Fantasy Premier League 2017/18

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.985
Добро мојот тим е повеќе правен ради тепање време, не се знае пола дали ќе останат во тој што ќе ми биде за месец дена. :D Уште не сум одлучил дали да одам со прилично просечна дефанзива на сметка на напаѓачите. Ама проблемот е што сакам да го имам Милнер ради пеналите и Аспиликуета, бидејќи лани беше најстандарден во Челзи. Може и Лукаку да испадне, сакам да го видам прво на предсезонскиве како ќе се уклопи во тимот. :P Ако дојде Перишиќ и Марсијал лета 90%, оти ќе ги комбинира Мурињо и нема шанса да добива многу минути. Има време. :D
Исто :D Вака направив ради реда сега тим ќе се смени уште сто пати до почеток.

Марсијал го мислев, али не ми изгледа за стандарден... што би рекол ти, ако не дојде Перишиќ дека повеќе би играл?
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.372
Поени од реакции
42.562
Добро мојот тим е повеќе правен ради тепање време, не се знае пола дали ќе останат во тој што ќе ми биде за месец дена. :D Уште не сум одлучил дали да одам со прилично просечна дефанзива на сметка на напаѓачите. Ама проблемот е што сакам да го имам Милнер ради пеналите и Аспиликуета, бидејќи лани беше најстандарден во Челзи. Може и Лукаку да испадне, сакам да го видам прво на предсезонскиве како ќе се уклопи во тимот. :P Ако дојде Перишиќ и Марсијал лета 90%, оти ќе ги комбинира Мурињо и нема шанса да добива многу минути. Има време. :D
Не ни сум го имал Марсијал хахахаха. Го имав скоро цело време додека го составував тимот и мислев дека уште е тука :D[DOUBLEPOST=1499879130][/DOUBLEPOST]
Исто :D Вака направив ради реда сега тим ќе се смени уште сто пати до почеток.

Марсијал го мислев, али не ми изгледа за стандарден... што би рекол ти, ако не дојде Перишиќ дека повеќе би играл?
Па нема друго лево крило во Јунајтед. :D
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.448
Поени од реакции
10.151
Не е пуштена уште... веројатно ќе правиме, иако не сум многу загреан за неа.
Но ќе треба повеќе лиги, зашто 16 екипи е максимум во лига (по 9-10 би биле идеални)

Ќе направиш и оро ќе играш. :D
Поради ограничениот број може да направиме да се влегува со исполнување на одредени критериуми.Пример број на мислење,години на форум и сл.Ќе имаме пријавување и лигите ќе ги организираме според овие критериуми.Само ќе треба да се јави еден доброволец кој има време и ќе ја среди оваа работа.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.003
Поени од реакции
57.043
Не ја зачував табелата од ланскта Кајгана лига, инаку според неа ќе направевме неколку драфт лиги.
Само најјактивните да играа, пошто вака ќе се приклучат некои колку тим да направат и до крај не менуваат ништо.


Ај нека излезе па ќе видиме што како.
Мада јас ќе бев посреќен ако ја активираа повторно ултимејт или предиктор да направеа... драфтот не ми е многу интересен.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.985
Не ја зачував табелата од ланскта Кајгана лига, инаку според неа ќе направевме неколку драфт лиги.
Само најјактивните да играа, пошто вака ќе се приклучат некои колку тим да направат и до крај не менуваат ништо.


Ај нека излезе па ќе видиме што како.
Мада јас ќе бев посреќен ако ја активираа повторно ултимејт или предиктор да направеа... драфтот не ми е многу интересен.
Па реално за драфтот не ни треба нешто премногу менување на екипата :D
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.448
Поени од реакции
10.151
@DaniBMW Ќе игра прв состав Анхел Ранхел?
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.448
Поени од реакции
10.151
Сега за сега е овој составот.Во зависност од трансферите можно е да има промена,но тешко со оглед на тоа дека сакав во тим да ги имам Лаказет,Озил,Санчез,Кејн и плус повеќе од солидна одбрана.Да беше буџетот 115 милиони,како ќе легнаа Али и плус уште еден топ дефанзивец како и солиден напаѓач замена,но и вака не е лошо.
Screenshot_20170712-202932.png
 
Член од
2 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.782
upload_2017-7-12_21-30-39.png

ако не се откажам до 10то коло :p
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.985
Повреди, суспензии, трансфери?
А бе да, али какви се шансите дека ќе ти се повредат 2-3ца одеднаш? :D (И пази сега како се урочувам и уште во прво коло 4ца ми се повредуваат :D )


Иначе за драфтот...у главном во НБА/НФЛ фантази драфтовите ги правиме на недела пред почеток на лигата......али тука е малце зезнато пошто ќе започне лигата а има утше 2-3 недели од трансфер периодот..

Така да уствари и после драфтот ако има комплетирани трансфери ќе има јака борба за тие играчи.

Кога и да ќе биде пуштен драфтот ја би препорачал денот за драфтот да ни биде среда (два дена пред почеток на лигата) околу 20/21 саат.

Али има време за тоа :D

П.С. Ептен ме нервира вака кога ќе влезам во темава и ќе видам некој направил бољи тим од мене и ме фаќа криза на "Леееј како мене не ми текна на овој бе....." И пак треба се наново да почнувам... :( Ептен осеќам срање сезона ќе имам...
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.003
Поени од реакции
57.043
Неколку совети за почетници.

Формацијата не мора да ви изгледа логично, така да нема потреба да купувате лев и десен бек, стопери, лево и десно крило...
Купувајте играчи што асистираат и постигнуваат погодоци. Централни бекови што при прекини се добри скокачи во напад и странични офанзивни бекови што асистираат. Уште подобро ако играчот изведува прекини.
Избегнувајте деструктивци (пр. Канте, Вањама, Ромеу, Фернандињо...). Можеби се примамливи поради ниската цена, но од овие играчи не може да се очекува многу поени.
Обично 2-3 гола во сезона им е максимумот. Толку и асистенции.

До почетокот на сезоната можете да правите колку трансфери сакате. Откако ќе почне (11 август 19:45) секој трансфер ќе ве чини 4 поени, а тоа е многу. Секое коло имате по еден слободен трансфер, доколку не го искористите, наредното коло ќе имате 2.
2 е максимум. Ако не ги искористите тие нема да имате 3, туку ќе останете на 2.

Не избрзувајте со чиповите, поготово triple captain.
Понатаму кога ќе почне ФА купот ќе се играат вонредни натпревари, па одредени играчи ќе ви играат 2 пати во еден gameweek. Тогаш е правиот момент за triple captain. Колку за пример, лани од Санчез во такво коло заработив 81 поен.
Еден чип може да е активен во едно коло. И wildcard е чип! Така да ако планирате да смените неколку играчи, па да активирате некој од другите чипови, заборавете. Многу ја направија оваа грешка лани па во дупло коло не беа во можност да го искористат triple captain чипот.

Free hit чипот исто така чувајте го за викендите кога покрај ПЛ ќе се игра и ФА куп, бидејќи во тие кола веројатно нема да имате 11 играчи. Со фри хит ќе можете да си направите тим кој ќе ви игра само тоа едно коло.

Клупа... гледајте да имате резерва за секоја позиција. Речиси да нема сигурни стартери на играва, поготово кај тимовите што играат и Европски натпреварувања.
Разликата помеѓу некаква и никаква измена е само 0.5 (ахх тие 0.5 :()

Во зависност од активноста на трансфер маркетот на играта, цените на играчите се менуваат. Така да ако некој не е во форма или повреден/суспендиран на подолго неговата цена ќе паѓа. Во тој случај доколку имате слободни трансфер гледајте заменето го играчот со некој од најкупуваните на маркетот за да не изгубите пари.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.794
Поени од реакции
15.819
Не ја зачував табелата од ланскта Кајгана лига, инаку според неа ќе направевме неколку драфт лиги.
Само најјактивните да играа, пошто вака ќе се приклучат некои колку тим да направат и до крај не менуваат ништо.


Ај нека излезе па ќе видиме што како.
Мада јас ќе бев посреќен ако ја активираа повторно ултимејт или предиктор да направеа... драфтот не ми е многу интересен.
Како ќе знаеше кои се активни, а кои не? :) Табелата не мора ништо да значи за тоа кој колку е активен.

Драфтот нека се прае или викенд или покасно навечер низ работна денови..
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.003
Поени од реакции
57.043
Како ќе знаеше кои се активни, а кои не? :) Табелата не мора ништо да значи за тоа кој колку е активен.

Драфтот нека се прае или викенд или покасно навечер низ работна денови..
Доволно кажува...
Во лига со 150 играчи тешко во топ50 со едно логирање.
Барем 2 логирања месечно си бара играва, ако не пред секое коло.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.794
Поени од реакции
15.819
Доволно кажува...
Во лига со 150 играчи тешко во топ50 со едно логирање.
Барем 2 логирања месечно си бара играва, ако не пред секое коло.
Секојдневно се логирав/изменував и тн. мислам и дека не бев топ 50.
Тоа ако не те сака среќата или ако не ја разбираш играта како мене не значи дека не си активен.:))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom