. На пр. тебе ти се свиѓа да те канат, да ти отвараат врата и да ти купат цвеќе на дејт, така да ти тоа избираш од традициите, но што ако на твојот сопруг/партнер му се свиѓа традицијата дека жената е домаќинка и е одговорна за домот. И ете, хипотетички, тој исполнува се што ти си избрала од традициите, ама доаѓа ти да исполниш и удираме ѕид, затоа што денес е ново време, не е традиционалното веќе ин, и тој човек ќе биде во прашалници, особено ако не е карактерно флексибилен.
Затоа и ти кажав, ја и ти може и ќе стигнеме до нзс, но пак збориме за милиони луѓе кои очигледно не стигаат до таков нзс поради една или друга причина, затоа нема бракови. Но еве, сега ако имаш мало дете во близина, пример син/ќерка/внук(а), пробај да му обасниш вака: еее веќе е ново време, жената веќе не е во кујна, не го гледа само она детето, сето тоа е заедничка одговорност на мажот и жената, се стремиме се да делиме и да заработуваме еднакво, ама мажите уште треба да канат, уште треба да тинтраат и частат, сите сме еднакви само некои се поеднакви од другите, види каква реакција ќе добиеш. Е сеа, многу луѓе се на тоа ниво, и не ги обвинувам искрен да сум, има ситуации во кои е збунувачко и фрустрирачко.
 
Back
На врв Bottom