Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.241
- Поени од реакции
- 36.551
Уште нема најдено чаре мажите да раѓаат, затоа мора жената да го роди детето, а ако не сакаш твое право е дали ќе раѓаш или не и уште повеќе право на тој што е со тебе дали сака да го прифати тоа или ќе си бара друга која ќе сака да му роди дете.Да, во право си. Во денешно време секој втор е факултетски образован. Но, колку од жените, без разлика дали имаат или немат диплома седат дома, чуваат деца и живеат од платата на мажот? Да не се разбереме грешно, воопшто немам ништо против домаќинките, чувањето и одгледувањето деца, но зошто тоа под дифолт се очекува од мајката? Зошто не е обратно?
Гледам дека целосно погрешен заклучок си извлекла од мојот пост. И јас сум против радикален феминизам. Јас не ги мразам мажите и не мислам дека жените треба да бидат супериорни во однос на мажите. Тоа ми еднакво на шовинизам, примитивизам и малограѓанштина.
Еве, вака да го проформулирам прашањето.
Зошто мажите немаат едднакво право на породилно отсуство како и жените? И татковската фигура е еднакво битна во родителствувањето и воспитувањето на детето.
Работите се тргнати кон еднаквост, ама не е така. Повеќе ми изгледа како амбиција за еднаквост.
Културата на народот и малограѓанштината на општеството, се согласувам, исто како што ги спомна нашите родители со нивните затупени сфаќања. И тоа секако е проблем на феминизмот. А пишав и зошто. Ако јас како мајка утре не го научам моето дете, да се сака, цени и почитува, тогаш кој ќе го стори тоа?
Тоа е секако нешто на кое што мора многу да се работи. Само тешко дека целосно ќе се изолира.
Како мислиш воопшто да не ми текне да го мешам во темава? Дали си ти свесна дека постојат жени во светот кои се третираат само како машини за раѓање деца? Јас земав еден банален пример од нашето општество. Зборуваме за феминизам, еднакви права и рамноправност, а постапките од секојдневието и меѓучовечките односи ни го покажуваат токму спротивното.
Без разлика дали сум медицинско лице или не, секоја жена е свесна дека времето кога сака да се оствари како мајка и е ограничено, ама тоа не значи дека некој треба да ја потсетува од страна, што, како, кога и зошто треба да го реализира тоа. Пак ќе кажам, право на избор и никој нема право да се меша во тоа. И да очекува нешто од некој друг.
Апсолутно. Најголемите феминисти кои ги познавам се мажи. Здрави, прави, мажествени, хетеросексуалци. И никој не ги смета за помалку мажествени заради тоа.
Проблемот е во невоспитаните мажи кои ги потценуваат жените.
И проблемот е во оние застарените сфаќања дека жените се за дома, а мажите за надвор.
И уште една класификација, да не излезе дека жените целосно ги изолирам. Имаш такви паразити од женски створења, што буквално го користат својот полов орган за да си најдат богат маж и да си живеат на неговиот грб. Немам ништо и против нив, нели секој си има право да си го регулира начинот на живот, но навистина не ми се симпатични.
Поента на целиот пост ми беше иронијата на нештата кои ни се случуваат во нашата непосредна околина, а ние зборуваме за феминизам. А феминизамот е тоа, еднакви економски, социјални и политички права, а не примитивизам, шовинизам и малограѓанштина.
Мажите мислам дека и кај нас имаат право да земаат породилно отсуство, ваљда зависи и од компанијата, ама во IT светот познавам мажи што земаат отсуство да го чуваат детето.
Друга работа, ако има некаде во светот, одете да се жалите таму, ете запали авионот и оди до Саудиска Арабија да им објасниш како треба, јас тука не гледам дека некому нешто му недостига.
Дури сметам дека на голем дел од жените им годи тоа и тие таквите уште пред да се омажат пазат за кого се мажат (примарно им е да е добро ситуиран за да не мора тие да работат).
А зошто еве за во полиција жените имате полесен тест? Или криминалецот ќе ви попушта кога ќе го бркате бидејќи сте жени?

Јавен оглас за вработување на 500 полицајци
-Проверка на моторички способности (за мажи: најмалку 9 склекови за 10 секунди, најмалку 16 стомачни подигања за 30 секунди, скок во далечина од место со минимална должина од 220см, спринт на 20 метри за најмалку 3,35 секунди, спринт на 100 метри за најмалку 15 секунди и трчање на 1500 метри за најмалку 5,25 минути и за жени: најмалку 6 склекови за 10 секунди, најмалку 12 стомачни подигања за 30 секунди, скок во далечина од место со минимална должина од 160 см, спринт на 20 метри за најмалку 3,50 секунди, спринт на 100 метри за најмалку 18 секунди и трчање на 800 метри за најмалку 3 минути, и други физички проверки определени од страна на Комисијата)