- Член од
- 14 февруари 2009
- Мислења
- 518
- Поени од реакции
- 1.745
Не сум многу активен на форумот, ретко пишувам, претежно го читам ако имам време, ама мислам дека овој пост е најглупавиот пост во оваа полугодина. Толку глупости натовари овде а и во следните неколку твои постови (кои не вреди да се цитираат) човек да се чуди. Овој пост може да ти помине на оној феминацистичкиот форум (за ова може бан да добијам), а и таму дали ќе ти помине дека ќе видат дека маж го напишал и да можат ќе те распнат и запалат и одерат жив штом ја спомнеш оваа тема. Феминацизмот (ова дека феминизам не постои) е најголемиот убиец во историјата на човештвото. Ама тоа е друга тема за објаснување.Кај одреден дел од населението постои една заблуда во однос на феминистичкиот поглед кон мајчинството:
Се врши пропаганда дека феминизмот е против тоа жените да бидат мајки, домаќинки и да живеат според традиционални родови улоги. Точно е дека феминизмот е против ова само доколку на жената ѝ се наметнати овие работи против нејзина волја, а тоа е угнетување. Едноставно феминизмот се залага жените да имаат избор. Секоја жена сама да одлучи дали сака да биде stay at home mom, да има кариера и професионален живот, или да си ги тера двете работи истовремено.
Не сум слушнал некоја феминистка да е против мајчинството и грижата за децата од страна на жената доколку тоа е нејзин доброволен и слободен избор.
Од друга страна, сѐ почесто кај одредени ултраконзервативни групи гледам тенденција на ширење пропаганда насочена кон намалување и укинување на женските права.
Се појавуваат подкастери со ригидни ставови дека местото на жената е во кујна, ако жената патува, е амбициозна, деловно успешна, финансиски независна, образована, има пријатели - не била wife material, а најсмешно е што со нивната пропаганда ги навредуваат и мажите.
Кога пропагираат дека мажите се раѓаат без вредност - како маж се чувствувам навреден.
Кога тврдат дека маж не треба да се грижи околу домашните обврски и да готви - создаваат паразити кои што не можат да се грижат за себе. Ако си возрасен човек, а не знаеш да си направиш храна, да си испеглаш облека, да си ги измиеш чиниите - тоа не те прави алфа мажјак ниту некаков мажествен маж - туку значи дека си неспособен за самостоен живот, што за возрасен човек со нормален психофизички развој е срамота.
Автоматски споено мислење:
Не ти значи ништо дека вистината не ти одговара. Ништо лично кон тебе, супер лик си на форумот и мерак ми е те да читам на доста теми, ама искрено, штом се спомне феминизам, вие жените ја исклучувате логиката и се водите по наративот на феминизмот кој не го разбирате.Ова ништо не ми значи.
Каде точно, во кој документ или соопштение, феминистките изјавиле дека силувањето е во ред ако сторителот не е белец?

